Мислиш на силиконско пиштолче? Мене еднаш така ми се случи со една четка и успеав да ги залепам со силиконското пиштолче и добро држи не се расклатува. Со мешавина од маслиново масло и течен сапун
има ли некој зимано од aliexpress четки,да сподели искуство? https://www.aliexpress.com/store/pr...-brush-set-Maquiagem/1387094_32777478725.html
Јас имам исти само со црна дршка и не ми ги испратија сите четки различни туку некои се повторуваа.. Океј се ништо посебно,фалат многу четки пр за блендање, сенчање.. Побарај, види, за тие пари ќе најдеш подобри
Да ми препорачате добро сунѓерче (нешто како beautyblender)? Освен тоа на ebelin? Да не биде тврдо ко камен па да шамарам луѓе со него
Сега добив на поклон едно евтино the balm пишува на паковањето предобро е премеко расте поголемо со вода, не ми се верува дека е околу 150 ден. Пробај го обавезно многу е добро јас не планирам да го сменам. Се надевам дека нема брзо да ми се распадне.
Од oriflame сунгерчињата се предобри и најчесто се 89 ден. Спојлер http://rosee96.blogspot.mk/2014/10/oriflame-and-h-beauty-sponge-review.html?m=1
Од ова сеуште имам залихи од времето кога купував на големо за недај боже да не ми го повлечат од продажба. Инаку цената му ја имаја кренато и до 300 ден. @Fatalnata Би требало по помали парфимерии да го има.
Хахах и јас исто препредобри се . Леле до 300 Cе свестија значи дека вредат повеќе од 100 ден ама па ги прецениле.
Ваков производ немаат theBalm, а и цените нивни не се баш евтинки. Најверојатно е некоја кинеска работа што си ја крстиле само така
Некоја што има користено четка од essence ? Било која четка , ме интересира дали паѓаат влакната ? Дали се добри?
Јас такво слично имам од mac мислам(лажно) и многу тврдо ми се виде. Ми стои така. Околу 80ден го зедов на битпазар. Инаку сакав да прашам од помалите сунѓерчиња нешто да препорачате, Гр се прецениле 400 денари се а три се внатре. @lovemme јас имам четка од Есенц, една за блендање,не им паѓаат влакната туку мене ми се скрши дршката кај што ги држи влакненцата и тие пропаднаа во неа. Квалитет за џабе пари.
Не им паѓаат влакната, четките се доста квалитетни. Јас ги собрав шарените и покрај тоа што се слатки, ептен се travel-size (што секако ми одговара), имаат фини влакненца, нежни се и убаво блендаат, а и лесно се чистат. Не останува пудра, руменило, бронзер и сл. иако имаат бели врвови. Имам и некои за нанесување сенки, ми се допаѓаат а купени се по стотина денари парче. Живо џабе за такви добри четки. Не ми се допаѓа само тоа што влакненцата се виолетови, па кога ги мијам тече виолетова вода. Малку ми е creepy тоа. Со оние за шминкање лице не е така, тие си се во ред. На кои помали сунѓерчиња мислиш? Некои како за нансување коректор? Ако да, имаше такви во ДМ од Ебелин. Беа 3 во пакување, во облик на јајце се и многу се слатки. Само не се сеќавам колку ги купив, можеби @Rose96 памти, мислам дека и таа ги има.
Да на тие мислам. Такви за коректор мали во облик на јајце. Ептен ми се потребни. Фала ќе проверам кога ќе се вратам Ск.