Леле бе, зашо вака во доцниве ноќни часови ја видов темава. Сеа цела вечер ќе си мечтаам по чипичан Мислам дека ми беше најомилена играчка, зараза беше еј. И да, кога ќе одев негде и не можев да го земам и го оставав обавезно на баба ми да ми го игра, ама секад забораваше и плачев коа ќе ми го умреше Инаку еве ви сигурен линк на али, без шипинг до МК.
Има и на play store да ја симнете играта. Јас ја спуштив и ја играв пред неколку месеци како дете мало, се потсетив на детството. Потоа ми умре диносаурусчето и ја избришав.
Си нарачав две. Јас уште БТ повремено си врвам кај жената шо ми вели дека ќе ѝ донесат следната недела, секоја недела.
Култната играчка на 90-тите години позната како Чипичан или оригиналниот јапонски назив „Тамагочи“ ќе оживее како апликација за iPhone и Android. Наскоро се очекува да се појави електронски вид на популарната играчка Чипичан. Станува збор за апликацијата Tamagotchi L.I.F.E која ќе биде достапна за гаџетите кои поседуваат iOs и Android оперативни системи. Создавачот на апликацијата е всушност таткото на овој изум, Jапонецот Намко Бандаи, кој ја измисли играчката која се засноваше на грижа на црно-белото милениче и тоа со помош на само три копчиња и која функционираше на батерии. Класичната верзија на апликацијата вклучува цел сет на мини игри, на пример секојдневно вашето виртуелно милениче ќе треба да го храните, пресоблекувате и грижите за неговото здравје, а неговите потреби ќе ги препознавате според изразите на лицето кои се запаметени како ретро моменти. Апликацијата Tamagotchi L.I.F.E веќе е достапна за Google Play, а во App Store ќе се појави наскоро. Првата ваква играчка на пазарот се појави во 1996 година и направи вистински бум на пазарот. Основната задача и тогаш и денес ќе биде грижата за миленичето бидејќи во спротивно тоа умира. Друго е електронски, а друго е вистински во рака, меѓутоа за оние кои толку многу сакаат, но не можат да најдат да купат. Линк до апликацијата. https://play.google.com/store/apps/details?id=com.mawges.wildagotchi