Чиа семињата и нивните полезни дејства

Discussion in 'Храна и пијалаци' started by StefChef, Oct 29, 2013.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Joined:
    Aug 11, 2012
    Messages:
    1,655
    Likes Received:
    493
    Многу од вас не слушнале за оваа семка но оваа семка е користена од пред 3500 год. п.н.е од Азтеците во Мексико како основен ресурс за енергија.Неговата употреба како за високо издржлив енергенс биле толку користени што на крај се користеле како еден вид на пари,зашто ова мало семче има многу хранливи и структирни вредности.Многу малку се знаае за нив,но семињата чиа имаат исто така и медицинска и хранлива вредност правејќи ги супер храна.


    Едно од најбитните квалитети на чиа семињата е екстремно добрата апсорбција на водата имајќи ја способноста да апсорбираат дури 12 пати од нивната тежина во вода.Нивната способност да задржуваат толку многу вода дава способност да го зголеми времето на хидратација.Со чиа семињата,ја задржувате влагата во организмот;регулирање за поефикасно апсорбирање на хранливите материи и телесните течности.Заради големата ефикасност од искористувањето на телесните течности,балансот на електролитите се задржува.Покрај тие предности,кога се накиснуваат 30 мин чиа семињата формираат цврст гел.Тој гел исто така се формира во стомакот кога се конзумира.Научниците веруваат дека тоа покажува дека на некој начин го забавува процесот на дигестивните ензими да го претворат скробот во глукоза,правејќи го полезно за дијабетичарите и за сите луѓе со проблеми со шеќерот во крвта.Тој процес на забавување на претварањето на јаглехидратите во глукоза креира способност за издржливост.Јаглехидратите се енергија за нашиот организам,нивното одложување во глукоза ги стабилизира метаболичките процеси,избегнувајќи ги јо-јо ефектите и инсулинскиот глад што го чувстувате кога конзумирате висок гликемичен јаглехидрати. Чиа семињата се околу 20% протеин.Тие се дигестираат и апсорбираат многу лесно.Со тоа се добива брз транспорт до клетките и негова апсорбција од клетките.Оваа ефикасна апсорбција ги прави Чиа семките многу ефективни кога се случуваат енормни промени во клектите особено во период на раст.Тоа исто вклучува и регенерација на мускулни влакна за кондиција,атлетизам,дигање терет и друго. Зборот чиа е добиен од Азтецкиот збор чиан,што значи маслен.Друг единствен квалитет на Чиа семето е големото количество на масти.Чиа семињата се еден од најдобрите извори на омега-3 масни киселини;Тие имаат повеќе омега 3 масни киселини од било кој друг растителен извор.Повеќе омега-3 имаат од лососот.Има 10 пати повеќе масло од повеќе зрна и 1 и пол до 2 пати повеќе концентрација на протеин од другите зрна.Тие масла,незаситени масни киселини,се есенцијални масла што твоето тело му требаат и се потребни за емуглирање и апсорбирање на витамини растворливи во масти:А,Д,Е и К. chiaseme

    Има милион начини како да се вклучи чиа семето во вашата исхрана.Чиа,како состојка е сон на секој што држи диета.Чиа семињата се популарни за губење маснотии.Тие го намалуваат желбата за јадење и со тоа го намалуваат вкупниот калориски внес.Оваа способност помага на секој што држи диета.Чиа семињата мора да се приготват со чиста вода пред користење.Тие помагаат на твојата диета со што те прават сит.Тоа е затоа што апсорбираат 12 пати повеќе од својата тежина во вода,формирајќи цврст гел што те прави сит побрзо.Чиа семињата се полни со антиоксиданси и можат да се држат подолг период,за разлика од лененото семе,со што ги прави добра состојка во готвењето,печењето или додавањето во омилениот пијалок.

    Како се користи чиа семето?

    Користете сирова чиа семе помешано со вода да ги замени јајцата во печените храни како торти или било кое слатко.Ставете 1 лажица од чиа семе во една чаша и додадете 3 лажици вода.Оставете ги состојќите да стојат така 15 минути.1/4 чаша од чиа хидрирани семки е рамно на 1 јајце.Со замената на чиа семиња,вие добивате врзувачките способности на јајцето но без холестеролот или ризикот од болестите на јајцето.

    Сировите чиа семиња исто така може да се додадат во вашиот омилен шејк да го згусне и да додаде кремаст вкус во пијалокот додека додаваат добар извор на бавно апсорбирачки протеин.Многу добри вести за атлетичарите е спосбноста да помогне да ги задржи електролитите,добро за маратонците и планинарите.

    Додајте ги во вашиот доручек од житарици,овесни снегулки,салати или супи
    Додајте ги во мафините,колачите или било кој рецепт за торта
    Додајте ги во тестото за палачинките пред да ги готвите.Тие се лесни за дигестирање подобри од ленененото семе и не треба да се мелат.Тоа се многу малку корисни работи за чиата и како да ги внесете во храната,но додавањето на нив е добро заради тоа што имаат многу мек вкус и нема да пречат на било кој рецепт.
     
  2. bubac

    bubac Популарен член

    Joined:
    Sep 19, 2013
    Messages:
    884
    Likes Received:
    1,868
    Gender:
    Female
    Чиа семињата и нејзините полезни дејства.

    го конзумирам, понекогаш кога си доручкувам житарици додавам едно кафени лажиче,
    или во лимонада додавам исто лажиче, лажиче и пол и се прави како желе, малку е грозничко, ама трпи невесто за убавина
     
    StefChef likes this.
  3. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2013
    Messages:
    2,652
    Likes Received:
    15,513
    Gender:
    Female
    Чиа семињата и нејзините полезни дејства.

    Јас ги користам во зелена салата,сега не,ама лето/пролет супер се. :)
    Инаку,се разочарав од баровите од Виталиа со чиа и кикирики.
    Одвратни се! :puke:
     
  4. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Joined:
    Sep 8, 2011
    Messages:
    2,834
    Likes Received:
    1,891
    Gender:
    Female
    Чиа семињата и нејзините полезни дејства.

    Мене пак баш ми се вкусни :)
     
  5. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Joined:
    Nov 19, 2014
    Messages:
    2,428
    Likes Received:
    9,688
    Gender:
    Female
    Немам пробано.
     
  6. Imini

    Imini Истакнат член

    Joined:
    Oct 31, 2012
    Messages:
    108
    Likes Received:
    27
    Прекрасно е, чиата во соино млеко да отстои преку ноќ и наутро имате вкусен појадок.
    Јас го комбинирам со овошје што и да имаме дома.
     
  7. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Joined:
    Mar 4, 2012
    Messages:
    4,609
    Likes Received:
    48,973
    Gender:
    Female
    Ми се допаѓа тоа што нема некој специфичен вкус тежок за привикнување како другите семиња.
    Го јадам со јогурт, а обожавам да го додавам во смуди од јагоди и банани.
     
    galapce likes this.
  8. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2015
    Messages:
    132
    Likes Received:
    563
    Gender:
    Female
    Колку чини и од каде го купувате?
     
  9. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Joined:
    Sep 30, 2010
    Messages:
    854
    Likes Received:
    1,053
    Чиа семето
    Чиата за да ги пушти омега-3 и сите други „бенефити“ требда распука, те.е да пости во течност и станува лигава и набабрува. Ако ги јадеш така зрнцата тврди само ќе поминат низ организмот и толку.
    Црвче го има сегде, во одделите за драва храна, тинекс, веро, виталија во пакувања го има и рефус во продавници за драва храна.
     
    Црвче likes this.
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Joined:
    Feb 17, 2011
    Messages:
    2,734
    Likes Received:
    5,526
    Gender:
    Female
    Јас го купувам од продавницата за здрава храна во Буњаковец, 900 ден е кг.
     
    Црвче likes this.
  11. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Joined:
    Mar 4, 2012
    Messages:
    4,609
    Likes Received:
    48,973
    Gender:
    Female
    Го има во Тинекс, мало паковање 70 денари. Доволно е за неколку оброци.
     
    Црвче and kjukli like this.
  12. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Joined:
    Jan 14, 2015
    Messages:
    1,227
    Likes Received:
    6,417
    Gender:
    Female
    не сум пробала ..
     
  13. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2013
    Messages:
    2,901
    Likes Received:
    7,709
    Gender:
    Female
    Темата е постара,ама ме интересира вашето искуство:D
     
  14. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2018
    Messages:
    4,279
    Likes Received:
    20,713
    Gender:
    Female
    Чиа семето го користам веќе подолго време, најдобро ми оди во комбинација со банана, млеко, ореви, лешници, некое суво овошје по желба и се’ ова во блендер. :)