Четка за руменило и пудра , види ги на Аура , таа за руменило со сигурност ја има , а другава се измачив барајќи ја и ништо на крај се откажав. Четкиве не се над 300 денари , а се многу квалитетни
@Kitty23 јас би ти ги препорачала четките на Гош. Таа за руменило особено е совршена, ја користам со години и квалитетот и е одличен. Не знам колку беше, можеби е меѓу 200-300 ден, ама вреди навистина. Ја користам и за контурирање, доволно е тенка и за тоа, а воедно и доволно fluffy за руменило. Беспрекорно го нанесува и блендира во исто време. Имам Гош четки и за сенки за очи, и од нив сум презадоволна. Како drugstore опција според мене тие се најквалитетни. Конкретно оваа ја имам за руменило: Купив пред некое време Аура за камена пудра и буквално ми се распадна после првото користење, пола влакна и паднаа и ја фрлив, така да не ти ги препорачувам. Можеби таа за руменило е подобра, ама после лошото искуство, не би ризикувала со нив.
Предлог четка за течна пудра што ја има во ДМ? Сакам да дава поголема покривност и да не е плосната, таква веќе имам.
За таа намена стиплинг четка, чинам Ebelin ја имаше. Солидна за таа намена. Не знам дали уште ја имаат. Не знам дали си користела сунѓерче (како бјути блендер) јас повеќе би ти го препорачала тоа отколку четка. Исто на ebelin.
Имам сунѓерче на Ебелин, али воопшто не ми се свиѓа. Многу е тврдо и пола пудра ми ја упива иако е намокрено. Ќе ја побарам четкава.
И мене порано ми беше тврдо. Ама пред некое време решив пак да пробам, па си земав 2. Знам дека бојата на сунѓерите не игра никаква улога ама мене лилјаковото ми е преубаво за разлика од другите. Може ми се чини, не знам. Не ми зима многу од пудрата.
Мене пак обратно....јас лилавото го мразам, премногу ми е тврдо, не впива мн пудра да ама пак премногу е тврдо за разлика од розевото кое ми беше прекрасно ама ми се уништи па морав да го купам лилавото
Четките за шминка од Џамбо арни се? Имам квалитетни за камена и за нанесување сенки, ми треба за хајлајтер, перодов користам и може ќе ми помине меракот, не би вложувала многу пари во таква четка. Четки на Gosh каде да барам? Ке ја тагнам @Sexybaby86 , доколку четките ти се од тука. Четките на Avon од природни влакна се?
Фала ти. И ова ми текна, освен онаа четка што е специјално наменета за хајлајтер, може да користам некоја друга, пример blending brush за нанесување сенки што е, и таа е некако fluffy?
@Rebecca_R можеш, и според мене дури и подобро се нанесува хајлајтер со таква четка. И јас користам четка за сенка, прилично големка, за блендирање и одлично си ја врши функцијата. Гледај само да не е тврда, што помека и што по fluffy, тоа подобро
И јас ја имам четкава на Golden Rose, добра е за блендање и завршетоци од сенки на очите - јас барем за тоа ја користам.
Девојки препорачајте ми четка за течна пудра. Само да не е стиплинг браш или онаа тенка како четка за темперна . Ја нанесувам со сунгерче на Аура, убаво е и убав ефект дава, но сакам да разгледам и некоја четка.
@oblace1 јас ја имам оваа четка дома , ја земав од Александар козметикс пред 4 години околу 550 денари , јас ја земав за една др. намена - таму ми ја нудеа како четка за бронзер , меѓутоа врска нема , четкава е одлична за течна пудра. И и нема ни влакненце паднато , а ги мијам секогаш на 2-3 дена четките. Ти ја препорачувам четката е првата на сликава. Еве и линк да прочиташ нешто повеќе http://makeupandmore.net/blog/cetke-za-sminkanje-blush/