1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чик литература

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 5 јануари 2011.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Не, јас сум ти за некоја тешка литература :)
     
    На Bescheiden му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Обично, не преферирам ваква литература од причина што не ми потикнува никакво размислување, премногу е веќе познато( ни сама не сум сигурна што ми значи тоа) но сепак во оние моменти на доsада и дефицит на квалитетна литература, знам да посегнам и по вакви книгички... една од ретките што ми оставија впечаток е Однесувај се како дама, размислувај како маж многу ми се најдоа советите и мислам дека секоја девојка, т.е. жена треба да ја прочита :!: :)
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Имам пробано да влезам во овој свет, ама едноставно не е за мене...Претерано женски за една хаотично-машкуданизирана душа...
     
  4. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Иако не сум некој огромен обожавател на чик литература често ми се случува за време на одмор на плажа да читам ваква литература инаку омилена писателка од овај вид на литература ми е Александра Потер и имам прочитано доста нејзини книги :)
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да прашам...?

    Ја би да прашам, иако веројатно нема еден одговор на ова и без навреди, али како може некој онака доброволно да чита литература као Шопохоличарка, и Кендис Бушнел со Сексот и градот и слични глупости за големи маси?
    Разбирам прв пат некој да земе во рака таква книга па да си рече - уф одеднаш се осеќам полесна за неколку грама мозочна маса, и да прејде на нешто друго ама постојано?!

    За споредба, абе и Касандра ја изглеав ама нејќете да знаете колку ми падна коефициентот после :D :D

    Него ете така, си се прашувам и се чудам, р’кнете ми у уво ако сакате, јас сеуште не разбирам :D
     
    На QueenElena, Ognenija, n.a.t.t.y и 3 други им се допаѓа ова.
  6. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    ^Ќе пробам да ти одговорам, ама не можам, зашто и јас си го поставувам истото прашање веќе подолго време. Можеби од нив треба да го побараме одговорот, којзнае?
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Сакам да прашам...?

    Мое мислење е затоа што почнале да читаат, и мислат кујзнае што читаат,дека тоа е литература со вредност,а всушност тоа се само површни книги :wasntme:
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да прашам...?

    Тоа не се книги за да читаш и нешто да научиш од нив... Тоа се книги за тепање време. :)
    Иако многу поинтересно е да си симнеш таков филм и да си го изгледаш, да си исплакниш очи со убава облека, сепак немам ништо против девојките кои читаат такви книги.
    Јас еднаш пробав со купохоличарката, но се откажав после 20 страници.
    Веројатно се многу релаксирачки за оние кои сакаат да ги читаат, а не секој сака да чита „тешки“ книги...
    И не, воопшто не ги сметам за малоумни, за помалку интелигентни или незнам какви...
    Се работи за сопствен избор и вкус...
    Да ја читаш купохоличарката, според мене, е исто како да гледаш Госип Грл. А Госип ми е баш урбана серија, и мислам дека секоја модерна девојка треба да ја гледа. Ако не друго, ќе добие некоја модна инспирација ....
     
    На pamelche и Rozich им се допаѓа ова.
  9. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Сакам да прашам...?

    ^
    Се согласувам,еве јас многу често знам да си земам таква книга и си легнувам,нозете испружени и се занимавам.
    Чиста занимација,нема ништо лошо во тоа.
    Јас така најдобро се релаксирам.
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Па урбаноста е релативен поим, секој ја разбира поинаку.
    Само ме интересираше кои се побудите некој сериозно да сака да чита исклучиво ваква литература.

    Јас не би, и не сум издржала, многу јако Rapid Eye Movement ми предизвикуваат ваквите книги. Да де го разбирам моментот пуштање на мозокот на пасење ама мислам дека колку повеќе човек чита вакви книги толку подалеку е од некое исправно воспитување и реално размислување.
    Да не си мислите утре дека секоја втора цура може да си приушти да менува скапа, дизајнерска облека секој ден, и да се прчи со шанелката низ град и единственото гајле и е дали ќе го ќари оној или овој. Таков живот има за мал процент на луѓе - реално :)

    Далеку од тоа дека потценувам и мислам дека некој е малоумен, Маја тоа никако не го реков, ниту го помислив. Малку силно зборче, а? ;)
    Па нема ништо лошо ни во лежење на плажа две недели, ама јас кога се враќам од одмор пак се чуствувам некако....глупа :D

    Како и да е, ме интересираа одговорите, и ги добив. Фала, сега навистина ми е малку појасно :)
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ама како, како ви е интересно, побогу? :^)

    Почнувам да читам и само ова го правам |( |( нема никаква уметничка вредност, никакви описи, никакви вреди мисли- ништо

    Сеуште не можам да се опоравам од Чевлите на другата жена-единствено добро е што ја читав на англиски, друго ништо.
     
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Никогаш немам читано ваков тип на книги,не ме привлекуваат.Џабе тепање време е тоа за мене. Повеќе би сакала некои класици да читам, отколку овие. Што знам некои ги читаат и сакаат,но јас не,мислам дека никогаш не би читала книга со вредност 0 според мене.
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.197
    Допаѓања:
    247.667
    Не ги можам овие книги, не се сеќавам дека имам прочитано барем една ваква книга. Јас искрено би се одморила со една добра книга која не мора да е чик, отколку да читам за некоја која денот и се состои од тоа што марка чевли да си купи или дали марамата и одговара со блузата. Радо би прочитала некое списание или ако ме интересира мода, си гледам на нет. Како и да е, не ги сакам овие книги, нереални ми се и повеќе ме заморуваат отколку што ме опуштаат. Филмовите се друга приказна. Гледам вакви филмови понекогаш, не ради опуштање, туку заради тоа што гледам секакви филмови и бидејќи сум голем љубител, сакам се да погледнам.
     
  14. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Па тоа ви е чик литературата бе девојки,нормално дека ако сакате да стекнете се друго освен релаксација ќе си читате друг жанр на книги-што е тука филозофија?
    Сите сме различни и со различен вкус така да секој си избира тоа што го сака.
    Не е малце глупаво да се каже дека таквите читале чик литература а мислат дека кој знае што што читаат?Свашта!
    Ќе читаш тоа што сакаш да читаш зависно од расположение.Јас сум голем читач :D ,а класиците си ги сакам најмногу,исто и психолошките,и криминалистиката,но знам да си земам некогаш и нешто лесно за читање,како на пр.од Александра Потер и баш ме опушта... ;)
    Знаете,ако не можете да научите некој податок,барем ќе се релаксираш,а некогаш во некоја ситуација ќе добиеш и идеја за нешто баш од таква книга за која мислиш дека ништо не вреди и дека е безвредна ;)
    Јас мислам дека не се баш безвредни ваквите книги како што повеќето тврдите.
    Некогаш ќе знаете како да се справите во некоја ситуација,и барем некој ако е тапа за женскиот свет(има и такви девојки) нешто сигурно и ќе научи онака од чиста култура да си знае,а можда и ќе и проработи женственоста и интуицијата.
     
    На crazylady, Elena69221 и kikikikirika им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Леле, ама хејтерски сте настроени. :^)
    Ко чик литературата да е турбо-фолкот на пишаниот збор. :D

    Јас лично се имам смеено на Купохоличарката, па не се гледам во огледало ко малоумна, или недоветна или со лош вкус.
    Тешко.
    Имам огромен дијапазон на читачки жанрови, воопшто не се ограничувам, и самата пишувам и воопшто не сметам дека оние кои од време на време си читкаат вакви книгички немаат вкус.
    Свашта...

    И сексот и градот потекнува токму од таква чик литература, па филмот ни е библија на женскиот род.
    Книгите се главно за релаксација, не ги сфаќајте премногу сериозно, намената не им е длабоки мисли и филозофии, просто се - простички.
    Од време на време и тоа е потребно.

    Секако не се бетер од самопомагачките книги. |(

    Ама сте им се запнале, човек да помисли дека заспивате секоја ноќ со Драјзер и Достоевски под перницата.
     
    На Elena69221, pamelche, Rozich и 8 други им се допаѓа ова.
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Па да ти кажам Трендафилка и заспивам со Драјзер во последно :D - ме откри :$ :lol:
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Па тоа е, успива Драјзер, знам.
    Чик литературата те држи будна цела ноќ.
    :D

    Шала, многу крвнички сте настроени, за без потреба.
    Чик литературата е за на плажа.
    И за во вц.
    Тоа е.
    :)
     
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Јас на плажа ја читам Агата Кристи барем има неизвеснот, а ради Драјзер седам будна по цела ноќ од што не се остава.

    Чик литературата не ја можам, што да правам, ја земам и ме нервира, секој си кажува негово мислење- еве пример и Коељо не го сакам, а некои се крстат на неговите мисли и тоа е, сите си имаме наши причини и ставови зошто е тоа така.

    Јас со чик литература не би одела ни во вц :D - попрво Космополитен ќе земам или некое друго списание од тој тип.

    А не знам дали некој ја има читано Војна и мир во када, или само јас сум лудачката :tmi: ?
     
  19. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Да се надоврзам на постово и ставот на Трендафилка, уживател во пишаниот збор е во принцип човек што ја почитува уметноста каква и да е. Релаксирачки и комедични книги се многу тешки да се напишат и треба посветеност и решеност, уметнички порив, една иста мисла, течна и впечатлива. Состојба на умот која ќе го вади сарказамот точно каде што е потребен.
    Добракнига е како добра масажа. Релаксира, опушта, на моменти ви ги погаѓа точките и ако е добра...Заминувате со желба за повторно да ја прочитате или во најмала рака да дојдете до слична литература.

    И најискрено, одговорно тврдам дека жени чија омилена книга е Алхемичарот, од Паоло Коелјо...не ми се никаков репер. Мејнстрим до јаја.
     
    На crazylady, Estelle и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  20. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Како што кажаа другите,мене ваквите книги ми се релаксација.
    Кога не можам да го напнувам мозокот,читам и ми се одмара. :D
    На пример во денови кога сум преоптеретена со обврски,сигурно дека нема да земам да читам книги со кои уште повеќе ќе се напнувам,него вакви лимунатки.
    Обожавам и да ги читам на плажа,кога сум со моите на одмор,читам книга а се друго пратам у околина.
    Ма уживанција божја :rofl:

    И овие книги ми се типично женски книги,такви шмизл.На таквите филмови и серии им се воодушевуваме на ликовите,па зошто не и ликовите и ситуациите во книгите колку и нереално да изгледаат.
    Се дур ги читаш а не си умислен дека е некој Мастер пис е океј за мене ;)
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.