Девојки со каква четка нанесувате сенка во делот кај долните трепки? Немам претстава каква да барам, а таа што ја користам за ставање сенка на горниот капак некако ми е дебела
Јас прво ја нанесувам со коса четка за eyeliner или веѓи, потоа ја блендам со smudge brush. Ги користам конкретно тие на сликите подолу, косата четка на Real techniques, а smudge brush исто на Real techniques или на Impala.
Каде да најдам евтини четки, само не од али оти не ми се чека толку. Конкретно ми треба една рамна за течна пудра, сунѓерче, за блендање и за бронзер.
рамна имаш на импала многу убава, ги има кај полицијата на битка и во продавничката на зелено пазарче. Сунгерчето на аура е супер и розевото на вет н вилд исто така. За бронзер на аура, тоа имаш во дм
Има ли некој искуство со Zoeva, Bh Cosmetics, Sigma, Morphe? Гледам Sigma се водат како најквалитетни, ама моментално ми се скапи, Bh делуваат како најефтина варијанта, ама не знам дали се добри.
Сунгерчето или четката од Rt е поубаво за нанесување пудра? Ги немам користено, четка па воопшто. Читав добри коментари од вас за сунгерчето, па се мислам додека е намалено во ДМ. Или има некоја поевтина замена?
Четката е феноменална , и сунѓерчето е , не упива многу а бленда преубаво но не е преквалитетно, wetnwild е подобро
И двете , многу се квалитетни и вредат за цената. Само ако е многу сува матт пудра подобро е со четка според мене .
Како убаво да си ги измијам четките? Што користите за миење? Гледам на јутуб со сјај за садови ги мијат
Јас со шампон ги мијам за коса, па и регенератор им ставам 2-3 минути Иначе највеќе мие сјај за садови, сунѓерчињата ги мијам така, за четките жал ми е, Сигма се, да не ги уништам
Јас ставам гел за туширање и течен сапун во чаша со врела вода и ги оставам четките да отстојат некое време и после ги мијам со сапунот пак. Не сум имала проблем до сега.