Сметам дека и бјути блендерот многу впива, таака да со него се добива баш оној сјајен а нежен поприроден ефект
Nejkam sjaen izgled, deka imam masna koza. Ama najverojatno ne igra uloga dali e so sungerce ili cetka. Valda toa e do prajmerot i kamena pudra. Iliii ima razlika?
Потврдувам. Со аглеста четка не можеш да правиш кружни движења и баш убаво да изблендаш, затоа подобро е со ваква. Не сум ја пробала конкретно оваа на Аура, но тие што ги имам ги користам со години и им нема паднато влакно.
И јас ја имам оваа и стварно е многу убава. Веќе 3 години сигурно ја користам, се уште ми е ко првиот ден. Нема ни едно влакно паднато.
Јас оваа за камена ја користам, ептен сум задоволна. Исто од аура имам четка за сенки, предобра е и таа.
Држачов го купив сега во Mumuso за 4 евра и баш сите четки ми ги собра,дури и простор ми остана. Имаше и друга форма ама таа нареден пат ќе ја земам.
Девојки, да ми препорачате замена за сунгерчето од РТ? Многу убаво ја нанесува пудрата, ама маана му е што за кратко време почна да се распаѓа. Истуркав неколку месеци, ама сакам да го сменам. Не ми се даваат пак 500 ден.
Мене ми беше прееетврдо и неспоредливо со РТ , така да верна сум на РТ единствено вреди за парите ! Сега гледам Аура имаат нови и читав биле доста меки но не сум сигурна .
Колку време/години обично користите една четка? На пример еве четка за нанесување руж. Почнаа да ми паѓаат влакна од неа веќе, па ме интересира дали времето и дошло за канта иако некако не е стара или можда е таман, само ја сум заборавила да ја сменам?
Имам четки постари и од 5 години. Немаат рок на траење само може лошо си ја испрала па почнале да и паѓаат влакната ако до сега не паѓале. Ако паѓале од старт тогаш е неквалитетна.
Јас имам од Елф четка која ја користам и за руменило и за бронзер и ми трае повеќе од 3 години, иста е како кога ја купив, само буквите се избришани. Така што зависи од квалитетот. Ако и се сменила формата или почнале да и паѓаат влакната тогаш треба да се смени.
Хах,10 години. Сега гледав да ги мењам тие што ги користам почесто бидејќи се стари и не се како што треба.