И со двете е добро, зависи колку имаш стекнато практика. Мене со оваа ми е попрактично и башка за т-зоната ми е топ.
Оваа е единствената што ја имам користено па не би можела да споредам со друга. Јас ја ставам колку за да има нешто кремасто на што да стојат преостанатите продукти. Покривност има колку што имаат сите BB креми веројатно, ти го изедначува тенот и прави природно да изгледаш како да имаш почиста кожа. А инаку многу е комотна и лесна за носење, па затоа мене ми е таман погодена, бидејќи не сакам да користам пудри. Во ДМ можеш да ја најдеш, а и од локални дрогерии сум ја купувала. Веројатно можеш да најдеш поубави BB креми, ама јас се држам до оваа бидејќи се плашам да не ми се расипе лицето од други.
Влагодара на советот. Револушн каде можам да ги најдам? И дали ги имаш пробано сенките на Аура, оти нив ги меркав?
За сенките на Аура ќе ја тагнам @marama јас лично ги немам пробано. Револушн во продавниците/штандовите на Голден Роуз, иако немаат некој избор. Исто на revolutionbeauty, а и на beautybay можеш.
Препорачајте средство за чистење на четките за пудра... Ги чистам со Сапун бекутан и едно како гумено што е за триење на четките од него, но не се скроз чисти останува сеуште пудра измеѓу влакната .
Јас (непрепорачливо) користам алкохол за дезинфекција на раце, па после маска за коса им ставам... Или сјај за садови, доста добро вади.
Знам дека има како спреј еден за дезинфекција, дали има кај нас такво нешто ? Ќе пробам ова со алкохол
Јас ги мијам со бекутан шампон. 4 5 пати ставам додека не излезе се од пудра. Миј ги почесто 1/2 пати неделно за да не се собира мн пудра а и бактерии.
Да ви дадам предлог за чистење на четчињата да светнат. Малку течен детергент за алишта значи малку а пак ако би треба ќе додадете+ едно гумено за триење на четките од него може да си купите во DM кај што стојат четките турпиите и сл(100 денари е) 1.Намокрете ја четката 2. Допрете со самиот врв со влакненцата на четката во детергентот и тријте на гуменкото. 3. Можете да ги измиете многу побрзо и сунѓерчињата со овој детергент а многу малку количина е потребно. 4. Четките се меки и мирисаат ПРЕУБАВО.
Со Palmolive сапунче се чистат многу убаво. Или четките за пудра и блендерите кога не може да се исчистат убаво ги чистам со мешавина од маслиново масло и шампон/течен сапун/сјај. @Macito007
Пробај млака вода, течен сапун и малку маслиново масло... само од овој начин сум презадоволна. Ако случајно претераш со маслиновото и мислиш дека се малку мрсни, пробај пак само со течен сапун и вода. Вака се ем исчистени, ем меки... со тек на време ќе го совладаш дозирањето и соодносот сапун/масло.
https://www.sminka.mk/make-up/accessories/make-up-brush/foundation-brush Мислам дека е поефтина во продавниците...