Го имам pou на мобилниот, но тоа не е тоа. Чипичанот беше многу поинтересен, а ова pou ми здосади уште на вториот ден. Е сега да најдам чипичан ќе си купам еден. Како мало дете сум.
Исто и јас имав поу на телефонот, ама не ми е тоа тоа и го избришав. Порано колку чипичани имав. Нон стоп со нив, ги хранев, уште што не. Интересно беше
^ Ова е тоа. Исто како Поу онаа играта за Андроид, само некако олд скул. Јас имав исто вакво, црвено. И очајно си барам пак, дали можеби уште ги има некаде на пазарче ?
Чипичанот во нашата фамилија има предизвикано трагикомична случка. Братучед ми (како сите во тоа време) имал чипичан и многу си го сакал и убаво го чувал. И братучед ми еден ден кога отишол на училиште чипичанот го оставил баба да му го „чува“. Баба го нахранила, го избањала се како што треба, но кога се вратил братучед ми од училиште имало крстче на чипичанот. Братучед ми плаче, баба ми се нервира, главата ја боли. И на крај дознале дека после 12 дена чипичанот умирал.
Леле се вратив во детството хаха ех, убави спомени Само никако не можам да се сетам дали имав црвен или жолт
Препекав за овој чипичан, ама многу го сакав како дете го гледав не смееше ништо да му фали никако, а кога одев на школо мајка ми го играше
Омилената играчка ид детството, кога би можала да најдам некаде иако знам дека нема веќе, би си купила и би си играла. Овие апликацииве за телефон не можат да го заменат тоа мало ,,машинче''.
Се превртив Бт, и една жена од пазар ми вели веќе два месеци „од другата недела“, дали знајте кај можам да најдам?
Уф, ми текнува бевме на крштевка (си го носев чипичанот секаде со мене), отидов во ВЦ и ми падна во шолјата. Ми купија друг после ама тој ми беше омилен.
да знам какви би биле овие од кај чичко али експрес ОДМА би си порачала... баш онака ми е спомен од детството
ај ќе избегам малце од темава све во последно шо порачав ме разочара .... и плус на сиве чипичанчиња има шипинг
Уште имам 2 ми лежат негде фаќаат прашина, кога се појавеше крст на чудово, мислев светот ми завшил, се разочарував.
Леле како ми фали.. Омилен ми беше, си го носев секаде со мене хехе .. Децава на денешницава не знаат што пропуштиле.. п.с не сум ја сретнала темава претходно.. )