Да ти кажам од искуство Мислев четка е четка, ама откако ги имам овие на Сигма... не е баш Ако конкретно мала и прецизна четка бараш, препрепрезадоволна сум од Сигма Е33 а и Сигма Е42. Првата ја користам за блендирање во самиот "crease" а втората за надворешната третина од капакот, каде што сакам најтемна боја најпрецизно да нанесам. Следно Зоева ќе купам неколку за споредба, малку се поефтини од Сигма а се ептен фалени Нанесувам со четка пудра ама секогаш дотапкувам со сунѓерче (за мене е најдобро тоа на RT). Четка секоја кабуки ќе ти заврши работа, со години користам една од Али евро ипол платена
https://www.beautybay.com/p/sigma-beauty/e42-precision-firm-blender-brush/ https://www.beautybay.com/p/sigma-beauty/e33-detail-diffused-crease-brush/ Јас го купив цел блендинг сет, сите се одлични во него, 6 вкупно се https://www.beautybay.com/p/sigma-beauty/ultimate-blending-brush-set/
Земи си на real technique имаш во космо и дм Имам четки на bh cosmetics, morphe mac i sigma. Zoeva ги имам пробано лично не поседувам, за мене најдобри се Сигма. Меко е влакното можеш лесно да блендираш И јас се слагам дека RT подобро се чисти, меѓутоа beauty blenderot ми е подобар. Сапунот што е од beauty blenderot ги чисти многу убаво ама е скап.
Јас сум задоволна од четчињата на Есенц. Земав едно за блендање и ептен ми се бендиса, а сега земав за контур друго. Премеки се, нежни едноставно не се скапи. Видете може има во Мкд.
Јас прво пудра ставам на цело лице, а под очите баш минимално, а потоа ставам коректор. Колку помалку производ - толку помалку збирање Иначе користам мали сунѓерчиња на Фенти, или класика РТ сунѓерот.
За тоа најдобро ти е класично пуферче, оние што доаѓаат сосе пудрата, или ако си како мене сува, подобро користи некоја мека четка. Јас користам што ми дојде при рака
Имам секакви хаха.. Убави се на Aura, Wet’n’wild и завчера баш од H&M земав 5 четки за 2€ ,ама за сенки се тие. Имаше и поголеми ама беа малце поскапи, онака ги земав да видам што чудо се. Немам ги испробано уште.
Е сега вака. Јас никогаш не сум се нашминкала вака убаво се додека не ја купив четката на Аура. Претходно ставав дискретно сенка со оние сунгерестите, глупави четки што ги купуваме заедно со сенките. Ако јас, само со една посалам четка и неколку изгледани видеа на јутјуб, успеав од прв обид да се нашминкам вака, значи шминкерството не е ниту талент, ни вештина, туку самп ти треба квалитетен алат. Не за џабе се рекло "Без алата нема заната". Толку пари сум фрлала за шминкери, зоштооо? Со тие пари дп сегс ќе имав убави и квалитетни шминки и ќе се шминкав 200 пати подобро од тие шминкерите, кои прашање е дали ќе ти ја погодат шминката.
Апсолутно се согласувам со тебе Премногу пари давав на шминкери, а рееетко некој да ме нашминкаше по мој вкус. Затоа почнав да "учам" и да купувам шминки. И мислам дека направив добар избор И се согласувам за четките на Аура. Наизменично ги користам со тие на Сигма. Одличен квалитет имаат.
Еве и јас сега истото го планирам. Чекам само платата до петок да ми легне и се фрлам во потрага по четки и палети со сенки И замисли, успеав за прв пат да напрам smokey eyes, без притоа да изгледам како да ме истепал некој
Ако сакаш совет, за сенки за очи мислам дека не можеш скроз drugstore кај нас да начекаш добри. Препорака моја е како за почеток да инвестираш во брендови како Revolution или BH Cosmetics, дур се увериш дека стварно пред се' уживаш во тоа, а потоа ако ептен те бендиса новото хоби, можеш да инвестираш во поскапи работи. Јас погрешив што на почетокот купував се' што ми се чинеше доволно ефтино за купување, но кога ќе размислиш ако купам палета пр. 10 евра, а од неа не користам ни пола... не е баш исплатливо. Сега кога купувам сенки за очи drugstore, искрено не би купила Есенс, Мејбелин... имам купено и не, не се ни споредуваат со Револушн на пример. Но, сега штедам за конкретни производи, навистина што ги сакам и ако ги сакам и после неколку месеци, ги купувам. Така почнав да купувам high end шминка, бидејќи не ми се ризикува да купам без размислување, и да ми пропаднат парите.
Алал да ви е како се шминкате,јас појма немам да се нашминкам и немам талент и не ни можам да научам многу пати сум се трудела,милион јутуб видеа изгледав не знам.. ептен малку само
Да. Потврдувам оваа е многу добра. Јас имам две, едната ми е блендање, а другата за нанесување хајлајтер.