1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чиа семе

Дискусија во 'Диети' започната од Boshkoska2, 10 март 2014.

  1. Boshkoska2

    Boshkoska2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Забележав дека во неколку мислења е споменато ова семе, но не се дискутира наголемо за него и бидејќи има големи придобивки од него, сметав дека заслужува своја тема. :)

    Накратко кажано, Chia-та е цветно растение кое и припаѓа на фамилијата Lamiaceae (нане). Потекнува од јужниот дел на Мексико и Централна Америка, каде било важен дел во исхраната на Маите и Ацтеките. Помага во намалувањето на телесната тежина. Неговото консумирање пред јадење го намалува апетитот, го успорува варењето и како резултат на тоа, подолг период дава чувство на ситост. Исто така го намалува високиот притисок и помага во борбата со дијабетесот (го регулира нивото на шеќер во крвта). Богато е со протеини, јаглехидрати, масти и растителни влакна. Содржи 5 пати повеќе калциум од млекото, 3 пати повеќе железо од спанаќот, 3 пати повеќе антиоксиданси од боровинките и 2 пати повеќе калиум од бананите. Исто така ги содржи и омега 3 и омега 6 масните киселини. Со само две лажички чиа можете да внесете 18% калциум, 24% магнезиум и 50% манган од препорачаните дневни вредности.

    Според се што сум прочитала досега, семево ми изгледа како одличен додаток во исхраната и со намера сум да почнам да го користам. Имам слушнато дека го има и кај нас, но не сум сигурна каде точно може да се најде.
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    ^ Го има во големите маркети, од Виталиа е 322 денари (во тегличе е). И во продавниците за здрава храна го има на рефус. Го имам пробано, но мене ми е скапо ова семе, па затоа си земам мелено ленено семе. Во секој случај, чијата е одличен додаток во исхраната.
     
    На Sfera му/ѝ се допаѓа ова.
  3. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    најубавото нешто што го користам , ми се разубави кожата ноктите ми се цврсти , 1 год откако го користам не ме има фатено никаков вирус , и ослабена сум 5 кг без диета :D
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Има Чиа семе на Натура, јас го земав од Керфур за околу 90 денари, го користам во се и сешто, во смуди, во мусли, кога правам интегрален леб, во кифлички..
    Кажи го рецептов за слабеење? Како го користиш?
     
  5. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    секое сабалје една лажица чиа со јогурт, мн се намалува апетитот и тоа е тоа :)
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Моментално ви е на акција во Рамстор тоа на Натура, 62-65ден така нешто беше за 100гр. Јас го обожавам и скоро секаде го додавам а кога кризирам за благо од него си правам пудинг.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Ем здраво, ем вкусно :) Ние дома го користиме редовно веќе месец дена, јас го додавам наутро во овошно смути и забележувам дека енергијата преку ден ми е видно зголемена, едвај чекам да видам како ќе ми се одрази на кожата и ноктите (fingers)

    @slavica999, може рецепт за пудингот?
     
    Последна измена: 27 мај 2015
  8. Aquarius21

    Aquarius21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa
    јас си го правам чиа пудингот по оваа рецепта:
    500ml млеко
    2 лажици супени чиа семе
    1 лажица мала екстрат од ванила
    1 лажица мед а може и шеќер
    Во сад ги ставам млекото, медот, чиа семето и ванилата.
     
    На Eli23, anakonda88 и Nausicaa им се допаѓа ова.
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @Aquarius21, благодарам многу :d:Уште утре ќе го направам пудингот :)
     
    На Aquarius21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Aquarius21

    Aquarius21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa, сигурна сум дека многу ќе ти се допадне јас го обожавам :)
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Неколку дена го конзумирам чиа семето измешано со сончоглед лупен и ленено семе,наутро во чаша јогурт,забележувам промена во метаболзмот,пошто ми беше мравка бавен:Dво секој случај,само полезности би добиле со конзумција на чиа семето бидејќи е јак оксиданс и знаеме како би делувал.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Во чаша од 250-300мл ставам кокосово млеко или млеко од бадем и 3 лаж чиа семе. Промешам и ставам во фрижидер да набобри. Најдобро е од вечер да се направи и утре да се јаде така се ептен добро згусне. Понекогаш додавам и 1лаж мед или малтекс во млекото (може и со обично млеко). Одозгора посипувам со зависи што имам по дома, коцки темно чоколадо, јагоди, ореви, бадеми, лешници..
    За да добијам на брзина и време 1 мала шоља со бадеми ставам во блендер и чаша вода. Блендирам и додавам чиа семе и 1 лаж. какао. Ставам во фрижидер и утредента имам појадок за на работа. Ем здраво ем вкусно, јас ја обожавам чиата
     
    На irenna и Nausicaa им се допаѓа ова.
  13. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Јас три пати неделно, инаку од невнимание не се повеќе, јадам чиа, ленено семе, интегрален сусам, со брусница, аронија ,малку микс од мусли и јогурт. И дефинитивно ми се забрза метаболизмот.
     
  14. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    една лажица чиа и јогурт заменуваат еден оброк , и ве заситува и го намалува апетитот
     
  15. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.014
    Допаѓања:
    4.712
    Пол:
    Женски
    Јас измешав 50 г чиа семе,50 г сусам, 50 г златно ленено семе, 50г темно ленено семе, 50г семки од тиква и 100 г семки од сончоглед.Сите семиња ги мелам во машинка за мелење кафе и ги мешам во голема кутија.Секој ден додавам по една голема лажица во овесната кашасшто си ја правам за појадок, и чекам резултати. Одкако ги прочитав придовките од чиа семето размислувам да го појачам миксов за уште 50-100 г.
     
  16. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    13.403
    Офтопик, ама морам да те прашам со што го правиш смутито? Се мислам дали би можела да правам со оној рачен блендер што е?

    Многу ме интересира каков е вкусот на семево, зошто имам и јас гледано еднаш една девојка на јутуб правеше некој вид на пудинг од него ама ни на крај памет не ми текна дека кај нас би имало. И плус еднаш на Виталиа кога видов колку е скапа киноата се разочарав.
     
  17. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    На Натура е најефтино чиа семето.
    Слабо се прави со рачен блендер, посебно семиња.. А мојов е од 700W ама не бива..
     
  18. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    13.403
    Семињата и да останат не ми сметаат, барем дали ќе ми го смеле овошјето/зеленчукот и овесните снегулки? Иако завршува годинава учебна мислам дека ова ќе ми биде најдобра алтернатива за тостовите и сендвичите.

    Ќе побарам на Натура, фала.
     
  19. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Da, kje gi izblendira. :)
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @x.Daisy.x, јас го користам овој http://www.technomarket.com.mk/products/09138478/philips-hr-2100-50 и нема проблем со блендирање на овесни снегулки(претходно одстоени во вода) но чиата ја додавам во веќе направено смути, така ми е највкусно :)

    @slavica999, лиги ми потекоа додека го читав рецептот мммм :mm:
     
    Последна измена: 30 мај 2015
    На LaraSolare и x.Daisy.x им се допаѓа ова.