Водата истекува, ама и оди во деловите кај што не треба, ќе ти го расипе, после излегува џабе фрлени пари. Имав сличен, затоа знам. Парочистач за прозори е милина, и ролетни и прозори и корнизи чисти без многу мака. Дома имам доста прозори, башка што се повисоки ( таваните во некои соби ми се три метра високи), за помалку од половина час се светнати. Ни бришење треба, ни ништо. Порано цел ден губев на прозорите, вака со парочистач се скратува времето.
@katalina ако е како на видеово да се расклопува во повеќе функции да си го земеш без размислување, ама да си купиш повеќе крпи за под.
Здраво, Дали некој го има овој рачен чистач на пареа и дали сте задоволни од него? Дали додатокот со крпа може да се користи и за чистење прозори?
Го имам од месец Март Од јуни навака не го користам често но не е како на почеток како што беше, ми треба повеќе време за бигор на некои недостапни места. За плочки во кујна над плотна е супер за зебра завеси потемни бои ок, ако се посвети повеќе време добар е и за столици и гарнитура. Додатокот за прозорци го немаат штета баш тој и мене многу ми е потребен. Но и вака е практичен после само да поминеш со крпа на прозори и тоа е тоа.
Нема додаток за прозорци ама можеш да ги поминеш со обичниот дел и после со крпа. Јас го земав на Искра, 5000 денари со сите додатоци. Ова буквално чисти само.
@Antebellum јас мислев делот со крпата е за прозори Јас те читав дека го имаш од Искра, ама овој ми се виде поефтин Ќе разгледам и други марки, ама битно врши работа значи
Тетка ми го има, ама го вртиме ко наргиле на ти го, дај ми го За прозори има гумен додаток и со него чистиме. Тоа со крпчето додатокот за кревети/гарнитура го користам и ок е. Има во нејзиниот и 3 четки челични различни по мекост тие па рерната/тави чистев со нив, а за што се везе немам За парите арен е
За прозорци чистење кој е најдобар, и ме интересира дали со него смеам и ПВЦ да поминам, да не оштети случајно. Да има па и некој додаток плус за завеси да запеглам идеално би било Само да не е изгор скапо
Imam i ariette i iskra, najubavo nesto sto sum kupuvala mozes se da pomines vrati kujna pvc staklo plocki laminat bukvalno se
Искра пред 2 години беше 6 000 денари. Ама во Нептун го немаа на залиха. Па земав Фуего. Сега и тој го нема. Мислам дека тој модел веќе не го продаваат. @anggell каков и да земеш мислам дека нема да згрешиш. Можеш да чистиш прозори, пвц, врати, плакари, гарнитура, плочки во вц...... Само земи таков со додатоци. Оти има парочистачи само за под.
Јас го купив скоро. Само за под го имам пробано сега за сега и е супер. 10 во 1 е и има секакви додатоци. Се чистат и прозори. Еве и видео.
Здраво, да го зедов парочистачот. Ги немам испробано сите додатоци, само тој за под и малото за гарнитура. Ок е за парите, мислам доста ја олеснува работата со чистењето,од голема помош е. Задоволна
Ми треба парочитач првенствено за гарнитура. Длабинско чистење да нуди. Да може и теписи да се поминуваат, ако има таква опција. За подови и прозори не ми е. Што опција имам?