дали некоја од вас има чипкани чорапи,од оние високите до горе што се ...секси...и како се викаат,како да побарам во продавница?и дали ги има во продавници за долен веш..или овие за чорапи?однапред тханкс..
чипкани чорапи Мислам дека секоја девојка има барем еден пар вакви. А ги има насекаде... ползела, калцедонија, на ќошето во ГТЦ имаш фини и не се скапи, изложени на онакви пластични нозе - не само таму туку и низ колку сакаш продавници низ градов, право чудо е да не си видела кога веќе бараш...
чипкани чорапи Сегде има Лиска,Пенти,онаа во ќошето во ГТЦ,Калцедонија и во други продавници за долна облека
чипкани чорапи не сум од скопје јас...бев пред две недели али еве заборавив тоа да видам...а како се викаат тие чорапи?како да ги побарам..или само чипкани чорапи?...и плус тоа ме интересира оние што се зафаќаат за корсет како се викаат со штипки,,како да побарам во продавница?...до сега не сум купувала па не знам
чипкани чорапи Епа имаш самостоечки што се со силиконска лентичка од внатре и ти се лепат без држачи. Држачите. т.е. Халтерите се тие што имаат штипки и ги држат чорапите кои не се самостоечки - т.е. немаат леплив силикон. Некои погрешно ги викаат подвезици, ама сепак е усвоен назив. Чорапите без силикон вообичаено ги викаат најлонки, најлон чорапи, долги чорапи за халтери... немаат некој универзален назив. Ти само влези во продавница и не се секирај, си знаат се продавачките.
чипкани чорапи И јас сакам вакви да купам,и не знаев како се викаат.Во скоро време ке си се подновам,многу ми е мерак.Само незнам дали во мојов град ке најдам нема некој избро за долна облека и такви работи.
чипкани чорапи Кога одам во продавница си ги барам како подвезици , продавачката ме прашува со силикон или без , си земам со силикон и ајде чао , засега имам 2 пари како бојата на кожата и црни
Неколку пати имам спомнато дека мразам хулахопки.Естетски ми се одвратни и крајно неудобни.Кога има потреба носам високи чорапи, некогаш со силикон а за посебни прилики со подвезици Ги обожавам ептен ми се ретро,секси,женствени,заводливи.И покрај ова претпочирам долната облека да ми е комплет.Најчесто ги купувам од Сара Фешн,цените им се прифатливи а квалитетот одличен.И по многу пати носење и перење во машина силиконот си ја брка работата.Ги има во сите бои и дезени, и секако класичите месо боја и црни.Битно ми е да се со чипка горе,ептен секси шмек имаат така..а да се биде секси за мене е битно. Достапни се и по-секојдневна верзија од истите и доста се популарни деновиве.Со висина над колено.Само да смислам како и ќе си ги носам оваа есен сигурно По секси нешто за жена уште не измислиле Спојлер