Кога имаше night sale во сити мол се на аура беше на 30% попуст така да доколку не ти е итно накај 15ти јули повторно имаат попусти мислам дека
@Rose96 знам дека имаш четка од Рт и бјути блендерот, сакам да нарачам но не ми се плаќа шипинг...има некоја страна за да не платам шипинг?
Иначе сакав да споделам најлесен и најевтин метод за миење на сунѓерчињата за нанесување на пудра. Од се што пробав ова ми успеа најдобро.
многу ми треба ваква четка, ја имам малава на аура и сум преезадоволна а големава не ја имам видено никаде.. имате видено негде ваква слична?(не сакам преку нет да нарачувам не ми се чека инаку ми се свиѓа на RT blush brush)
@soffce јас ја имам таа на Реал текникс , blush brush , ама не ми се допаѓа нешто мн. Во однос на квалитет, квалитетна е ама е пре голема , јас дури мислам за камена пудра да почнам да ја користам. Ја имам и оваа на Аура ама оваа ја користам за контурирање. Можеш да ја користиш и за руменило
во тоа во веро џамбо не е проблем ке одам ке ги проверам сите ДМ чим си задоволна, конкретно за руменило ја зимам и за контури/бронзер да изгледа нежно изгледот.Ја имам малата и сум презадоволна од квалитетот, имам и една за контури ко закривена што е на аура но не сум задоволна влакната ко слама ми се направија. Колку ја зема ти текнува?
Околу 250 денари , плус-минус не се сеќавам ама добра е навистина квалитетот е како на четкиве на РТ. Знам за која закосена четка збориш, ама не се влакната како таа што ја имам , баш напротив се меки и не паѓаат
Незнаев каде да го поставам прашањето па се надевам овде ке добијам најбрз одговор..Со што ги чистите четките, и на колку време..? Јас не ги користам многу во месецот дали еднаш или двапати но незнам како да ги одржувам
Јас ги чистам еднаш на две недели, али не ги користам секој ден. Во чаша ставам гел за туширање, регенератор, сретство за вадење шминка и вода и ги оставам да преноќат таму. Сабајлето ги мијам со топла вода и ако треба уште малце гел.
@blessed.an Нема потреба од стоење преку ноќ.. јас ги мијам така што во еден сад ставам маала капка маслиново масло и сјај за садови( најубаво ми ги мие) правам пена и со brushegg што си го нарачав од Али ги мијам една по една и на крај со топла вода ги измивам и ги оставам на пешкирче да се сушат . После си се како нови
Најдобро се чистат со млака вода и бебешки шампон. Прво ја ставаш четката под млаз млака вода, потоа на раката ставаш од шампонот и наизменично плакнеш и ја чистиш од дланката( или ракавица специјална за чистење четки) со кружни движења додека не почне да излегува чиста бела пена, потоа плакнеш со чиста вода и убаво ја цедиш, и ја ставаш на крпа во вертикална положба. При сето ова внимавај да не ги водениш дршките поточно каде се спојува дршката со металниот дел. Јас лично после перењето ставам мрежи специјални да ги држат влакната и да ја вратат четката во оригиналната положба, и така ги ставам на крпа, наредниот ден ги прскам со антисептик или 90% алкохол, ама не обилно само за дезинфекција. Ова го правам после секоја употреба, ама мене тоа ми е професија, оние за лична употреба ги чистам 1-2 месечно