Ги оставив на една салфетка и на печка после Инаку ги ставив во алкохол малку и после пак со не многу топла вода ги измив и сега се сушат
Ништо не си пропуштила, на видеото Мишел не ги става во акохол, тоа го видов јас од друга шминкерка, инаку користам алкохол раствор 7% може и послаб, во него да остојат и после да малку ги плакнам.
Четкиве од Авон едните се во златен несесер другите се во ќесе ... Ги бива ? Вака фини ми се гледаат има за очи за руменило и за усни ... Ги има во овој каталог за 559 и 599
Мој совет зошто да даваш 600 денари, поубаво земиси четки за шминкање од Џамбо. Јас ги земав сите овие 4 четки за 300 и некој денар. Повеќе од пола година ги имам и за тие пари сум многу задоволна. Се извинувам за лошиот квалитет на сликата дека е сликана од мобилен. Првавата од лево е за туш втората е за блендање на сенките третата е за сенки и четвртата е закосена четка за руменило (истата оваа четка во каталогот е 300 денари, а јас ја земав мислам дека беше 115 ден., а останите четки ги земав по 59 денари секоја) Четките се меки убави само таа за блендање кога ја миев првиот пат ми се измитари ама после веќе не. Ти си знаеш најубаво ова беше само мој совет.
^ И јас сега брзо земав од Џамбо, две двострани во едно пакување. Цената им беше смешна, мислам дека беа 119 ден. па си реков - и да не чинат, не губам многу. Ама еве последниве неколку дена ги употребувам за нанесување течна и камена пудра и сум пријатно изненадена. Знаат да пуштат по некое влакненце, ама ништо страшно. Инаку, редовно ги чистам четките. Се ежам од помислата на бактерии, па после секоја употреба ги мијам и дезинфицирам. Не можам да замислам да ги употребувам повеќе пати, а да не ги исчистам. Јас дури и мобилниот и маусот од компјутерот редовно ги чистам со алкохол.
За блендање или сенчање сеедно ја имам оваа четка на Есенс и толку сум презадволна од неа, како добро сенча немам зборови, а сенка околу очи како се става ма перфекција, гледам и тука ја донеле и чини само 90 денари , а јас во Хрватска ја платив 160 денари и тоа стреснав одма две кога ги начекав, добро се потрошив, бидејќи мислев нема кај нас нема да ја донесат, а да почекав и земев во мк ќе си поминев многу поевтино, но тоа е памет за друг пат. како изгледа одблиску четката. Спојлер
Ако ја нема во Јуник тогаш оди во Еликсир или ако те води пат накај Аеродром во РИ-МА парфимерија одма е до ОНЕ таму сигурно ја има, пред некој ден купував во Јуник баш ја здогледав ја имаше, во Еликсир и РИ-МА слабо се троши кога и да влезам ја имаат.
^Истата оваа многу време ја барав, едвај ја најдов, ама веднаш паѓаа влакна Инаку си ја врши работата до перфекција, задоволна сум. Ама не знам до кога ќе ја користам ако вака паѓаат влакна.
Mислиш на Есенс четката? мојата доста квалитетна се покажа ни влакно не и фали а секоја недела ја мијам и ништо не и е.
Девојки,каде има вакви слични,или приближно исти четки низ Скопјево? Да не барам насекаде,може некој да ми каже ако имал,или видел? И што цена? Итно ми требаат ! Останав без четки,оние од џамбо што ги земав,како грива од коњ се,како слама..нз како да опишам во најлошо светло !! Ужас.се митареа ненормално многу кога ги користев,уште па кога ги миев.. Хелп
Па четки имаш во секоја парфимерија, па дури и низ маркети.... Зависи колку пари ти се даваат и колку квалитет сакаш
Си ја купив денеска четкава за туш од есесн.Многу е добра,ја пробав одлична е.Сега уште таа за сенчање да ја најдам
Во Голден Роуз видов четки за шминкање, од 70 па до 500 денари, има секакви. Не знам со каков квалитет се затоа што не се разбирам многу , ама вака ми се видоа убави особено тие за руменило. Има и апликатори, сунѓерчиња... се и сешто.
Ги имам тие од аура, и ок ми се, таа за руменило не ми се допаѓа. Имам две од Gosh, и уште три од Elizabeth Arden. И оваа: Мислам дека се толку...
Пред некој ден ми стигна четкава за течна пудра од орифлеим. Ја има во тековниов каталог на попуст е 200 денари. Супер е само треба да се испраксирам со четкава побрзо да ја нанесувам пудрата, малку ми е чудно дека се со сунѓерче ставав пудраа.
Јас веќе со години ја имам оваа од Oriflame, за руменило и сум презадоволно. Едно влакно не пуштила значи: А, другите четки, за сенки, за камена пудра, за сенчање и нанесување на туш сите ги фрлив вчера, пошто веќе две години ги користев и сега морам да си најдам некои убавки, се мислам за четките на Аура, сите ми ги фалат.
Јас пред некој ден си купив комплет 3 четки од Аура спакувани во несесер и добри се, а исто има и во супер тинекс мислам одделно да се купи по една четка
Јас вакви си купив од Зелен пазар, од тезгите, мноооогу сум задоволна од четките(малку таа за руменилото, не е баш нај нај, но имам од oriflame), можам да ги сликам за да ги видиш, 110ден ги земав. Еве слика (има и во сиво црна комбинација)