Го гледав и овој ама претежно го има он-лине и не е скап 2800. Ако знаете да ми препорачате некоја сигурна он -лине страна.
Здраво Јас го купив рачниот парочистач, па ќе видиме како ќе се покаже. Првпат купувам, очекувам многу а и сум скептик. Е сега некој да ми каже дали може за мебел, конкретно за врати фарбани, и за шкафови и комоди. Страв ми е да не ги обеле.
Слободно чисти. Ништо нема да се случи. Баш пишував во темава. Во Мк се чистев со него. Прозори, врати, кревети, плакари, комоди, паркет, плочки во вц, ролетни.... И јас бев скептик на почетокот, ама добра инвестиција е тоа. Најбитното... Дезинфицира.
Благодарам на одговорот. Јас пробав со страв сосема малку на дрвена површина, ама сега се охрабрив . А што се однесува за плочки и фуги дефинитивно е закон. Сега уште да пробам како ќе ми оди со веницијанките . А се прашувам дали може и ѕидовите да ги поминам, кречени се со поликолор. Или премногу барам
Сега моментално се занимавам со парочистачот и венецијанките. Ако ти се многу валкани, прсни нешто средсво, пример Арис Деграс, и уште полесно ќе ти оди. Зависи колку прашина ти се насобрало. Се чисти и без средство, ама вака скратуваш чистење на пола.
Не сум пробала ѕидови да чистам. А и не верувам дека ќе биде добро заради пареата. Нели влажно остава после чистење. Јас вчера го добив парочистачот (тука во Ге). Денес купатилото ќе го чистам. Џогерите врска немаат. Пак останува нечистотија на подот.
Тој што го имам овде е сличен како овој. Добар е. Големата крпа се лепи на големата четка. Јас порачав од Амазон од оние што се стегаат. Поубави се. Ги перам во машина на 40 степени, на програмата за памук. Ако го проба пиши впечатоци.
А дали се ефикасни овие парочистачи за прозорци, ептен ми изгледа примамливо, дали ги чистат или ги мрчкаат повеќе? Има ли некоја искуство да сподели?
Ај објасни ми прво парочистач па потоа со брисач, не те разбрав. На фб ми излегува еден а има коментари задоволни купувачи. Ја мислам само поминувам со парочистач и завршена работа. Или после треба со сува крпа.. Дали побрзо се завршува со него? Јас кога го бришам цел ден поминувам во бришење, сакам нешто попрактично и лесно а да е ефикасно.
Поминувам со брисач затоа што на додатокот за прозори не го ставам крпчето. Без тоа се чисти. А останува влажно на прозорите без крпчето.
Во Мк имам Фуего. Ама гледам дека веќе го нема во Нептун. Тука порачав од интернет. И јас имав мака со чистење на прозори.
Со весник и средство за стакло. Ја имав онаа крпана за стакло, пак е рашлакано, со весник стакло. Ни траги ни ништо не остава, освен на рацете, како на механичар ми се.
Со парочистач за еден час ги поминувам сите прозори дома, измислен е за нив. Крпа ти треба ако без неа ги поминуваш со парочистачот, ама ако ја ставиш таа што доаѓа со него, нема потреба. Макар што и да ги пребришеш после парочистачот не одзема многу време, сите флеки ги вади одма, дури и на рамката на пвц прозорите. Светнуваат одма. Јас имам на Karcher.
Од Ивбис, во Скопје на излезот од Маџари према Автокоманда. Околу 9200-9500 го зедов, не паметам точно, сега може и поскапи се. Мојот е SC2 модел, не остава вода после чистење како претходниот од топ шоп што го имав.