Само немој во многу врела вода, да не попушти лепакот на влакната па да почнат да паѓаат. А, има и посебна течност за чистење на четки oд Ебелин , ако му се трошат на некој пари за тоа.
Негде по темиве прочитав дека некоја феминка ги мие четките со течен детергент за алишта. Пробав и супер се измија, влакната се меки, а и многу убаво мирисаат.
Купете си такви гумени за четки чистење, ептен се ефтини. Немојте металниот дел што ги држи влакната и четката да го мокрите многу, ќе се одлепи. На Сигма/Зоева не би требало, ама на сите поефтини што сум ги купила одма се одлепила рачката, малце вода да ја фати. Затоа се трудам само влакната да ги мијам, а нагоре колку можам да избегнам вода.
Јас ги мијам со палмолајв коцка сапун од маслинка но може со било каков од цврстите сапунчиња. Овој трик го видов кај @Rose96, и не сум сменила рутина. Многу убаво се чистат, поубаво отколку со течен сапун.
Јас ги мијам така што шампон за бебиња ќе ставам на страна, ги потопувам влакната од четката малце во сапун и потоа кружам со четката по дланка. Потоа само влакната ги мијам со вода.
И јас со сјај за садови ги мијам. Само влакната на четката ги натопувам со вода и сјај и правам кружни движења по дланката со четката и четката е чиста и мека. Имам евтини четки, нишо посебно ни марка, ни нешо не се и до сега ниедна се нема распаднато, а ги мијам доста често.
Во Мк има четки на essence? Само една за веѓи имам забележано во ДМ и сега таа огромната што им беше за бронзер.
Јас кога бев ги видов во Дм во Гтц, тогаш и рафтовите на Есенц беа наполнети. А овде ги има,како алва се продаваат дека се ефтини а квалитетни.
За жал нема, само таа за веѓи е и повремено ако има некоја од лимитирана колекција. Аура имаат квалитетни четки за пристојна цена. Да ги погледнеш и на ebelin.
Јас имам една голема за камена пудра и е ок, нема паднато влакно, лесно се мие, многу е мека... Е сега за мој вкус е многу голема а не можев тогаш да ја отворам, но тоа си е вкус.
Devojki za nanesuvanje tecna pudra kakov oblik na cetka bi bil najdobar? I dali so cetka ili mozebi blenderce ke ima poubav popriroden efekt?
За постигнување порироден ефект, влијание има количината на пудра и начинот на кој ќе ја нанесуваш. Дали ќе биде со четка или сунѓерче, мислам дека повеќе е прашање на личен вкус. Мене не ми се допаѓаат сунѓерчињата, па пудра си нанесувам со четка и тапкам убаво. Најчесто не ми се познава дека имам ставено пудра, а иако ставам многу мала количина пудра, лицето изгледа фино и покрај тоа. Мене лично најубави за нанесување пудра ми се погустите четки со пократки влакненца. Имаше многу убава рамна густа четка во ДМ на Ебелин, а одлична е и четката на Real Techniques - Expert face brush. Таа четка е убава и за течна пудра, пудра во прав, дури и руменило.