Па јас сум задоволна. Не трае нешто многу долго, ама си ја врши работата задоволително. Имам пишано и претходно мислам за ова, прво го купив розевото и кога веќе не го биваше, си земав ново - виолетово. Изненадувачки, не беа исти, виолетовиот беше многу потежок за работа. Не знам шо беше работата, но, еве моја препорака е да го земеш розевиот
@Ekatarina95 Овие четки се најнезгодни за нанесување течна пудра. Едноставно не е возможно да ја нанесеш пудрата низ цело лице со ваква рамна сплесната четка. Ќе треба со неа само да ја нанесеш а со прсти да ја размачкаш пудрата. Ти треба четка со меки кратки влакна, рамно пресечена, и ти ја препорачувам четката на Golden rose. 5 месеци ја користам и имам позитивно искуство со неа.
@YoungandBeautiful виолетовото од Ебелин многу меко и кога ќе но намокриш станува огромно. Слаба покривност дава на пудрата. Розевото е многу подобро. И не би ти препорачала тоа од Аура да го земеш, многу е тврдо и заоблено на врвот, па тешко достапно е за околу очи, на пример.
Ја купив оваа четка од импала пред некој ден, предобра е. 220 или 230 денари, не памтам точно. Ептен лесно се нанесува пудрата и не остава линии, ја препорачувам. Ја земав од импала продавницата на битпазар
Zdravo devojki Kade ima dobri cetki kaj nas? Osven Aura..i dali ima nekoja online prodavnica sto vrsi dostava kaj nas? fala odnapred
Првата нарачка е бесплатен шипингот, а после е доста висок. А четки на Импала има во повеќето продавницо на ГР
Со што ги лепите четките кога ќе ви се одвојат (дршката од металното, ме разбравте што сакам да кажам)? Пробав со супер лепак но не држи, се мислев да пробам со такво пиштолче што топи пластика. Некоја феминка да не има чаре?