Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Четки за шминка

Дискусија во 'Лице' започната од nena2010, 2 јануари 2011.

  1. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    72.644
    Пол:
    Женски
    Затоа реков да прашам пред да ги дадам парите. Гледав и од Mac, Sephora и некои други фирми, ама ми излегуваат многу поскапо ако земам цел комплет. Овие некако ми имаат најпристапна цена од 2400-3000 ден е цел овој комплет. Ти благодарам на брзиот одговор. :hug:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Поскапи се тие, овие се некоја средна цена по западни стандарди, а со многу добар квалитет. Земај ги и ич не се мисли, а и сунѓерчето од нив е мислам добра инвестиција. Кога ќе ги миеш, миј ги само со нежен шампон и ставај ги да се цедат со влакната надоле (како да пишуваше и на кутијата ова, ама не се сеќавам добро), така водата се слева и не навлегува во лепакот кај влакната, па се уште потрајни.

    Јас и со регенератор ги имам... третирано. 8-|

    Четката за пудра од кор колекшнс (тоа стапчето) може да ти остава линии, ама ќе се поминеш со бафер блаш и со камена пудра, џоа стакло ќе ти стане лицето.

    Па ќе се пофалиш како си задоволна, ја ептен ги испофалив. :D

    Иначе, дојдов за бјути блендер да читам, да го зимам на Аура, задоволни сте? А гледам во Анабела го имало на Рил техникс, во искушение ме ставате. Јас имам еден земен од Форевер 21 од Бг, ама му се гледа крајот веќе, а редовно го мијам, ама не е тоа-тоа, гадничок ми станува малце. :bug:
     
    На duffi, Rose96 и macka91 им се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    91.606
    Пол:
    Женски
    @Doozy јас не сум презадоволна од тоа на Аура, добро е ама премногу е цврсто. Имам такви две и едно од Орифлејм и тоа многу повеќе го користам. Велат дека на Гош е многу добро ама не сум го пробала.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден од Бит Пазар купив четка за нанесување на хајлајтер или правење на оние поситни контури околу носот и предобра е. Влакната се цврсти, намерно тегнев да видам дали ќе паѓаат ама не, супер е. А ја платив 80 ден. Имам неколку и од Аура, ништо подобри не се а повеќе од дупло сум ги плаќала. Многу голем избор на четки имаа по тезгите.
     
  5. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Земај јас сум презадоволна, 2 и пол години ги користам и сеуште се во одлична состојба влакно не им е паднато.
    Каде е оваа пондуда?
     
    На Doozy и macka91 им се допаѓа ова.
  6. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    72.644
    Пол:
    Женски
    Ќе ве послушам дефинитвно ќе ги земам . Иначе во Дубаи е понудава
     
    На Rose96 и Doozy им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.947
    Допаѓања:
    81.258
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам јас за да и' одговорам на @Doozy. Јас го купив бјути блендерот од RT.
    Поточно го нарачав на Black Friday и ми стаса дури сега.
    Ми се допаѓа, многу е меко и лесно се достигнуваат дури и оние малку проблематични делови од лицето и пудрата изгледа ептен убаво и рамномерно.

    Не ми се допаѓа што доста ми впива пудра, не ми се допаѓа начинот на одржување - силиконскиот го мијам веднаш и пак ми е спремен за употреба, а кај ова многу ме нервираат флеките и опседната сум со неговото чистење.

    Други замерки немам, но навистина не сум фан на бјути блендери. Четката ми останува број еден алатка за нанесување пудра, па по неа силиконското сунгерче најмногу поради практичноста.
    За со него (силиконското) пак ќе кажам - најбитно е само постојано да тапкате и никако да не влечете по лицето за да не изгледа лицето како намалтерисано.
     
    На Flower27, macka91, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    А колку го зема силиконското и од каде? ]:)

    И мене флеките ме нервираат, ептен нехигиенски ми изгледа и цело време ги мијам, а пустото, убаво ми легнува пудрата на лицето со него. :doh:
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.947
    Допаѓања:
    81.258
    Пол:
    Женски
    Исто и мене ама одржувањето навистина ми е полошо од четка. Четката барем може да се исчисти со влажно марамче колку толку, ама ова нема шанси, си бара солидно миење.

    Инаку силиконското сунгерче ми е земено од овој селер, за 0.86$.
    Нарачав преку мобилен, мислам дека затоа испадна толку евтино, имаше некој дил со нарачките преку мобилен тогаш.
    Изгледа му тргнала продажбата па го накачил. :rofl:
    Можат да се најдат од 0.60$ па нагоре.
     
    На macka91 и Doozy им се допаѓа ова.
  10. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.129
    Пол:
    Женски
    Може слика ? :)
     
  11. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    IMG_20180111_194332.jpg IMG_20180105_132636.jpg
     
    На Alisa22 и marta993 им се допаѓа ова.
  12. Bubce_

    Bubce_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас ги има користено четките не Голден Роуз и како сте задоволни?
     
  13. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Јас имам три, за пудра, руменило/контур и сенки.
    Ги користам цела година скоро, премеки се влакната и едно нема паднато :)
     
  14. Kjara15

    Kjara15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2017
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    710
    Пол:
    Женски
    Dali silikonskoto sungerce na ebeline go topite pred sminkanje? Kako se koristi nekoj da pojasni isto kako obicnite? :)
     
  15. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Предлог за добра четка за блендирање на сенката до 200-300 денари?
     
  16. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.641
    Допаѓања:
    45.006
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам таа на Аура, 200 и нешто денари е, и баш ми се допаѓа. :)
    @Kjara15 Не се мокри, само си ставаш пудра на сунѓерчето и нанесуваш со тапкање. Потоа го миеш и тоа е тоа :)
     
  17. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.269
    Обичните сунѓери се топат со вода за да не ја впијат целата пудра и за да се постигне рамномерен изглед.

    Силиконските сунѓерчиња не се топат во вода бидејќи не можат да впијат течност. Тие се користат така што се тапка на определено место наместо да се развлекува како со четките.
    Pros - штедиш на пудра.
    Cons - потешко контролираш колку пудра ќе нанесеш бидејќи обичното сунѓерче го впива вишокот.

    Еве видео како се користи:
     
  18. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    29.043
    Пол:
    Женски
    Wet n wild има добри четки ,провери рецензии на нет, или пак некој кој што ги користи може да ти одговори :) цената им е од 150-200 ден :)
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bubce_

    Bubce_ Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Ги има четките на Wet n wild кај нас?
     
  20. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    29.043
    Пол:
    Женски
    Ги има. Оние белите со розеви детали. :)