Софче извини , гледам сега дури дека ме имаш прашано за четки , да ти кажам можно е некои помали парфимерии (што не ги знам) да ги продаваат , но не би купувала јас така бидејќ може да продаваат некои и фејк. Јас ги порачувам од страниве glam4u.gr и cherrybox.gr тука со сигурност се оригинал , за вториве гледам дека се наоѓаат во Солун , само не сум сигурна дали постојат како продавница или се само e-shop
Овој сет на Алиекспрес се наоѓа и за 3 долари, а овде гледам 645 денари е . Отвори на Али имаш да си бираш какви сакаш до 600 денари.
Јас имам сличен, па ако не и ист сет од 20 четки од АлиЕкспрес. Четките се преубави, многу се меки, и навистина квалитетни. Година дена ги имам, мака немаат. Еве го линкчето: https://www.aliexpress.com/item/Hot...102.html?spm=a2g0s.9042311.0.0.27424c4dDVLsX9
Предлог сунгерче за пудра, четка имам, некад и со прсти нанесувам но да пробам и со сунгерче. Од кое сте задоволни, сеа да не е олеле цена ко за сунгер хаха. И слика ако може
Да ми препорачате некоја добра четка за пудра? Ама без нарачување. Се мислам на Ебелин да пробам. Или да барам во Голден Роуз Ја има некој пробано оваа на Ебелин? Убаво ми изгледа.
Четкиве во парфимерија беа 900 денари,а овде се 480 денари. Дали некој ги има да сподели искуство какви се?
Да разликата не е мала ,кога ќе видам по парфимерии продаваат истите работи дупло поскапо или на фејсбук . Јас си купив од таму исто четки само копија на накед исто 260 денари а на фејсбук видов многу страници кој ги продаваат по 600 /700 . Затоа и никогаш не купувам од фејсбук или Инстаграм страници.
Јас би ви препорачала од Алиекспрес да си нарачате. Јас од таму си нарачав 6 за блендање и задоволна сум.
Здраво, дали некој знае некоја онлајн страна што врши достава во Мк која ги има Elf Cosmetics? Сакам да земам една четка од тој бренд прекрасна е ама никаде не можам да најдам достава до Мк
Јас ги користам четките на Real techniques за сенки , комплетов го имав порачано од iherb , тука се многу поевтини , а ги има и во Мк поточно во Космо тинекс и ДМ , но се многу поскапи. Ги имам веќе 5 години и ниедно влакно им нема паднато. Јас ги земав 18 евра Други четки од кои што сум задоволна се на Есенс , но немаат сетови туку одделно се продаваат. Сега има излезено во продажба едни нови , баш завчера ги гледав. Евтини се , околу 100 и нешто денари е една сигурно
@NarCis@ денес бев до ДМ па ми текна на тебе кога ги видов четките на Real Techniques. Дел од нив се донесени и во ДМ и од тоа што го видов...прескапи се. Јес да четките се доста квалитетни, ама малку повеќе се занеле со цената. Четката за пудра ја имаше и таму, 849 денари е. Јас ја нарачав за 500че од lookfantastic (8.45еу) , стаса за 10-12 дена. Цените на четките - боли глава. Core collection сетот е 1890 денари, другиот што е starter set за очи го немаше. Нa iherb 1 сет беше 18 или 20 долари, мене ми се од таму и искрено препорачувам тие што сакате да си ги имате четките да си ги нарачате од таму. На lookfantastic сетовите беа по околу 15-16 фунти, што пак се исплати, не се чека по цел месец дури да стасаат. Кај нас жив апажлук, а за тие 2 илјадарки реално можат да се набават двата сета и да си имате супер-четки за цел живот.