Четките кои ги користам за суви, прашкасти производи, ги мијам еднаш месечно. Четка за течна пудра, коректор... после секое користење (ако ме мрзи баш да ги бањам, со мицеларна вода и туферчиња убаво ги чистам). Бјути блендерот го оставам на отворено, го покривам со обична палома да не му паѓа директно прашина. Го користам тој на Gosh и мене ми е одличен, сакам да го пробам и тој на RT. Едит - и јас имам такво силиконско од Али
Јас користам сунѓерче за пудрата на Алверде, со прсти не се размачкува убаво, а за Картис ХД немам потреба, со прсти си ја размачкувам и таман е. Инаку користам сунѓер од Орифлејм, вакво. Спојлер Го имам и тоа од Аура, ама сеуште не го користам, го купив на попуст "да се најде". Инаку почнав со користење пред некој месец, можеби дека и времето е влажно и студено па се суши ептен споро. Го мијам доста често, еднаш неделно а пудра ставам најмногу 2-3 пати неделно. Сега за сега е океј. Првин го мијам со Хип, а потоа го парам (го пикам) со зовриена вода. Силиконските сунѓери ми изгледаат како доста непрактични, практично како со прсти да ја нанесувам пудрата па затоа не купив. Течна пудра со четка никогаш немам ставано.
Јас секако сум ставала, ама најнеубаво ми е со прсти, а најубаво со блендер. И мене ме нервира што не е баш најхигиенска алатка, ама најубаво ми изгледа лицево со блендер...
Топлината на прстите ми ја загрева пудрата и мене ми се топи на порите, без разлика дали имам прајмер или не. Силиконското перниче не ми ја топи пудрата така и ептен ми се допаѓа ефектот, ниту впива пудра, ниту остава траги или непокриени делови. Најлесно се одржува, па супер е засега. Четка без сомнеж ми е фаворит, ама не долга тенка како за кречење, туку некоја buffing brush. Каква било, само да не е мека и да има многу густи влакна. Бјути блендерите не се за мене. Не ја сфатив фамата која се крена по нив и едноставно не ми лежат. И малку сум фрик кога се однесува на чистење алатки за шминкање па со оглед на нивната непрактичност, ги заобиколувам во ептен широк лак. Предност давам на четка секогаш.
Можеш да предложиш некоја, бар сликичка нешто? Јас имам пробано со таква округла, чудно ми беше, ваљда премека дека. А силиконско немам пробано се' уште.
Немам пробано да ставам Катрис со блендер, наредно ставање ке пробам и ке кажам импресии. На тема хигиена, парење на блендерот ми е прифатливо, иако не е идеално. Силиконското е најхигиенска опција и дефинитивно ке порачам од али, и онака се 1-2 $. Мене Катрис не ми се топи од прстите, а сум ја носела и преку лето, позитивно сум изненадена од нејзиното "однесување" на кожа.
Од RT барај ја face expert. Сега си ги проверив кутиите, сум ги измешала имињата. Face expert (кратки, густи влакна) е за мене дури и поубава од класичната buffing brush, вторава е прецизна и густа ама помека. Како и да е, терминот под кој можеш да ги гуглаш е тој. Имам и една омилена од Али, многу густа косо сечена. Во моментов ја користам и неа и без разлика што сетот беше некои си 5$, четката е прекрасна. Гледам селерот го тргнал линкот, доста време помина откако ги купив четкиве, од 2015 ми се. Цел сет беа од 20-тина четки за некоја мала сума. Прекрасни, сите до една. Најголемата најлево е онаа за пудра која ја фалам. Спојлер
Јас имам доста четки од Али, оваа бр. 6 неколку пати ја имам нарачано, одлична е Сакам да го нарачам овој сет од MUR пошто е со попуст, ама не знам дали се добри нивниве четки, немам користено.
Имам користено четка за пудра од MUR, ја нема на сликава мислам од некоја друга колекција е. Не беше лоша, немав некои замерки ама единечните четки им се скапи кај нас, барем таа за пудра беше околу 1000 денари - за мене тоа е прескапо. На Интернет беше поевтина, а мене не се сеќавам од каде ми е купена, сум заборавила.
Овие од Алиекспрес ми се едни од најдобрите и најкористени четки за течна пудра. Особено тие густите равно сечени, секогаш кога сакам голема покривност нив ги користам.
Имате купувано четки на Сигма? Со години ја следам Stephanie Lange и доста ги фали, девојката ми е најок јутуб влогер за шминка. Се мислам дали да купам некоја. Не се екстремно скапи, се мислев за таа Е25, 12 долари мислам е. Значи не е некоја ужасно прескапа цена.
До сега што имам најдено низ Европа прескапи се за жал. Дали некоја ги имате користено на Инглот четките?
Денес пробав да ставам Катрис ХД со сунѓерче ама ефектот воопшто не ми се допадна. Единствена опција е мека четка со густи влакна. Предлози? Освен овие од Али, има некоја добра а веднаш достапна? Аура? Голден Роуз? Ебелин четките ми изгледаат добри, ама не се баш евтини, искуства?
Јас ја имам број 5 и многу сум задоволна. И сите други четки што ги нарачав за сенчање се одлични, не мора да е марка за да се квалитетни. Инаку имам и подлога за миење нарачано и многу ми се погоди.
Искрено мене ни една за очи не ми е погодена од Али. До сега со пари што дадов на Али ќе купев една асална crease плус уште некоја на Сигма Тие за лице се топ.