1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чик литература

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од RainBow, 5 јануари 2011.

  1. apolonija27

    apolonija27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Да те израдувам, ја има во Топер, ја преведоа. Поздрав
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ја прелистав мојава меморија, го прелистав и Чик Лит секторот на sakamknigi.mk ама не најдов ниту една што сум ја прочитала :?: Единствена таква „лесна“ книгичка што ја имам прочитано беше Афера од Аманда Квик. Ама кога отворив статија за книгава, видов дека е ставено во трилер драми :^)
    Како и да е, да ме прашате што се случуваше во книгата - нема да ми текне на ниту еден настан.

    Ваквите книги лесно се читаат, ама и лесно се забораваат.
    Убаво е одвреме навреме да се прочита и малку чик лит, за да се одмори мозокот од напнати и тешки книги :) Јас тргнав да ја симнувам Внимавај што посакуваш, некако според насловот ми делуваше како јак трилер, ама кога прочитав дека е чик литература, ја оставив за периоди кога ќе сакам да се релаксирам со некое лесно книгиче. За роденден ја подарив Само најсекси маж кој постои, ми ја пофалија, па и таа ќе дојде предвид :)
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат се одлучив да читам нешто вакво, си реков ќе одвојам некој ден во летниве горештини да го пуштам мозокот на пасење. Јас кога читам не сум воопшто релаксирана, мозокот ми работи 300 на саат. Па сега се одлучив на одберам нешто чил, налетав на Who's That Girl? од Alexandra Potter и луѓе не можам ни првата глава да ја дочитам :worried: Стигнав до 4% и ја оставив. Низ овие петнаесетина страници се утепа од раскажување на секој можен детал од утринските часови. Од станување, преку вежбање со тренерот, до туширање и спремање за на работа. Не сум читала чик лит претходно за да знам дали вака треба да изгледа... Има нешто интересно во книгава? Не знам дали да продолжам да ја читам. Гледам во темава пофални зборови и за Sophie Kinsella, па ако имате некоја препорака за лесна, ама интересна книга - би ви била благодарна да ми предложите нешто.
     
  4. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна дали ќе ти се допадне, ама со оглед на тоа дека ни мене не ми беше интересна Who's that girl? , би ти ја препорачала Can You Keep a Secret? од Sophie Kinsella.
     
    На Kerim, Marossa и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ана,од Софи Кинсела која и да ја почнеш,нема да ти биде мака.Забавни,кратки и ептен лајт книгички,чисто за уживање :D
    Мој предлог е онаа од Елена и „Го имам твојот мобилен“
    Други полесни романчиња:
    Точка на Кулминација-Памела Клер
    Се што премолчавме-Марк Леви
    Нека победи подобриот-Џули Џејмс
    Нешто позајмено-Емили Грифин
    Ти не знаеш да сакаш-Сузан Елизабет Филипс

    Од Гијом Мисо што и да читаш,исто нема да згрешиш,пишува доста интересни книги,ти ја препорачувам „Ангелски повик“ и „Затоа што те љубам“
     
    На Mrs.Charming, Kerim и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.726
    Пол:
    Женски
    Ана, прво треба да знаеш што да очекуваш од чик лит и дали воопшто да земеш да читаш. Овие класичните чик лит се сите правени по еден терк, момче запознава девојка, на почетокот се мразат, по низа интересни и комични ситуации се заљубуваат и живеат засекогаш среќно заедно. Има можеби некои интересни пропратни ликови, ама во глобала тоа е тоа. Ликовите варираат од автор до автор, меѓутоа претежно се слични. Женските ликови се саркастични, секогаш знаат што да кажат и да вратат, машките ликови се најдобри, најубави, најмажествени и обично испаѓа дека имаат некоја мека страна што ќе не натера да ги засакаме. Секогаш има некој жежок секс опишан во екстреми. Нели, најјак е, со најстраствени допири, бла, бла, жените секоаш имаат мултипл оргазми, а мажите никогаш немале подобар секс во животот.
    Ова најчесто може да се види во романите на Џули Џејмс, Сузан Елизабет Филипс, Кристина Хигинс и многу други.
    И Софи Кинсела е тука негде, само нејзините романи имаат повеќе хумор, помалку сарказам.
    Од С.Е. Филипс мене најмногу ми се допадна Dream a little dream, има некако најмногу емоции, ми беше за нијанса поразлична.
    Од Софи Кинсела The Undomestic Goddess, има добар хумор.
    И од Кристан Хигинс можеш да прочиташ една, имаат некоја топлина нејзините книги My one and only e интересна.
    Токму поради тоа што го напишав погоре не се читаат повеќе книги од еден автор, зашто се сите исти и ти доаѓа да се упукаш по некое време. :D
    Не се лоши од време на време, кога ќе ја подзаборавиш содржината што ја наведов погоре, ама во глобала нема изненадувања во овие книги.
    Исто и од Али Харис Првиот последен бакнеж е добра, не спаѓа во горенаведената содржина, така малку потажна е.
     
    На Jenniffer и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Имам прочитано само една книга од овој тип, а ни на насловот неможам да се сетам. :D
    Се работеше за млада девојка која е нешто налик елитна проститутка, дејствието се случува во Хемтонс кај што одат богатите на одмор и оваа ќе биде нонстоп по журки такви работи ќе бара клиенти. Знам со еден дебел чичко има описи на некои нивни средби и посебно ја памтам онаа каде се спомна дека дебелиот господин секогаш ги обработувал жените само во задникот за да неможе да го измами никоја дека е бремена од него. Охх леле :D . Е само на ова ми текнува, мислам дека на крајот ќе се врати сама и повторно сиромашна во својот мал стан во Њујорк. Ако на некој му текнува која е книгава нека ме просветли, баш ме интересира како се викаше. :)
     
  8. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    1.515
    Пол:
    Женски
    Еве неколку јас што сум ги читала :) :!:
    Првиот последен бакнеж - Али Харис
    Чокохоличарка на диета - Керол Метјуз
    Дали често доаѓате овде? - Александра Потер
    Сосема нов пријател - Мајк Гејли
    Мојот дедо Луј Витон - Исидора Бјелица
    Која е таа девојка? - Александра Потер
    Кога ќе заигра срцето - Џејн Мур
     
  9. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Озборувачка(4-те) и Купохоличарка и бебето ги имам читано од чик литература. :)
     
  10. AutumnRain

    AutumnRain Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Овие книги за мене се замена за филмови. Само што јас си ги бирам главните ликови како ќе изгледат. :)
    Лесни книги, за кои не ми треба концентрација ниту некое посебно место за да ги читам (посебно кога се возам во автобус цел час). Автори чиишто стилови ми се допаѓаат се Сузан Елизабет Филипс, Џули Џејмс и Рејчел Гибсон.
     
  11. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    Чик литература... Читам понекогаш, опуштаат, предвидливи се, знаат понекогаш и насмевка да измамат :)
    Денес ке дочитам една таква книга... Разбудената убавица - Дона Кофман
    Приказната е без временска, актуелна за многу генерации... Трансформација на главниот лик од грдо пајче во прекрасен лебед заради освета... иии на крај, вистинската љубов била цело време пред носот, најдобриот другар најмногу не сака. нели... :tmi:
    ... Ништо ново, ништо спектакуларно, но забавно!!! Понекогаш книгата треба и да не изрелаксира :)
     
    На cresa-jagoda и macka91 им се допаѓа ова.
  12. *Ench@nted*

    *Ench@nted* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 јануари 2018
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    25.304
    Пол:
    Женски
    Најдобри се за на плажа, обавезно барам нешто во стилот на Џули Џејмс кога ми е лето во душата
     
  13. Kerim

    Kerim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2020
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    217
    Темата моментално е многу неактивна, се надевам дека ќе ви стигне известување за нови мислења.
    Девојки сакам да ве прашам која возраст сте биле кога сте ги читале тие книгу во 2011 2012 2013.. јас тогаш сум била 11-13 години и сега во 2021 година книгите од таа ЧИК литература ми се пресмешни забавни и баш за опуштање.
    Вчера ја прочитав Старомоден водич за љубов и романса и ми беше многу интересира. Од Софи Кинсела ги имам прочитано дефинитивно сите, освен делот за ШОПИНГХОЛИЧАРКИ но го имам гледано тој филм пишува дека е по книгата од Софи Кинсела и смешен беше. (меѓу омилените Совршена не домакинка)
    А исто МНОГУ ми се допаѓаат книгите на Гијом Мисо. Нема промашај кај него сите се одлични.
    Денеска планирам да земам некоја ЧИК книга, па предлог?
    На која се сеќавате како забавна?
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.880
    Допаѓања:
    81.145
    Пол:
    Женски
    Александра Потер е многу забавна, ако не ти е читана ете предлог. Доста слична на Софи Кинсела. Знам дека многу ми се допадна „Внимавај што посакуваш“, многу беше забавна и полна со хумор.

    Џули Џејмс има исто книги со добар хумор, од неа најмногу ми се допадна „Нека ппбеди подобриот“. Не е лош и тој ФБИ серијалот, има малку мистерија и баш е забавно да се следи случајот што го истражуваат паралелно со романсата меѓу ликовите.

    Сара Морган е добра, има најчесто вакви празнични книги ко за овој период. Сите се како Халмарк филм, сè е розово, сè е прекрасно. :D
    Ама ете, некогаш си треба таква feel-good книга.

    Вај Киленд има слични книги во тој стил, со малку повеќе жешки сцени, што мене некогаш ми се и досадни, ама среќа во некои книги не е напорна со нив и не е фокусот во тоа туку има и некој раст во ликовите.
    „Господин Вообразен“ ја читав последна, се изнасмеав и со некои мали замерки, баш ми се допадна. Описот на задната корица е толку евтин, книгата е чиста спротивност. Среќа па не го ни прочитав, онака на тепка ја зедов книгава. :D

    Ќе допишам ако ми текнат други, пишувајте предлози да ја активираме темава. Сега околу празнициве ништо друго не ми се чита освен некои вакви лесни книги полни со хумор и смешки.
     
    На RainBow и Kerim им се допаѓа ова.
  15. Kerim

    Kerim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2020
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    217
    Благодарам многу.

    Јас овој период ги прочитав Меден месец, Која е таа девојка од Александра Потер и мометално ја читам Го сакам Њујорк.

    Можам да ти препорачан една од Сара Џио Темјанушки во Март поврзани приказни на две генерации кои се поврзуваат во годините. Романса и љубопитност. Се чита во еден здив.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    За релаксација на одмор овие книги ми се задолжителни, баш се за пуштање мозок на пасење. Најмногу ми се допаднале книгите од Александра Потер и Џули Џејмс.
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.573
    Допаѓања:
    78.940
    Пол:
    Женски
    Не сакам вакви книги, не се мој вкус. Имам прочитано по нешто од оваа категорија, како џабе да сум читала. :|