ваквите четки се добри можиш да најдиш во добро снабдена парфимерија но би ти препорачала бјути блендер четката можи да ти остава линии
Пред недела дена си купив бјути блендер во џамбо бидејќи беше фален но за мене е многу тврд и едвај работам со него. Имам и од Гош, тој ми беше добар ама сепак најдобар ми бил од Ебелин светло синиот ама сега не го гледам веќе во дм. Ако сте го виделе кажете ми
Пробај да го користиш воден т.е. убо исцетен доста од блендерите влажни омекнуваат. Бидејќи сум од Битола во дм го гледав само розевиот доста од производите што ги има во Скопје тука во Битола ги нема.
Predlog za cetki za nanesuvanje pudra? Isto i da mi kazete kako gi cistite? Jas imam od rumenilo sto nanesuvam ama veke se mienje a jas ne sum sigurna kako..
Погоре имам напишано за четка за пудра. А ги чистам со течен сапун и млака вода често ги оставам добро да накиснат во водата и сапунот и потоа само ги исплакнувам.
Предлог за некоја помала,попрецизна блендинг четка? Имам на аура и вет анд вајлд ама сакам некока по прецизна
Отвори ги на гугл сите четки се на посебна слика,разгледај. Јас тогаш ги земав од Импала во битпазар спроти полициската станица. Исто сега ми текна, имам четки и на essence кои со години ги користам и вредат за парите.
И јас морам да ги пофалам четките на essence , многу години ги имам речиси сите и ги перам секој месец , ниту едно влакно не им паѓа
Дали да си порачам сет четки од Zaful гледам имаат или од Beautybay?Од зафул се 10 долари,а од beautybay 25 фунти. Можеби има разлика во квалитетот
Да ми предложите некоја четка за ставање хајлајтер? Имам некои од АлиЕкспрес или од некоја кинеска продавница, не знам дали е до четките или до мојот хајлајтер ама некако многу слабо ми свети на лицето. Овој го користам на Wet n Wild. Па да ми предложите или четка или хајлајтер?
Јас го имам овој хајлајтер а четка користам на аура таа за блендање сенки што е. И супер искача на лице.
@xxx-ba јас ја имам таа по горе што ја поставила @Hellobeautiful на Голден роуз. Потврдувам одлична е!
од ДМ имам земено aura,wet'n'wild и ebelin четки, сите се океј , но некогаш имам чувство дека сум дала премногу пари за тоа..