1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чипс

Дискусија во 'Рецепти' започната од girl-miri, 30 октомври 2013.

  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    подготвувате ли дома чипс?
    пишете некои рецепти како правите вие чипс?!.

    јас подготвувам моментално нешто по мое :^) е сега како ке испадне ке видиме :)
    ако биде вкусен ке пишам како го подготвив :)
    гледав нешто да не има за ваква тема ама не најдов,така да пишете ваш начин на подготовка :!: и вкусен да биде :^) е моево како ке испадне ке видиме :)
     
  2. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    чипс

    јас секогаш дома си правам , рецептот е овој ги сечеш на многу танки стапченца после ги ставаш да се пржат колку што собира садот и кога ке се затврднат ги вадиш инаку треба да излезат крцкави потоа ги посолуваш колку сакаш зависи ставаш вегетичка исто колку сакаш пипер нелута и ликче сескано а можечш ако јадеш луто и лута пипер да си додадеш премногу се вкусни еве вака изгледаат
     

    Прикачени фајлови:

    На mal.ecka, joy1 и girl-miri им се допаѓа ова.
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    ааааааа испадна убаво чипсот :D
    па вака го правев,компиR сечиш на тенки кругови и во сад подлабог ги ставив и посолив,малце црвено биберче и зачин како тревичка со вагета мешано,ги промешав убаво и ги пржив :)
    супер испадна :)

    нареден пат ке го пробам овој рецепт на елизабета :)
     
  4. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.346
    Пол:
    Женски
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден сама правеv чипс домашен, по мој рецепт :lol:
    Лесно и едноставно ги излупив компирите и потоа ги исецкав на тенки кругчиња и ги испржив, кога ги вадев од зејтинот веднаш сол и ставав и тоа е тоа премногу лесно а сепак вкусно, ми дојдоа другарките па покрај тетка ми и тие ми го пофалија чипсот :)
     
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
  7. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    И мене ми се допаѓа ама не знам дали може и во релна
     
  8. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    може ама треба мн да се внивама да не ти изгоре :D
     
  9. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.346
    Пол:
    Женски
    Правевме нов домашен чипс во рерна и супер испадна.
    Значи се сечат компирите тенко (јас сечев со онакво ноже за лупење), значи како да ги лупиш, така теко.
    Се редат на крпа едно до едно, и одозгора пак крпа за да упие убаво.
    На плехот од рерната се става хартија за печење и хартијата се премачкува со зејтин со четкичка.
    Се редат компирите едно до друго, не е проблем ако се допираат. И пак одозгора со четкичката се премачкуваат со зејтинче. И солца или некои друг зачин.
    Во рецептот пишува да се печат десетина минути, при што на два три пати треба да се отвори за да излезе влагата. Но кај мене беа побрзо испечени.
    Многу беа вкусни.
     
    На mal.ecka и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    885
    Пол:
    Женски
    Потребни состојки: Еден или повеќе компири или друг вид на коренест зеленчук

    Сол и други зачини по желба

    Маслиново масло, по вкус

    Подготовка:
    Исечете ги компирите на тенки плочки така што најпрво ќе го пресечете компирот на половина, а останатото ќе го направите со рендето. Потоа плочките ставете ги во чинијата со ладна вода. Доколку имате време оставете ги плочките во вода убаво да се исчистат и потоа убаво исплакнете ги.

    Компирите наредете ги на хартијата за печење, притоа внимавајте мавајте тие да не се допираат еден со друг и потоа ставете ги на чинијата. По желба ставете зачини, а за посилен вкус премачкајте ги со маслинов зејтин.

    Вклучете го микробрановата на најсилно на 3 минути. Потоа силината на микробрановата намалете ја за 50 на уште три минути. Кога компирите ќе станат крцкави и златни, извадете ги. Постапката повторете ја со останатите парчиња од компирите.

    Чипсот ќе остане крцкав неколку дена доколку го чувате во кеса со херметичко затворање.


    Се лупат компирите и се сецкаат со алатка за сецкање зелка со тоа во средината. Исецкани компирите се пржат во загреана фринтеза околу 10-15 минути. Се посолуваат со зачин.

    За само 15 минути пред фудбалскиот натпревар, еве какво крцкаво уживање можете да подготвите.

    Потребно ви е: 1 голем компир, зачин, малку сол, масло

    Подготовка: Излупете ги компирите, па така насечкајте ги или изрендајте ги на тенки кругови. Потопете ги во чинија со ладна вода, затоа што отстранувањето на вишокот скроб ќе ви помогне да добиете крцкав чипс.

    На послужавник или чинија која смее да се стави во микробранова ставете хартија за печење, па потоа наредете ги круговите компир. Водете сметка да зафаќаат само еден слој, не ги редете едни над други.

    Пропрскајте со малку масло, посолете и зачинете. Печете го компирот во микробранова околу 5 минути на највисока температура. Оставете го да се олади 1 минута, а потоа печете го уште 4 минути.
    Повторете ја постапката со преостанатите парчиња компир, наточете си пиво и уживајте!
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.