Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чик литература

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 5 јануари 2011.

  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    ти ја препорачувам автортката Александра Потер... Една од моите најомилени авторки :) Скоро сите нејзини книги ми беа многу интересни: Внимавај што посакуваш-може да ти се исполни, Која е таа девојка, Мојот господин совршен. Овие книги не те оставаат на мира дури не ги прочиташ :D Сум ја прочитала и Дали често доаѓате овде, но не ми беше многу интересна, а следно планирам да ја прочитам Не си тој што го посакувам од истата авторка. Исто така имам прочитано неколку делови од Купохоличарка, само не можам да ја најдам Купохоличарка и бебе. Се надевам дека помогнав :D Поздрав
     
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    За (не)среќа се’ повеќе книги се од овој жанр.
    Имам читано, ама не знам колку ми имаат останато во сеќавање.

    Попрво би се сетила на деталите од Клетници, отколку на Шминкерка (крајно глупава и гадна книга) .

    Но, понекогаш се потребни вакви лесни книгички..
     
  3. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Ја ОБОЖАВАМ чик литературата ... особено книгите на Александра Потер ...
    Исто сакам да кажам дека повеќето убави серии и филмови се снимани според книги од чик литература Gossip girl , Sex and the city , Shopaholic ...итн.
     
    На N1ky и BettyBoop25 им се допаѓа ова.
  4. Strawberry.6

    Strawberry.6 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    10
    И јас ја обожавам чик литературата. Имам прочитано неколку книги од Александра Потер и Софи Кинсела и дефинитивно уживав во нив. Лесни книги со многу хумор, го отргнуваат мозокот од здодевното секојдневие.

    Би можеле ли да ми кажете некои книги од овој жанр кои би можела да ги најдам во библиотека?! Бидејќи повеќето наслови што ги видов тука ги нема во градската библиотека, а не сум баш во најдобра финансиска состојба за да можам да ги купам. :)
     
  5. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Јас не ја сакам бидејќи нема поента и како што си прочитал, така забораваш и остануваш без некој впечаток и не ме поттикнува да размислувам. Плус, приказните цело време се едни исти и ликовите се недооформени.
    Ама сепак од време на време потребно е да го пуштиме мозокот на пасење па еднаш годишно и јас знам да земам некое книжуле со ваква тематика. :)
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Во последно време ептен се нафрлив на овие, мајку му. :^) :D
    Последна што ја прочитав ваква е „Ѓаволот носи Прада“, а сега брзо ги читав и „Шминкерка“, „Ангус, танги и страсни бакнувања“ (сум се газела од смеење на книгава), „Шопингохоличарка“ третиот дел мислам, кога ќе ја најде сестра и, сега чекам една другарка да ми ја даде „Дебела, чипс, бисквити и љубовна болка“ (вака мислам дека беше :^) ).И „Јади, моли се уживај“ ја читав сега брзо, не знам дали спаѓа во жанров, ама ептен ми беше интересна, за два дена ја прочитав.Интересни се за тепање време, а и смешни се бајагички.
     
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Чат-пат ќе земам некој чик книга и секогаш ќе се покајам! Еве последна ја прочитав Која е таа девојка? Книгата беше ептен досанд читаш едно 150 страни и ништо апсолутно ништо важно не се дешава. Едвај ја дочитав ми можам да кажам дека не ми се интересни и не ми се реласкирачки ама ич попрво би зела некој љубовен роман да читам одколку чик, а жално во денешно време се преплавени со чик литература али тоа е има некој што ја сака и ја бара :)
     
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Не обожавам ваква лесна литература. Не значи дека порано не ја читав. Едноставно сега за да ме задржи една книга треба да има соодветна тежина.
     
  9. Pocahontas.93

    Pocahontas.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    601
    Единствени прочитани книги од чик литература ми се сите делови од Купохоличарка (освен последната - Мини Купохоличарка, која мислам дека уште ја нема овде) - Софи Кинсела. Ептен се навлеков тогаш, по 100 страни читав на ден.

    Добри се за опуштање, хумористични, ако не ти е денот ќе те расположат :D .. Лошо кај нив ми е што после нивното читање, не ми се чита нешто сериозно |(
     
  10. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Во последно време не преферирам чик литература. Некако сите ми се исти и ми се здосадија. Единствено кога ќе сакам да се опуштам и да го пуштам мозокот на пасење читам ваква литература :lol:
     
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Овакви книгички за летово се милина...таман си го оставаш мозокот на пасење,си уживаш додека ги читаш :)
     
  12. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    За овој одмор, во мојот куфер меѓу фустаните, костимите за капење и млеката за сончање, беше и ова




    За одмор и моменти на опуштање.
    Не бара никаков ментален напор, но поттикнува на размислување.
    За сите кои не се задоволни од својот живот и живеат со убедување дека на другиот му е поубаво.
     

    Прикачени фајлови:

    • 10755_Laguna.jpg
      10755_Laguna.jpg
      Големина на фајлот:
      34,8 KB
      Прегледи:
      316
  13. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Една од најдобрите чик книги кои сум ги прочитала е „Која е таа девојка?“ од Александра Потер. Лесна, хумористична и забавна, а од истата авторка доста смешно дело е и „Внимавај што посакуваш“
     
  14. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Често читам вакви книги.Си се опуштам како романтичен филм да гледам.Ги имам читано сите од Софи Кинсела сега ја чекам новата, имам нешто и од Александра Потер, Мег Кабот, Меги Олдерсон..
     
    На Kerim му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.360
    Допаѓања:
    13.336
    Пол:
    Женски
    Последна женска книга мислам дека ми беше Сексот и Градот (поклон за роденден ми беше).
    Пред 3 дена прочитав книга што се вика Сета љубов на светот. Кога почнав да читам, очекував чик лит, ама уствари немало врска :lol: Срам да им е што така ме излажаа со насловот. Ама добра книга :)
     
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Најмногу ги сакам овие книги. Софи Кинсела ми е омилена авторка,
    Последно ја читав Заспана убавина

    Еј а да ве прашам тие Чокохоличарките од овој жанр на книги се или некои детски?
     
  17. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    И јас сум обожавател на овој жанр на литература,Софи Кинсела,Александра Потер(или портер беше) имаат убави книги.Минатата година баш кога го читав купохоличарката и сестра и се смеев како луда буквално,ја имав најдено во пдф верзија на англиски.Дали некоја од вас знае дали последниот дел шопахолик енд бејби го има по нашите книжари?.Последно пред 10тина дена ја прочитав Клубот на чокохоличарки интересна беше,меѓутоа имаше некои несоодветно преведени изрази ]:) .Како на пример главната хероина на книгата Луси кога била помлада ја викале дундеста :| ај објаснување на овој израз.Ве молам за препорака на други автори од овој жанр.
     
    На Kerim му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Го има последниот дел во Топер а го има и на интернет на хрватски јас од таму го читав.Инаку читај нешто од Мег Кабот, Николас Спаркс, Сесилија Ахерн, Меги Олдерсон..
     
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Кажете некоја добра книга...одамна не сум читнала нешто интересно :D
     
  20. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Губење време... Немаат никаква смисла, немаат порака...Не гледам ништо добро во врска со нив. Луѓето ги користат за опуштање, но мене веројатно би ми биле досасни...Немам причина да читам таква „литература“...