Обично се тврди и никакви, јас тоа на Авон не го користам само дека е тврдо, ама ова дека е евтино кинеско ме изненади што расте и плус премеко е. Инаку мали имаш од ebelin околу 170 ден и одлични се.
Ти благодарам на брзиот одговор. Вчера сум закиснала во кокосово масло ненамерно четки и сега пола од нив се распаднаа ги фрлив. Од golden rose дан знаеш дали се добри . Да си купам утре и од едните и од другите
Од Голден Роуз имам една за бронзер или течна пудра (ја користам и за двете намени ) и супер ми е, само ме нервира тоа што конкретно кај оваа, влакната се ептен синтетика, ко свилени. Оние за шминкање и новите за контурирање ги немам пробано, ама затоа на Импала четките за сенки им нема рамен според мене. Купив секакви, многу се евтини.
Барав на импала четки во Охрид и Струга не најдов иначе одамна ги имам на листа за купување. Фала ти многу
Кажувај кога ти е роденден, да праќаме од Скопје. Нема на што, па ако купиш некоја од Голден Роуз - сподели впечатоци.
Хахах во септември имам ќе си пукнам дотогаш ако не дојдам до Скопје во меѓувреме , а иначе може да правиме муабет ако доаѓате на одмор навака На голден роус имам една предобра е за нанесување течна пудра и блендирање коректори за контур . Многу се меки влакната Спојлер
@lovemme, овие ги меркам и јас. Многу ми се допаѓа дизајнот, ама не сум сигурна колку ќе бидам спретна со ваква четка. Да ми дотрае оваа што ја имам сега, би купила некоја, барем оваа за течна пудра.
Јас имам од новите четки на Голден Роуз и сум презадоволна особено од двостраната четка за сенка, таа за хајлајтер и овалната за течна пудра.
Сунѓерчињава за пудра-јајцевидниве порано беа по 1 евро а сеа машала 170тина денари едно станале. Во Америка буквално беа по еден долар пред 3 години. Што ти се вика маркетинг еј Земав две од Ебелин ептен ми ги фалеа дека се добри. Плус гледам дека и од другите марки не се нешто драстично поевтини. Како ги миете само, со вода или со нешто друго? И колку ви трае едно сунѓерче?
Јас го „мијам“ во микробранова. Го пуштам на 2 минути на најјако, потопено во раствор од вода и маслената купка со јојоба од Афродита. Така најдобро ми се чисти. Ми траат различно, кога како, ама најчесто ги менувам на 2-3 месеци, впрочем како и маскарата. Ми станува шубе, а и бидејќи имам долги нокти ги оштетувам така најчесто. Инаку во спротивно би траеле уште некое време, ама тоа е - без нокти не можам.
Предлог четка за руменило? Јас имав убава од природни влакна и многу практична од Ибеј ама при миење несакајки и ги откорнав влакната и ја фрлив. Ја имам таа на Есенс со црната со циклама влакненца(постара колекција е, а уште ми служи, влакно и нема паднато) што имено е за руменило ама некако не ми одговара за тоа па јас си ја користам за бронзер.Аура има таква четка и добра ли е? На Ибеј има многу избор ама не ми се чека месец ипол. Ваква беше мојата четка за руменило, малку закосена:
Вредат ли новиве четки на голден роуз дечки? Вака опаковката ептен фенси, ама не знам дали ми се дава 450 денари за големата четка за пудра и контурирање.