Ти се допаѓа? Истата ја имам, ама секогаш кога нанесувам руж како да не фаќа ништо на четката. Имам една од авон таа ми е поубава ,зашто и се помеки влакната.
@hiphopgirl Значи ич да не ја земам штом така. А таа од Авон што пари е и дали ја има во овој каталог?
Еј ич незнам ,мојата е стара повеќе од 2 години, а мислаам дека беше околу 250 денари,со меки влакна.
@hiphopgirl @YoungandBeautiful и ден денес се каам зашто ги купив купив две такви на есенс една за мене една за сестра ми за да не се џапаме и не е хигиенски од иста четка иако сме сестри ама не ми се допаѓа ич. Криво ми е зашто сум дала 500 денари Имам едно добро пигментирано руменило и ставам на образиве катастрофа буквално ништо ко да немав ставено ,ептен сум се нервирала.. Требаше за тие пари да си земам четка на Аура или Голден Роуз барем ќе ми се погодеше... Така да не сум задоволна Еве ја четката,мене ме привлече изгледот..
Ја има ли новата четка на Golden Rose за руменило во нивните продавници? Другите нови четки се пристигнати ама оваа не ја забележав.
Јас имам нарачано од алиекспрес, сет од 25 четки, на сите има паѓаат влакната, воопшто не се квалитетни. Што не мора да значи дека тебе нема да ти се погодат. Сепак имаш голем избор на фирми и нивни производи.
Да не знае некој колку се движат цените на бенефит .Ми ги донесоа како подарок од Германија па незгодно ми е да прашам колку чинат.Инаку многу се добри..
Benefit се сметаат како high end козметика и имаат малку повисоки цени. https://www.benefitcosmetics.com/us/en/search/results?query=brush
Па скапи се, јас имам користено нивни производи ги набавувам од Сефора во Грција, ја имам коростено пудрата за лице, porefessional прајмерот , маскарата и тушот за очи theyre real , сјај за усни , руменило... искрено од сите производи што сум ги користела ми се имаат допаднато само прајмерот и руменилото , вака се многу привлечни опаковките интересни морам да признаам инаку цените се движат од 20 евра нагоре зависи на што
Имаш линк, не знам колку го виде, во мојот пост со цени на четките. Те сфатив, сепак темава за четки е
Да и тие имаат висока цена , јас прашував пред месец дена за една четка за обликување на веѓи 25 евра чини без попуст
@delevingne Aura Blending Brush според мене е најдобра од тие што може да се најдат кај нас ,јас ја имам со меки влакна е и исто така повеќето феминки се задоволни од неа
Кај нас поефтини и лесно достапни имаш на голден розе сега нови се потенка и подебела, тенката беше околу 150 денари. Исто имаш на аура четка за блендање 165 мислам дека беше од дм, ама мене ми е преголема за блендање па ја користам за друго. Имаш и орифлејм четка за блендање солидна, само малце погруби се влакната.
@koritsaki Јас ја видов на страницата на Golden Rose и таму има слика и под сликата пишува blusher brush. Скроз црна е, и рачката и влакната на четката. Не знам дали мислиме на истата, на страницата за оваа на сликата пишува new.
Да таа ја имам. Супер е јас сум презадоволна ја имам веќе 2 месеци и ја мијам постојано нема ни влакно паднато