Обожавам чипка и отсекогаш сум ја носела, ми одговара на мојот готил стил. Али се нервирам што сега е во мода и секој некој ја носи. Саааамо затоа што е во мода.
Мене чипката ми се допаѓа и не, зависи како е комбинирана. Еве на пример хеланки со чипка многу мразам, незнам зошто ама воопшто не ми се допаѓа таква комбинација. Не е работата само да има чипка и да биде накитено, треба едното и другото да си одговараат.
Убава е чипката но некако сите веќе почнаа да ја носат,во дискотека пола од девојките се во чипкани ракавички и фустанчиња
Чипката делува многу многу женствено. Како и да е, чипката не била андергаунд па сите почнале да ја носат, туку ја донесле во нашиве продавници и фала богу нешто поразлично и убаво и зошто да не се носи. Јес да сме назадни,ама не до толку па.
Неверојатно секси, а истовремено и романтичен материјал. Се разбира ако е облечено со вкус. Се‘ што е претерано не чини. И не мислам дека е создадена само за долна облека.
Едноставно листајки низ темава видов модел како фустанчето кое многу ми се свиѓа( она за кое велевте дека многу често го носат, со три четврт ракавчиња и гол грб, црно) па би сакала да замилам некоја од девојките да ми пише каде ги гледала низ скопјево и одприлика која цена се ??? Би ви била бескрајно благодарна зашто ќе ме поштедите од талкање по ладново, а сакам да имам едно такво па макар и еднаш да го облечам
Terranova Имаше повеќе видови на фустанчиња со чипка. За НГ, имаше 3 девојчиња со таков фустан меѓукоја и другарка ми
обожавам чипка, инаку немам многу облека од чипка но планирам да си се подновам со нешто чипкесто вакви рамбовки од чипка имам во црна, црвена и жолта боја, си ги купив пред неколку годин во tally weijl и уште си ги носам, супер се
Сакам чипка но да не биде мн нападно... мн мразам од глава до пети чипка,пример фустан цел со чипка и штикли со чипка...сакам да биде убаво ,поедноставно,ненатрупано...
Супер ти е маичкава. Јас сум во потрага по совршена маичка од чипка. Рамбовка за мене не одговара па барам нешто друго.