На смешка купив некаков бјутиблендер од Џамбо за неверојатни 99 денари. Денес го пробав и поубаво сунѓерче не сум имала во животов. Дури не ми се верува дека го пишувам ова. Мек е, не е како гума и не ми ја впива пудрата како сунѓерчето од Real Techniques. Убаво изгледа пудрата, ама кога сфатив дека флеките нема шанси да се исчистат само со триење, ми текна зошто ги избегнувам ваквите алатки. Маста ќе треба да му ја извадам од вртење во микро со онаа маслената купка Афродита, уште тоа ми фали. Инаку без разлика, тие што сакате бјутиблендери - моја препорака за ова сунѓерче, мене ми се допаѓа.
За флеките само сапунот од Palmolive од маслинка и ништо друго верувај дека подобро нешто за чистење на сунѓерчиња нема.
Го имам, баш ќе пробам па ќе кажам дали испаднало добро. Инаку со шампон, гел за лице или течен сапун само си навлегуваат подлабоко сите флеки. Најефикасно ми се покажало ова со вртење во микро, додека е потопено во раствор со таа маслена купка Афродита. Ама премногу е, дури смешно ми е со целата таа процедура. Ќе пробам со сапунов. Ако вади флеки супер. И онака цело лето сум само со коректор под очи, нема многу за тапкање, таман дури да ми пројде меракот по бјути блендерите.
@Mishela Те чекав да пишеш, да знам дали да го купувам. А да си прашам, смешно и глупо можеби е, ама дали мириса ? Едно од али порачав, толку јако ми мирисаше, и си стои за украс не можам да го користам.
Мириса малку, ама далеку помалку од тие на Алиекспрес. И јас имам нарачувано од Али, а и сум купувала од Битпазар некои апла Кинески, па си мирисаа на тој специфичен мирис кој не се губеше баш по едно миење. Ги вртев во микро со Афродита, се опоравија така. Овој скроз малку мириса, се изгуби мирисот сосема откако го исправ со течен сапун.
Добра четка за контури до кај 300 денари освен на Аура? Не знам зашто ама никоја не ми бленда ништо иако немам комплицирано лице
Четките на Гош и Аура ми се покажаа супер, ги користам со години. А и можеш да си ги купиш баш тие што ти се потребни. Често во сетовите има некои четки кои не ги користиме, на пример таа плоснатата за течна пудра.