Вакви сунѓерчиња имам видено во поголемите маркети како Веро, Рамстор.. A сигурно има и по парфимериите
Не не, не се нанесува со кружни движења со втората четка, туку како да со боцкање (не ми текнува збор) - барем јас така ја користам и не ја воденам. Како да ја втиснуваш пудрата, не ја мачкаш, туку правиш точки точки... Јас користам таква од Сигма и многу ми е убава. Разликата е тоа што дава поприроден изглед (иако треба малку подолго време за нанесување), а онаа обичната четка за течна пудра дава поголема покривност. Еве видеа http://www.youtube.com/watch?v=_8QCAlPS ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=3aoXfB4cVlE
Ете, на првото видео ја нанесува со кружни движења А инаку да, може и со Тапкање. Спојлер ете го зборот
Сунгерчиња за нанесување на пудра можеш да најдеш во Џамбо 59 денари се а во паковката имаш две, имаш и во маркетот на Веро и во парфимериите.
^ Како првата има во повеќето парфимерии. На Артдеко е околу 600-700 денари, има и на Гош малку поефтина (не знам точно колку е). Како втората не сум видела кај нас.
Има како втората од Artdeco ама ич не е квалитетна. Кај и да е,ќе почнат да носат такви четки кај нас.
^ Зошто неквалитетна? Мојата (модел како првата) си се држи одлично веќе една година со редовно перење, и супер ми е за нанесување. И останатите четки на Артдеко се одлични колку што знам - оние за руменило и сенки. Што се случило со оваа? Ти се расклати, не е добра за нанесување или што?
Не е добра за нанесување на течна пудра ама добра е за прав. Влакната не се квалитетни за добро да ја нанеси течната пудра(која остава како линии на лицето) како што е од MAC ..Иначе ваква добра четка од марка нема шанси да се расклати, т.е. има шанси ама ти се во мал процент. А иначе првата четка не ја спомнав во мојот претходен пост. Сметав дека членката пред мене добро објасна па не се потрудив да објаснам. Јас имам две такви една од Gosh а другата од некоја друга фирма(ќе проверам кога ќе сум дома) и засега двете добро се покажале иако Гош четката повеќе ми го прави лицето како да е природно.
Јас ваква имам за сенка - Gosh И ваква за руменило И двете се супер, меки и природни. Нанесувањето сенка е многу поубаво со четка за разлика од апликатор.
living и јас ја земав на Артдеко по твоја препорака,преубава е и приметив пудрата подолго трае отколку кога ја нанесуваш со прсти.Кои други четки ги имаш ти?
Мило ми е што си задоволна Други четки имам од http://www.sigmabeauty.com/ ми ги донесоа од странство, и одлични се сите. На Гош деновиве треба да ми стигне fan четката Мала е, не е како стандардните вакви четки, ама ефтина ми се виде па си ја нарачав. Ќе пишам како ќе сум задоволна. Инаку на Гош се претежно добри четките, тие се наоѓаат кај нас освен Артдеко. И комплетчето од 3 четки на Аура е супер, внатре имаш две за очи и една за руменило, сите од природни влакна.
Да НЕ ЗНАЕТЕ ДАЛИ им во џамбо од тие четките за шминка шо беа по 59-59 денари ?? Да се заоблени горе ??
Јас купив две од гош (закосената и малата за очи и усни) и една за секаква намена, навистина е практична, од јуник. Презадоволна сум.
Па вчера имаше, меѓутоа за сенка за очи не е заоблена, а за пудра искрено не загледав. Ваква е за очи .