Кај нас ако не те прелажат нема каде. Се научија и на фејсбук веќе, сите нарачуваат кинески и ги препродаваат по смешна цена. Само белата од четките погоре е 28$. Се изнервирав зошто продаваат фејк што ги купиле за 500 ден. (ако не и помалце), а ги продаваат над 1000ка, во случајов и 2000 Што е најтрагично има и такви што купуваат.
Луѓе како ве лажат.... Жената не препродава MAC козметика туку копии од Алиекспрес што не вредат повеќе од 5$.
Убави се, ги користам веќе неколку месеци. За 2000 денари ми дојдоа 12 четки по цена од 166 денари. Со 100 денари поефтини од „Аура“ четки. Така што, не се жалам. Разликата е што ги платив парите наеднаш, па некако сумата дојде висока. А ако си пресметаш колку пари имаш дадено за фалшиви четки, заминало 2000 денари.
Дали некоја во брзо време го има земено сунѓерчето за шминкање од ебелин? Јас го имав купено уште кога искочија и презадоволна бев,само што веќе почна да ми се распаѓа и сакав да го сменам,па купив пак исто ама ова е катастрофа прво има почуден облик,погломазно е,а кога земав да го измијам едвај го стискав за да ја исцедам водата ужасно е...пробав да нанесам пудра со него и го оставив одма,ептен е тврдо и грубо..стварно се разочарав,старово сунѓерче е преубаво и премеко,супер си ја врши работата... Се мислам сега за аура ама мислам тука читав дека не го бивало.. дајте предлог кое да го земам?