Јас сум задоволна од четките од АлиЕкспрес што ги зедов за блендање. Многу убаво ја блендаат сенката, не впиваат многу сенка ( каде што со некои имав таков проблем ). За паѓање на влакненцата ќе пишам понатака. Исто така сум задоволна од помошната гума за миење четки, особено кога ги мијам сунѓерчињата. Сунѓерчињата не сум ги пробала.
Предлог четка за течна пудра? Сакам голема покривност и да не биде плосната, имам таква и не ми се допаѓа. И цена отприлика ако знаете.
@Elence93 прочитај овде http://www.negapresvega.com/index.php/2014/11/18/uporedna-recenzija-real-techniques_18/- истава четкс ја имам , Blush 32 е името , ја има во Александар козметикс , ја имам веќе 5 години и нема паднато ни влакно , цената беше околу 500 ден.
Сум читала пофални зборови за четките на голден роуз, ама јас немам користено. Исто така и impala имаат добри четки. Ја имам оваа четка на аура, ептен сум задоволна од квалитетот. http://www.aura.co.rs/rs/cetke/117-duo-cetka-za-nanosenje-senke-duo-shader-brush Инаку зедов и една четка од Џамбо, ја планирав за хајлатер т.е. за проба. Евтина беше, горе- долу 70 денари, па си реков ништо страшно и да не чини, ама се покажа како ептен добра. За тие пари е супер - не пушта влакна, не "краде" сенка и така. Е сега, четката е малку поширока, не е баш тесна како што бараш ти, повеќе е како blending brush ама со пократки влакна.
Не, хајлајтер нанесувам со прст, пробав неколку четки и ефектот не беше баш најсјаен. Дефинитивно со мекиот дел од четвртиот прст хајлајтерот се нанесува најдобро, рамномерно и изгледа природно.
Јас немам добро искуство со вака четка , повеќе е за маска нанесување. Течн пудра најдобро со бјути блендер (сунѓерче) нанесувам
Ги има сите од стандардната колекција, ама не се исплатат воопшто зашто имај предвид дека една четка во просек ти е околу 700 денари. Онаа за течна пудра беше 860 мкд, што според мене е малоумно. Четката не е толку скапа на iherb. На Интернет можат да се најдат до 1000ка за цел сет.