Ако смеам да се умешам, ги има но не во секој ДМ. Јас ги барав во Сити Мол и таму немаа, додека во СП во Ѓорче мислам има. За другите не би знаела.
Девојки предлог за добар бјути блендер? Може да е и од онлајн продавница, не е важно само да се покаже добар. Бтв оној од ебелин ич не ми се допадна, сега користев од h&m но вејќе му е време за во канта.
Јас имам прашање во врска со розевиот beauty blender на Ебелин. После секоја употреба го мијам и го оставам да се исуши, но приметив дека и наредниот ден не е целосно сув, уште е мокар.Не знам дали е до мене, има друг слично искуство? Скоро го купив и немам користено друг beauty blender и затоа немам многу искуство. Вака лош впечаток ми остава тоа што бавно се суши, многу ми е нехигиенски некако....секое мислење е добредојдено
И јас го имам истиот проблем со тој бјути блендер. А и доста е тврд, па најверојатно затоа. Мене не ми се допаѓа воопшто. Друг не сум користела за да споредам, но верувам дека тие што се помеки, посунѓерести побрзо се сушат.
Тоа се случува со сите сунѓерчиња, потешко се сушат особено сега дека е поладно. Најбитно е да не го затвораш на места каде што нема да може слободно да се суши (пр. несесер), затоа што може да ти фати мувла.