Всушност ова е мојот аватар ама многу ми е убавко ова чипканото блузиче... Може да се облече и за на плажа а зошто да не - и за излегување навечер.
Чипката знае да биде навистина убава. Може да делува елегантно, женствено, нежно... Но ако се претера со неа или лошо да се искомбинира ке изгледа тотално невкуно. Убаво е едно парче или дел од облеката да биде со чипка, но не да се претерува зошто тогаш се губи и самата сензуалност на чипката. Инаку преферирам да ја носам од време на време, убава и има некој посебен елегантен шмек.
Чипка ми се допаѓа во секаква комбинација, но најмногу кога не преовладува и кога е подискретна. Пример, многу елегантно и убаво ми изгледа кога ќе облечам маичка и одозгора ќе ставам сако и ќе го закопчам. Така малку да ѕирка чипка.
Чипката е преубава, имам ракавици чипка, имам ролка горен дел чипка,имам така доста детали од чипка, некако ми е многу женствена и елегантна.
Просто ја обожавам, следна креација ми е црно чипкасто фустанче со цел гол грб , сеедно било каква боја, за додаток е супер, ете за нова година пола фустанче ми е со чипка имам и нараквици кратки
Чипката направи голем бум во последно време. И баш заслужено! Ја обожавам. Многу е женствена, елегантна и предизвикувачка. Порано ретко носев чипка, само по некој детаљ, а во последно време се почесто ја носам.
Лелее обожавам чипка.. посебно ако е некое чипкасто фустанче или блуза со чипка.. Ах, обожавам Love it
Чипката според мене е хит сезонава и според мене некако ми е женствена,елегантана Во последно време ја обожавам Носам чипка од толку што ја засакав си купив штикли со чипка А за долна облека чипката мислам дека е АУУ нешто секси,елегантно па подобро машките да кажат хехе
Секојпат ми се чудат другарките. Си носам широко најчесто, сакам да се чувствувам удобно, али да не ме соблечеш. Обожавам тантела и долниот веш ми е во сите можни бои и дезени
Сакам чипка ама умерено Имам неколку фустани со чипка и ми се допаѓаат...Не се претерано ,,исчипкани"
Многу убав моден детаљ,обично парче облека може да го направи многу поженствено и елегантно.Ама како и се од ваков тип,ако се претера делува сосема спротивно.Најубава ми е во црна и нежна кремаста варијанта.
Чипката... едноставо ја обожавам ! Толку е елегантна, убава, женствена... Би можела да ја носам постојано. И не само како долна облека , туку и во кежуал комбинација и за свечени прилики.
Порано мразев чипка али сега не.Несакам премногу чипка тоа ми е ту мач се со граница во зависност од облеката.Инаку црната чипка ми изгледа многу сексипилно уште да се докомплетира со соодветни штикли,шминка,накит уфф
Обожавам чипка. Сестра ми има црн фустан, на двете страни е со чипка, и е со еден ракав, и се носи со чипкани ракавици Го обожавам фустанов!
Многу сакам да носам чипка, премногу е женствена и елегантна. Но мислам дека повеќе не е хит... Имам шиено неколку фустани со мали додатоци чипка.. и прекрасни се..