Фала ви на одговорите женски, јас не ни мислев на оригиналниот бјути блендер, прескап ми е, а и по споделениве искуства нема шанси Ќе го нарачам тој на RT, или ќе го купам тој на Гош ако итно ми притреба @CameliaMiller, тука можеш да го купиш блендерот на RT онлајн и излегува скоро дупло поевтин.
Кликни на „тука“ на мојот претходен пост Или еве: https://www.iherb.com/c/real-techniques-by-sam-and-nic.
Истото мислење го делам за оригиналниот Beauty blender. Ај што пушта боја, ај што нема жива сила што ќе го исчисти, туку и прескап е за тоа што е. RT ми е многу подобар, и поевтин и полесен за чистење и помек.
Немам порачувано, но како што гледам зависи од тежината на производите. На пример ако го нарачаш пакувањето со два РТ блендери е 3.43 евра, ако додадеш повеќе работи и се зголемува тежината - се зголемува и шипингот. И кога ќе размислиш, пак не иде толку евтино кога ќе го додадеш шипингов. Даваат iHerb бесплатен шипинг некогаш? Или барем над одредена сума?
Имаат ми се чини 5% попуст за new customers, плус има одредени saver items на сајтот, кај кои шипингот е помал. 5 долари е шипинг преку обична пошта, што мене ми е ок реално. Мислам дека колку повеќе производи, толку помал е, ама бесплатен не е @Oxymoron @CameliaMiller
Сега гледав, има као 4 ипол долари шипинг тој што е за 1 недела да ти стигнат, и има и фри шипинг ама од 15 јануари - 15 февруари стига Не се исплаќа фри шипингот во овој случај
Ги најдов сунѓерчињава со бесплатен шипинг на lookfantastic, само се 95 центи поскапи https://www.lookfantastic.com/real-techniques-miracle-complexion-sponge/11405789.html https://www.lookfantastic.com/real-techniques-2-pack-miracle-complexion-sponge/11106004.html https://www.lookfantastic.com/real-techniques-4-miracle-complexion-sponges/11332577.html Ако нарачуваме сет од 4 во паковање, 21 евро испаѓа, значи некаде 5,25 по парче, што е супер
Браво бе @CameliaMiller , тоа се бара Не знаев дека и на Lookfantastic ги има. Супер, отсега од тука ќе си ги нарачувам
Еј абе јас не знаев дека LookFantastic имаат бесплатен шипинг, ете кај ќе се чепка следно Фала @CameliaMiller Кога сме веќе тука, @koritsaki каде ги има Real Techniques во Солун? И со цени да не знаеш како стојат? Изгледа ќе одам во сабота.
RT со сигурност ги нема во Сефора во Грција јас РТ најчесто порачувам од овде https://cherrybox.gr/real-techniques и од овде https://www.glam4u.gr/el/catalogsearch/result/?q=Real Techniques , со сигурност знам дека се оригинал од тука и ми стигнуваат за 2-3 дена во мојот град. Овие од првиот линк гледам дека во Солун се наоѓаат па ако си знаинтересирана можам да ти пратам адреса , па да ги побараш а цените ги има на страната.
Видов кај една блогерка дека по миењето, на четките им става маска за коса , и пробав на моите. Премеки се.
Малку касно, но да се убацам на муабетот за сунѓерчињата од Real Techniques. Го порачав сетот со 4 сунѓерчиња кој чини 17,99$. Прочепкав на нет и најдов код за 10% попуст на првата нарачка. Го укуцав и го одбрав најевтиниот начин на испорака, не ми е битно што порачката ќе стигне тек во февруари. Значи, платив само 17,43$ или 936 денари, така што испаѓа дека едно сунѓерче чини 234 денари - што е дупло поевтино од сунѓерчето во ДМ кое моментално е на акција. Кодот е NEW10 и важи само за оние кои прават прва нарачка. Се надевам дека ќе ви биде од корист.
Се извинувам ако има посебна тема за бјути блендер, Аура или Ебелин е подобар? Гледам на Аура е намален во дм, па да се искористи
Не знам за тој на Аура, но го имам на Ебелин и воопшто не ми се допаѓа. Премногу е тврд и треба да се мавам по лице за да изблендам. Џабе фрлени пари, подобро од алиекспрес да купев за долар.
Според мене на ебелин ама зелениот по боја тој на аура многу брзо ми испука, а мекоста тука е негде кај двата.