Не знаев кај да го поставам прашањето, ако треба нека се премести. Дали некој има искуство со ова? Звучи супер за некој што мрази да брише прозори
Немам појма, случајно ми излезе ова на фб од стокомак па мислев да не го има некој па ако е добар и ако чисти сам пример како робот правосмукалките трчајќи да одам во стокомак
Здраво. Дали може некој кој ги има производите на Kärcher да ми каже како е задоволен и да сподели искуства со овај модел.
Скоро се. Посебно е добро за тврдокорни дамки. Прозори, парно, плочки, па дури и мебелот можеш да го дезинфисираш, самп треба по внимателно за дрвени површини. Ламинат, само што бидејки е рачен е малку напорно за под.
Здраво, барав тема за подно греење ама не најдов. Најверојатно во домот ќе имаме подно, па претпоставувам дека не би ставала теписи Сакам да прашам дали ако немаш теписи дома можеш да користиш само чистач на пареа наместо правосмукалка? Ако да, кој би ми го препорачале?
Да си земеш чистач на пареа кој ќе ти одговара најмногу на буџетот. Откако си земав видов дека сите се практични и незаменливи. Без трошка напор плочките во кујна и купатило се нови, ролетните светат, лајсните на прозорите исто светат како нови, имам паркет и не го користам за под. Само буџетот да си го определиш, сите се со 2 години гаранција, па може да си земеш и поевтин и ако ти се расипе за две години да не ти е мака да си купиш нов. *Не можам да ти објаснам колку ми е убаво кога ќе си ги погледнам ролетните дека ми се светат и тоа без мака.
Јас сакав таков да купам, ама немаше. Во Нептун бев. Спас за мене откако го имам. Е сега.... Во Мк не најдов резервни крпи. Плочките во вц кога ги чистам
Супер е. Не е ниту скап. Плочките во вц ги чисти така ? Тоа ми е најбитно. И ламинат претпоставувам чисти, посебно фугите.
За крпи во Ист Гејт има продавница на Крусел, долу кај Тинексот, а има и бројче на Фб па можеш да им се јавиш и да си резервираш или некој да ти земе и да ти прати. Можеш да му замоташ и микрофибер крпа или некоја стара памучна маичка и ќе завршиш работа. Плочките светат! Немам ламинат, со паркет сум и не го пробувам страв ми е да не направам беља само за тоа не го користам. Ако ми се расипе за две години ќе го фрлам и ќе си купам нов ист, пак со 2 години гаранција, ама маста му ја имам извадено.
Во Мк имам паркет. Нема проблем со тоа. А за крпи..... Порачав од Амазон. А кога ќе идам во Мк ќе отидам таму кај што пиша. Само една крпа имам. И плус таа малата, за додатоците.
Буквално сам чисти! Ставаш дестилирана вода и само стој, ниту да триеш, ниту хемикалии, ниту да трчаш крпи да премиваш... Се мислев за Карчерот ама ако ми се расипе ќе се изнервирам и ќе го баталам а ѓавол ипол е, ова е 5000 со 2 години гаранција, досега веќе му ја имам извадено маста.
Pa kaj mene doma e samo plocki sekade osven vo spalna,ne mozam so dzogerov se utepav sekoj den,sekoj den cistam i nakraj pak zamackani se,se nerviram duri mi se place...ke go zemam ne e skap