Од 999 денари па нагоре. Ако пуштат достава од lookfantastic поисплатливо е од таму да се порачаат. Јас еднаш начекав попуст и ги земав за блендање четките по две што се за 9евра.
Имам јас,убави се вака меки нежни ама дршките ми се скршија т.е. ми пукнаа. Е сега сите се убави, конкретно нарачувам од Селер со највеќе рецензии, гледам и слики. Кој и да одбереш нема да згрешиш. Но, морам да потврдам дека тие од Real Techniques се подобри и поубави, во однос на употреба и квалитет.
Да , сетот беше околу 1900 денари , само не сум сигурна кои поточно четки ги имаше внатре , а да ,за лице беа. Една четка е околу 900 денари па така да мислам сет како сет се исплати доста.
Купив од космо реал техникс , катастрофа ! четката бр 200 и 300 после прво миење, штрчат влакненца, сунгерот е многу тврд( мене лично не ми се допадна). За тие пари очекував повеќе. Четки од wet n wild i BH cosmetics шо ги поседувам над 5 години се непроменети. 10 out of 10 would recommend
Не ти се погодиле. Јас моите за блендање на сенки ги нарачав од lookfantastic и сум презадоволна. Исто и од сунѓерчето,ептен е мекичко.
Во ДМ мислам дека имаше ваква четкичка од Ебелин. Ако не ја најдеш, побарај во Голден Роуз. Двострана е, вака изгледа:
Јас течно руменило нанесувам со четка за течна пудра , овие две ги имам , а можеш и со сунѓерче да тапкаш А за руменило , од Аура
Јас имам од Beyu, Real Techniques, Essence ама најдобри се покажале на Beyu и Essence. Првата не верувам дека ќе ја најдеш во Мкд ( таа е за бронзер, само пример ставам), ако има некој од странство да ви ги донесе нејзините четки. Ја имам две години и ниту едно влакно и нема паднато. Многу е мека,лесна, при самиот допир е нежна. Другите се од Есенц и таа ми се допаѓа особено таа за пудра во прав. Ептен вредат.