1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чик литература

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 5 јануари 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.208
    Пол:
    Женски
    Читате книги од овој тип или сметате дека е без врска потрошено време?
    Јас сакам од време на време да си го пуштам мозочето на пасење со нешто лесно и хумористично, за подобрување на расположение...
    Меѓутоа од друга страна сега да ме прашате на ниеден лик не ми текнува... Како се читаат така се забораваат, не оставаат некаков впечаток, ниту пак те тераат да се замислиш.
    Последна од чик лит ја прочитав Го сакам Њујорк и иако е толку фалена, не беше баш хумористична или нешто посебно интересна.
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Ваквите лимонатки ми се guilty pleasure :$ :lol:
    Си ги купувам, не сум опседната како некои само со вакви книги, ама имам неколку и убави ми се, за опуштање, релаксација и смеа.
    Ми се допаѓа Шопингохоличарката и книгичките на Андреа Семпл - ги имам Фактор Бивши и Шминкерка, девојката има брилијантна смисла за хумор, типично британски. ;)
    Од срце ја препорачувам На крајот на виножитото од Сесилија Ахерн, тоа е многу повеќе од чик литература, книгата е преубава, има емоции, има содржина, доза здрав хумор, има се' што треба да поседува една женска книгичка.

    Од тие "детските" - Ангус, танги и бацување со стискање е нешто кое ме насмеало до солзи и филмот дури го симнав, ја обожувам Џорџи, главниот лик. :)
     
    На Ket.Rin, TeddyGrey, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Исто како шпанска серија да сум изгледала.
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.099
    Не читам,имам прочитано Купохоличарка(Шопингохоличарка) и Шминкерка,на времето Ангус,танги,бакнување со фаќање(бацување со стискање),па ниту тогаш не ме насмеа и расположи.Не знам зошто,ама не ми се допаѓаат.Ситуациите се крајно нереални и ... глупи!Нешто како да гледам сф филм ама барем е чесен,се знае дека е жанр сф,а не драма-комедија.(па дури и насловите им се различни,зависи кој шутрак ги преведувал!)
    Премногу се женски...премногу се губење време.Обично за таква намена ми се списанијата,па тук-таму има по некоја корисна информација.
    Има девојки кои сфаќаат дека немаат некоја особена суштина книгиве,ама си ги читаат од забава,еве како Виножитка,ама зад себе имаат квалитетно досие со книги,а познавам пар такви кои се воодушевуваат на ваквите книги и ги имаат ставено во омилени..тоа е трагично.
    Може не се лоши,може јас пребирам...не знам,ама не ги можам.Би ги купила као декор ако еден ден уредам дома у розе или виолетово,а тоа малце потешко.
     
    На mims-89, Theodora, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Реинбоу ми ја погоди темава. :) Јас баш сум во 'тие' години и баш ме интересираат вакви лимунади, сапуници или како и да е :D Се фалам божем имам прочитано стотина, имам прочитано една ама сепак ми се свиѓа стилот на кои се напишани. Ќе си купам уште некоја таква книгичка, онака за подобрување на расположението и онака не сум за тешки книги. Книжулињава се исклучително добри за тмурни и дождливи попладниња, да се стуткаш под ќебенце, да си читнеш, да се посмееш и да ти помине денот. Добри се за подигнување на расположението и да ти измамат насмевка на лицето. За сега имам прочитано книга од Џејн Грин, стилот на пишувањето и е океј па би можела да земам уште некоја книгичка од неа. Па, кога ќе ми биде досадно, да ја земам и да ми помине времето. Стварно, жената е квалитет. :)
     
    На white.kitten и VioletButterfly им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Има некои книги после чие читање не ми се фаќа нешто сериозно зашто целосно ме опседнале. Последна таква беше Се викам црвено, и дури не ја сварам убаво после читањето, не земам квалитетна литература. Тогаш се случува (ретко) да стапат на сцена вакви книжулиња, кои стриктно ги позајмувам (никако не би купила), и го релаксирам музокот во една или две вечери. Имам прочитано две - три досега. Една од Софи Кинсела (не се сеќавам на насловот - толку впечаток ми оставила), која барем здраво ме насмеа. Оваа литература ми асоцира на списание.

    Море едит. Имам прочитано повеќе од две-три. Кога работев во една книготека исчитав буквално се’ што имаше мирис на хартија. Ама ете - сум ги заборавила ваквите, па тоа кажува колку ги ценам. :$
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.208
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав Мојот Господин Совршен од Александра Потер и книгата ме изнасмеа... Александра Потер дефинитивно е една од поимагинативните авторки на чик лит :)
     
    На crazylady, N1ky, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Читам, одвреме-навреме. Чисто ако не сакам да си го замарам мозочето со тешки мисли и книги што те тераат на размислување. Посебно се расчитав во последниве 7-8 месеци, оти навистина ми треба нешто што ќе ме релаксира. А квалитетот е друга приказна. Навистина не ги паметам книгите што сум ги читала, ниту пак ликовите - тоа доволно зборува колку вредат. Но сепак се популарни на светско ниво. Веројатно затоа што најголем дел се напишани за широка читателска публика, без намера да едуцираат или да те научат нешто, лесно се читаат и сфаќаат и не те заморуваат, па поради тоа и најголем дел од луѓето одбираат токму вакви книги.
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Вакви книги читам исклчиво кога сум на одмор, кога се легачам на плажа и немам ништо попаметно. Ептен ми се колку за пополнување на време, ниту ме надградуваат , ниту ми збогатуваат фонд, а на некои приказните се веќе видени.
    Ангус, танги и бакнување со стискање е една од моите олтајм најглупави книги. Се осеќав како затупена тинејџерка додека ја читав. Од Софи Кинсела, и збирката книги Купохоличарка прочитав две книги, додека бев на аеродром и дремев, и другата додека се печев на плажа.
    Девојките од Ријад би ја сместила тука. Различна е само заради фактот што се сретнав со друга култура и ми беше интересно да ги читам обичаите и традициите на култура различна од нашата.
    Можеби има уште некоја така глупава книгичка што сум ја прочитала, ама сигурно не ја памтам , зашто е глупава. |(

    Сексот и Градот, поим немам дали може да се стави тука. :^) Ја добив уште во времето на серијата, и тоа на српски, зошто превод македонски немаше. И вечатокот кој ми го остави... |(


    И тоа би било тоа.
    Заклучок: Не ги сакам ваквите книги многу.
     
  10. VioletButterfly

    VioletButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Хмм, интересна тема... Јас ги сакам овие книги затоа што работата ми е сериозна и ајде да не речам монотона, па некако ме олабавуваат. Како гледање на романтична комедија ми доаѓа. АКО КНИГАТА МИ СЕ ПОГОДИ и ми направи мерак ја памтам како и секоја друга, ако е досадна нормално ја заборавам. Потер, не ми е нешто којзнае што, премногу ми е англиска некако. Џејн Грин гледам сте ја спомнале и стварно е добра. Има многу авторки што ги читам на англиски ама за жал кај нас не се преведени... Инаку, сега ја читам baby proof од Гифин, а пред неа и јас ја читав Го сакам Њујорк. Мене книгата ми направи кејф, имаше моменти каде доста слатко се смеев и баш сакам побрзо да излезе втората за да видам што се дешава натаму. :!: :)
     
  11. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ги читам после серија од неколку книги со потешка и посериозна тематика, за да ми го одморат мозокот и да прошарам малку. Жени и Љубовници би можела да ја сместам тука, Gossip girl, Зависна од мода, Исти очи... :)
     
  12. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Ретко читам од овој тип на книги. Најчесто ги читам на плажа - когај сакам да се одморам :) Интересни се и лесни за читање
     
  13. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Деновиве сум напната па купив книга од Софи Кинсела.Изгледа нова ќе и е,на српски ја зедов јас..."Божанствена кучаница" т.е на англиски Undomestic goddess... :)
    Интересна е за пуштање на мозокот на пасење,исто ко да гледам лимонада филм 8)
     
  14. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Ја паднав од Марс и незнам точно дали овие спаѓаат тука, ама мислам дека за тоа зборувате :wasntme:

    Оливија Џулс ( така се вика книгата не е автор ), ја читнав и интересна ми беше. Не е банална, има дејства, ама некако не е напната. На средина :|
    Gossip girl одамна ја читав, ама претхгодно гледав една епизода од серијата и немав своја претстава, ги замислував како во филмот.
    Која е таа девојка - мислам Мег Кебот се викаше авторторката. Интересна, релаксирачка, убава книга. :)
    Талент - Зое Дин - една од најубавите книги
    Па што ако имам еден килограм повеќе- ептен одамна ми е прочитена скоро ништо не се сеќавам
    Зависна од мода - ја почнав ама не ми се читаше, не бев со мислите во книгата.
    Девојките од Ријад - скоро ја почнав, ко Бандини ми личеше од почетокот, не по содржината, по традициите што ги имаат на таа таму свадбата... :bandit:
    Колачиња за појадок - монотона, ми фалеше некое дејство.. јадат, му помага на комшијата, оди на работа, се шетаат.. и то. :|

    Интересни ми се по начинот на кој се пишувани и размислувањата на главните ликови.. :)
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.208
    Пол:
    Женски
    Јас ја симнав од нет од Софи Кинсела, ја обожавам таа авторка, па кога ќе имам време ќе си ја читам.
    Која е таа девојка е од Александра Потер.
    Оливија Џулс и нејзината бујна фантазија е целосниот наслов на книгата, Пинк. Иако мене оваа не ми беше ништо посебно. :)
     
    На Kerim му/ѝ се допаѓа ова.
  16. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    мене ми се допагаат Маријана Киз,Мев Бинчи,Џејн Грин,Нора Робертс,Сандра Браун,Мег Кабот,Ева Хелер.Од Софи Кинсела имам читано само една-Дали се секаваш на мене,ич не ми се допадна.Исто не ми се допагаат на Сусан Елизабет Филипс
     
  17. Blondydevil

    Blondydevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
    Значи колку ми е погодена темава, браво :D :D Ја обожавам ваквата литература, најверојатно поради тоа што често се пронаогам во главните ликови :), посебно во приказната за Хедер Хамилтон во Внимавај што посакуваш од Александра Потер :inlove: Би ви ги препорачала и Жешки панталони и Лудо заљубена од Меги Олдерсон, Добри другарки, лоши шеми и градник на дување од Кети Хопкинс. :*
     
  18. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Јас сакам да читам чик литература,ме опушта,ме орасположува...посебно на лето читам вакви работи повеќе,а за пред спиенње се супер те релаксираат тамам ти го опуштаат мозокот.
    Цела колекција од Софи Кинсела ја имам,али Александра Потер ја преферирам-Која е таа девојка,Мојот Господин совршен,Пази што посакуваш-тие 3 ги имам читано и ми се СУПЕР!Нејзиниот стил ми е најдобар од оваа литература,најблиску ја осеќам-оригинална е ;)
     
  19. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Мене ова ми се глупости, секоја чест на оние кои ги читаат но јас моето слободно време не би го трошела на ова. Книгите за мене се нешто многу значајно и од нив очекувам пред се квалитет. Затоа секогаш ги одбегнувам помпезно најавуваните популарни книги возвишени со маркетиншки трикови, и попрво се одличувам за стара, и со повеќе позитивни критики оценета квалитетна книга.
    Она што јас очекувам од читањето е ново доживување, нови знаења, искуства повеќе и секако онаа мудрост и порака кои сака да ги пренесе писателот.
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Го сакам овој вид на книги...знае понекогаш да ме насмее!
     
    На crazylady и lola-86 им се допаѓа ова.