Дали некоја ги има користено четките на Mac и колку сте задоволни? Каква четка ми препорачувате за блендање contour stick? И каква за руменило?
Бидејќи место контури користам бронзер и незнам каква четка да купам имам едни дома ама воопшто не нанесуваат добро многу станува приметливо на одредени места.. прочитав дека на есенц и аура им се добри па незнам која да ја купам helppp
Од Аура оваа ја земав пред 2 години мислам има и топ ми е, мека е и одлично се нанесува бронзер, исто и јас не користам контури туку бронзер наместо нив и супер работа ми врши. Не ја гледај шо е ваква малце ја иам очупана ама цело време ја користам и не е скапа мислам 200-300ден максимум е.
Фалаа ти, ја видов ова прееска пишуваше дека е повеќенаменска инаку јас ја земав таа што е на врвот со бели влакненца, исто за контури/бронзер беше па да видиме како ќе се покаже
Незнам за овие конкретно, ама јас купив една од тие десно на сликата и не ми се допаѓа воопшто. Ептен се пластични влакната.
Ги гледав и тие, ама баш што викаш, многу пластично изгледаа. Овие другиве беа ептен на попуст, ама не знам дали вредат. Ќе почекам може некој ќе сподели искуство.
Јас ќе ти препорачам на Катрис ако има некои од limited edition да земеш, затоа што многу се убави,меки и нежни.
Каде ги чувате бјути блендерите? Моите се нарачани од Алиекспрес така што не дојдоа во кутија и не знам во што да ги ставам.
Јас го чував во садче ко за варено јајце, од тие со постолје. Затворено во шкафче кај што ми стои и другата козметика.
Има во Џамбо и Минисо кутивчиња за бјути блендер. Долниот дел е со дупчиња за да влегува воздух и да не мувлоса. А можеш да си нарачаш и од алиексрес.