Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чик литература

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 5 јануари 2011.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Мене баш ми е интересна оваа литература, знае баш да ме насмее.
    Не треба да се напнувам, баш напротив се одмарам.
    Секој има различен вкус и го интересираат различни работи и никој тука не треба да приговара кој, што, како, зошто, затоа што читал.
     
    На crazylady и lola-86 им се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Сега осеќам надолу сите ќе се за, се до следното мислење против :)
     
    На Phyramide и n.a.t.t.y им се допаѓа ова.
  3. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    ^ Ми го зема зборот од уста. Сите пишувале колку им се интересни, некој напиша негативно и сте по него, вакви такви, не чинат. Се појави пак некој со добро мислење, и уште 3-4 потврдуваат |(

    Јас сум против, ги читам од досада, кога немам ништо друго. И ме нервираат.
    Единствено Знаеш ли да чуваш тајна од Софи Кинсела ми беше океј... другото :fubar:
    Александра Потер, Николас Спаркс и компанија ме тераат да вртам очи и да се смеам на бедните срцепарателни приказни што ги пишуваат, со нивните бледи неоформени ликови, и една па иста шема.

    Boriiing |-)
     
  4. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Само да се надоврзам... Знаеш ли да чуваш тајна мене ми беше ужасно досадна.
     
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Одбегнувам да следам стереотипни мислења од типот на чик литература - смотана, не доволно добра или слично. Секоја книга е сама за себе. Има добри книги од оваа категорија, мене знаеш ли да чуваш тајна не ми беше омилена, ама слатко се изнасмеав и да не набројувам други. Во секоја категорија има книги што ја величат истата и книги што не сум можела да ги завршам иако тој стил обожавам да го читам.

    Мислам, не можам да осудам некоја категорија како добра или лоша, осудувам и криткувам поединчени книги. Мене најинтересни ми се книгите за темплари и масони, ама и меѓу нив има книги кои не воопшто не ми се допаднале.

    Така да, секоја книга си е сама приказна за себе. А и зависи во какво расположение сум и низ каков период од животот поминувам, некогаш ми е потребна баш таа чик литература да се опуштам, а некогаш сакам да читам нешто поинакво.
     
    На Elena69221, lola-86 и Miss-Independent им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Абе видете, сигурно не сум ја одбила, еве јас лично - пошто да немав читано ништо, веројатно нема да можев да дадам мислење, нели? :)

    Едноставно стварно сум прочитала 2 - 3 парчиња и еве сега ме чека Eat, pray, love - искрено си ја чувам за на плажа, а и само од причина што ја добив како поклон од драга другарка.
    Ама тоа е, јас не поднесувам ваква литература.

    Трендафилке, ама признај од серискиот до книгата Sex&the city има огромна разлика. И таа ја добив поклон од другарка, тргнав да ја читам и толку површна и снобска книга немам читано. Лично мое мислење, навистина ми се блуваше на крајот од книгата. Башка ако има една допирна точка со серискиот и тоа е многу.
    Истото со Алхемичарот - со задоволство би го сместила во оваа литература. Книга по нарачка. Едноставно не ме поттикнуваат ваквите книги и крај. Јас ги сметам као навреда на мојата личност - на крај си велам стално у Тошка стил - и што јас глупа ли сум или? :D

    Има и други лесни книги кои сепак ми даваат повеќе - абе Матилда од Roald Dahl или The Curious Incident of a Dog in the Night-time се според мене исто книги за релаксирање ама не ме напнуваат кога ги читам. Детска литература, буквално.

    Ама хеј, прашање на вкус е. Јас само се загрижив и ме интересираше зошто на некои поединци им е ова примарна литература која со душа ја читаат. Се најубаво ако младинава расте на книги и стандарди кои им се нудат од сосема дијаметрално различна средина и си ги земаат ко алфа и омега на своето постоење.

    И дајте полека со тоа малоумното....Маја го спомна зборов, а никој ништо не кажа дека ако некој чита ваква литература е малоумен. Доста е навредлив зборов бе дечки :|
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.857
    Пол:
    Женски
    Со оглед на дискусијата, се имам изјаснато на темава дека не ми пречат ваквите книги во некоја минимална доза, но колку и да е минимално, не е добро потрошено време. Можеби е парадокс, но подобро би потрошила време на глупав филм отколку на безвредна книга, и за тоа исто така сум се изјаснила досега :tmi:

    Она што сега сакам да го кажам е дека ме буни изразот "чик литература". Одомаќинет, како било, глупав е - чик литература :D
    Кажано на англиски има некоја смешна жичка во тоа Chick lit, ама на македонски нема апсолутно никаква смисла.
    Чик литература, кој е тој што го кажал ова прв, да ми падне в раце :devil:
    Од Матица е, каде е? :D
    Добро е што не го превеле буквално како кокошкина литература, зашто со нашиве преведувачи многу лесно можело и тоа да се случи. :lol:
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.822
    Пол:
    Женски
    Е добро де, не знам што не е јасно? Па не може секој секаква литература да поденсува. И јас оние психолошкине не ги можам и тоа е. Убедувањето е за џабе. Ако некој не сака чик лит, не сака :)
    Јас обожавам да си прочитам некоја ваква книга, да си се насмеам, да се расположам. Иако и од овој тип на книги има досадни, како впрочем и од секој.
     
    На crazylady, Rozich, Speechless и 3 други им се допаѓа ова.
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Чекав некој да напише пост, по Реинбоу да не излезе дека се согласувам на секој нејзин збор, ама не можев да додржам.

    Сакам да читам чит литература, особено после некоја тешка книга со која сум под импресии неколку дена или пак на плажа. Сигурно нема на плажа да земам да читам Војна и мир. Ама не само на плажа, и‘ секојдневно ги читам. Интересни ми се.
    Дека има досадни и не толку смешни има. Јас Спаркс го читам ради реда, не правам вирче од солзи на Порака во шише или се разнежнувам на Чекори за сеќавање. Ама да, ке ги прочитам од ‘љубопитоност‘.

    Иначе не знам дали во овој вид на литература може да се вброи и Сесилија Ахерн. Мене пак нејзините книги ми се допаѓаат, како ПС Те сакам и На крајот на виножитото.

    Добро, одредени велат дека не се љубители на чик литература, премногу биле женски, шмизлечки вакви-такви, а сте фан number 1 на Gossip Girl? :^)
     
  10. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Јас си читам чик литература од време на време кога сакам да си го одморам мозокот од сите обврски на факултет, домашни проблеми и сл. Едноставно го менвам мозокот, не со криминалистика, со семејни драми, туку со чик литература, затоа што таму сигурно нема да најдам некоја реална случка што можеби мене ми се случува моментално, а целта ми е од тоа да побегнам. Па затоа ќе седнам во 2 саати се читаат ќе си се изнасмееш и следната книга ми е нешто друго. Ама на месец-два си читам такви лесни книџулиња и воопшто не се чувствувам глупаво после тоа. Не дека е најдоброто потрошено време, но не е па ни најлошото потрошено време.
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.345
    Допаѓања:
    249.432
    Добро бе па овде веќе испаѓа дека некој слободно не може да даде свое мислење, одма се копира или јас така мислам затоа што две членки мислеле така пред. Мислам, апсурдно е да се водам според вкусот на некој друг. Мојот вкус е само мој, и можеби случајно се совпаднал со нечиј друг. Тоа не значи дека копирам. И да, мене не ми се допааѓаат ваквите книги, но тоа е за мене, и немам никакво поинакво мислење за оние кои ги читаат овие книги. И овде има уметност, работа, креативност, на некои ова им се допаѓа на некој не. Исто како што има различни стилови во музиката и сите не слушаме исто, па така и тука. Друго, ни најмалку не треба луѓето да се ценат според каква книга читал или каква музика слушал. Тоа ми е толку мизерно. За вкус не се дискутира!
     
    На zafirovska.kockica, innablood и starbucks им се допаѓа ова.
  12. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Добро, зашто ја идентификувате чик-лит со "ѓубре"? Исто како и во било кој жанр на книги, имате одлични, добри и лоши книги. Сум ги читала добрите, лошите, малку од сето тоа. Содржината главно се состои од жени што се соочуваат со секојдневни животни прашања, како што се љубовта, бракот, врските, пријателствата, кариерата итн.
    Кога читам таква книга е исто како да имам најдобра другарка што ми кажува за нејзиниот живот. Или да гледам како различни карактери поминуваат низ истото што ми се случило мене. И хуморот е силна точка, скоро секоја таква книга што сум ја прочитала има некој вид хумор во неа.
    Уште една работа поврзана со чик-лит е дека без оглед на каква приказна барате, обично можете да ја најдете. Се што можете да замислите: жена што сака да ослабе, да успее во кариерата, да го заборави бившиот.. има најмалку една чик-лит книга за тоа.

    Почнав да ги читам од неодамна, не само на плажа, туку секојдневно. Сакам книги со уметничка вредност, ама овие ми се баш за релаксирање, соживување и смеење. Да, обожавам чик-лит.
     
  13. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Не сакам чик лит и не гледам со потценување на оние кои ја преферираат единствено имам премалку слободно време за да го потрошам на ваков тип литература која и онака не остава траги во мојата долгорочна меморија. Ни во кртакорочната кога ќе подразмислам подобро, :D .
     
  14. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    многу ја читам вакавата литература,значи не можам а да не земам ваква книга 90%од записите во библиотака кои ми се се со ваква содржина ,што да правам кога ме разведруваат расположуваат

    понекогаш си мислам како девојка во теен доба сум |(
     
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Книгите од овој жанр ги читам двапати годишно - за време на летниот одмор и во текот на новогодишните празници.

    За оваа Нова година, одлуката падна на Шминкерка, главно под влијание на позитивните критики на форумов. Се надевам дека нема да ме разочара.

    Навистина, овие книги сакам да ги спојам со една релаксирана атмосфера и целосно физичко и ментално опуштање.

    Особено ми се погодени како книга за на плажа. Не патам од комплекс да се правам паметна на плажа и да читам некое извикано авторско име, додека нозете ми ги плискаат морските бранчиња. Си се смешкам под мустаќ додека си читкам, а маж ми радознало ме потпрашува убеден дека во тие книги има многу секс. И ги жалам женчињата што на плажа земале да се мачат со Захир на Куељо....

    Сериозно, во чик книгите најмногу ми пречи преводот. Имено, чик литературата изобилува со сленг, кој доколку не се преведе соодветно книгата губи од духот. Во оние со српски превод (на латиница нели), многу често некои типични изрази не се преведуваат, се оставаат во оргинал, што е голем плус и го задржува шармот на книгата.
     
    На RainBow и Trendafilka им се допаѓа ова.
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Ах, чик литература за одмарање на мозок..
    Па имам прочитано доста вакви дела.
    Започнувајќи од трилогијата ,,Го сакам,, (Њу Јорк, Париз, Холивуд)..
    После Шопингохоличарка.. Па што ако имам еден килограм повеќе..
    Ангус, танги и бацување со стискање...
     
  17. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Јас сакам да читам чик-литература, поготово кога учам, за релаксација ми е многу добро.

    Последно ја прочитав- Само најсекси маж кој постои постои-Џули Џејмс, ми се допадна многу, а сега земав да ја читам Нека победи подобриот, исто од Џули Џејмс.

    Не гледам ништо лошо во читање на овие книги. Да, можеби е губење време, но искрено и времето што ќе го поминам на интернет ми е губење време, па преферираам да се одмарам со ваква книга на пауза и да ги тргнам мислите, отколку воопшто да не читам.
    Така што дур не дипломирам останувам да преферирам чик-литература. 8)
    Оф-топик. Баш пробав со трилер дур учам сега, зошто нив ги обожавам, но не можам, премногу ми е тешко тие две работи да ги правам паралелно
     
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Мислев дека имам коментирано на темава, но колку што прегледав немам.
    Не гледам зошто некој е малоумен, помалку интелегентен или не знам каков ако чита чик литература! :^)
    Мислам, од кога нивото на интелегенција или памет кај еден човек се проценува според видот на литература кој го чита??
    Тогаш што би рекле за мене што сум ја читала и Софи Кинсела и Агата Кристи и еве моментално Зафон?
    Да, читам и сакам чик литература. Ја преферирам во секое време и место, а посебно во периоди кога имам многу за учење. Е тогаш одлично ми доаѓаат искуствата на Ребека Блумвуд и нејзините заглавувања со кредитни картички или пак патешествијата на Анџела од трилогијата Го сакам....
    Чик литературата ме опушта, ми го релаксира мозокот... Сакам да ја читам иако можеби во неа нема којзнае какви поуки и филозофии.
    И во чик делата има подобри и полоши и за нив можам да дадам позитивна и негативна критика, но некој тоа го создал, напишал и објавил. Зошто тоа да биде потценувано?
    Секое дело си наоѓа пат до одредена маса на читатели и нема потреба одреден вид литература да биде наречен ѓубре.
     
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сигурно нема да земам овде да се правдам зошто сум читала неколку книги сместени во овој жанр, а и погубно е да се правдаш на некој што не го познаваш зошто ти текнало да земеш ваква книга од библиотека, или пак чувај Боже, да ја купиш на саем, од Матица, Три и сл.
    Овде ќе испадне дека некој некому му се наклонува, демек ќе се правда за нешто за да биде сличен или ист налик некој друг. :lol: Е баш е смешно бре.
    Демек: „Абре јас бев тргната до пазарче праз да земам, и немаше автобус па тргнав пешки, не знам што ми текна па наминав до библиотека, па библиотекарката ми рече, де земи ја оваа, интересна е, сите ја читаат! Абе ај ќе ја земам и „Војна и мир“, за да конпензирам што ја земав оваа!“ :rofl:


    Сум читала 4-5 книги од ваков вид литература.
    И да, ми текнува кои се, ваљда сега ќе испаднам глупа за некој, пошто памтам што читам. :^)
    „Која е таа девојка-Потер“, „Венчален кум - од автор не знам како се вика“, земав еднаш од GG еден дел мислам се викаше „Знам дека ме сакаш“ или I know you love me, Тројца во кревет...
    Искрена да бидам, првите две ги земав за да се занимавам по пат накај Крушево, па добро послужија за тоа. Дали би земала пак некоја од овој жанр, не знам, можеби.
     
  20. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Девоји дај препорачете ми некои вакви книги. Разгледав низ форумов, ама сакам убаво да ми објасни некој која книга му оставила најголем впечаток :) Ги имам прочитано сите делови на Купихоличарка од Софи Кинсела освен Купохоличарката оди во странство (неможев да ја најдам). Некои други.. Стварно обожавам вакви книги, може некои романтични зачинети со смешки :wasntme:
    Од книгите Купохоличарка најмногу ме насмеа последната книга т.е. Купохоличарката и Бебето. Навистина пресмешни сцени, љубомора, романса... :rofl: :rofl: :rofl: