Девојки пред да го додадам во smoothie треба ли да го оставам да набабри во вода пример или директно да го ставам ? И по колку е добро да се стави во smoothie? Има ли семево ограничување во дневниот внес со оглед на тоа што се содржи? @kjukli и @Nausicaa вие сте пишале дека го ставате во smoothie можеби можете да ми одговорите на прашањава
И јас го ставам во смуди, без никаква претходна подготовка, колку сакам толку ставам. Гледам да нема повеќе од 2 лажички, да не се напраи каша. Според тоа на нет што најдов, нема ограничување во конзумација,
Да, и јас исто како Ели. Ставам околу 1 рамна лажица и во блендер. Мислам дека е поефикасно да се стави во вода или пр. сок од портокал да набабри, ама немам толку време да го чекам. Можеш и во житарки, во пецива, во јогурт.
Си направив чиа пред некој ден со млеко од кокос,и го оставив да набабри цел ден,кога го пробав ми се згади ,дали дека бев прејадена незнам ама гадно ми беше.Дајте совети како да го правам а да не ми е гадно,што да му додадам?
Хаха па и тоа му тρеба 2-3 часа да згусне.Јас со соκ и мед и снегулκи го јадам овесни. Дајте ρецепти повеќе за κонџумиρање.
Јас некогаш ставам лажица една во вода малку да набабри (пола час - час ) и после го додавам во смуди. Ставам 1-2 лажици во млеко навечер и следното утро додавам овес , банана една и некогаш нестле или какао ако сакам да е поблаго. Правам и чиа пудинг со поголема количина чиа семињата, нискомаслено млеко и какао. Го додавам во омлети, салати , лимонади ..
И после со се вода ли го додаваш во смуДито, можеш и од кога ќе е готово смуДито да го додадеш, за саат време ќе се растопи пак.
Јас вака си правам чиа пудинг: Во пластичен сад ставам 400 мл млеко. Додавам 4 големи лажици чиа семе, 2 големи лажици ленено семе, 2 големи лажици сусам и 3 големи лажици овесни снегулки. Го ставам во фрижидер да отстои преку ноќ (8-10-12 саати, зависи кога ќе ми текне навечер да го приготвам). Од целото ова, јадам 2 до 3 пати. Ова ми е омилениот појадок од повеќе причини. Причина бр. 1, комбинацијава е протеинска бомба. И чиа семето, и лененото семе, и сусамот и овесните снегулки се полни со протеини. На врв на тоа, лененото семе исто така има доста омега-3 како чиата, помага за топење на мастите и исфрлање на токсините, а сусамот е моќен антиоксиданс. Причина бр. 2, можеш да ја комбинираш со што сакаш. Понекогаш го јадам така, без додатоци, а доста често во комбинација со банана. Може да се додаде малку какао или цимет. Одлично иде со шумски овошја. Причина бр. 3, имам веќе приготвен појадок утрото, не морам да му ја мислам што ќе јадам или носам на работа, само претурам во помал сад и тоа е тоа. И да бидам искрена, доста заситува. Една забелешка за крај: секогаш ставајте 1 голема лажица чиа на 100 мл течност. Така се добива најубавата густина на пудингот.
Абе женски , некаде читав дека дневно е дозволена 1 лажица чиа , а гледам вие по четири ставате Мене ми е многу поубаво кога не отстојува туку ја ставам во житарици со јогурт, млеко и одма ја јадам. Ама и така изгледа не е правилно
Сакам да почнам да ставам чиа семе во смути на сабајле, али не знам како се користи. Некои рецепти и совети ако може? Избегнувам млеко и јогурт, така што пожелно е без тоа.
Епа ќе ти кажам како јас од прилика го користам. Правам смуди, или овесен оброк, како сакаш наречи го. Ставам четири лајци големи овес, една банана, рака друго овошје, лажица прашок од соино млеко од ванила, лажичка мелено ленено семе, лажичка чиа семе, лажичка кокосово масло и лажичка јаворов сируп. Ова е како најчесто го конзумирам чиа семето за старт на ден. И се ова блендирано, не споменав. Често го ставам во салата со марула и краставици, во комбинација со ленено семе многу вкусно ми е. Многу често го правам чиа пудингот, и тоа наједноставно што можи да се направи, зависно колку сакаш ама од прилика две лајци чиа семе прелиени со соино млеко од ванила, засладено со малку јаворов сируп или мед и го оставам да одстои неколку часа, или да ја одстои вечерта.
Да, јас секогаш го правам со вода. Иста доза ко со млеко, додавам и какао и мед, овошје, и оставам да отстои преку ноќ.