Го меркам откако го пиша, впечатоци? Сакам да намалам на средства, посебно во купатило. Ходникот и кујната би ја чистела, за паркетот не би, но не е проблем. Имам и стаклена тераса, која е издадена и ми е проблем, зошто често знаат и гулаби да дојдат да завршат работа, па со доместос ја чистам и неа, па вријам крпи, фрлам.. сега за сега ми е ново, и дома сум, но ќе тргнам на работа наскоро, сакам да убрзам чистење.
Задоволна сум. За плочки е одлична, исто и за тоалетот. Лавабоата и шолјата прво ги попорскувам со средство, лавабоата најчесто со алкохолен оцет да омекне бигорот, само парочистачот не го вади така. Во шолјата си ставам соодветно средство, а околу поминувам со парочистачот и соодветната четка. За прозори и плочки е одличен, не ти треба екстра средство, вади се' и ги светнува. Ми се допаѓа што не останува многу вода после чистењето, со претходниот парочистач морав после и водата да ја собирам. Ако има нечистотија, прашина, прво пребришувам со крпа или правосмукалка, после со парочистачот. Баш сега го исчистив тоалетот, за пола саат го светнав, а голем е, фудбал да играш во него.
http://www.ivbiskarcher.mk/ Локацијата им е на излезот од Маџари према Автокоманда, до плацот за половни автомобили.
Ги прашав дали го имаат овој модел, ми одговорија: Немаме аматерски парочистачи, само профи Нешто не ми е јасно, изгледа ќе треба да барам некој друг модел или да се обратам на друго место.
Ние отидовме директно таму. Долу им се профи апаратите, на спрат има мала продавница со апарати за домашна употреба, не само парочистачи, туку и правосмукалки, како и резервни делови, додатоци и ќеси за апаратите.
Најдов на друго место, се надевам дека се работи за истиот модел само што е малку поскапа цената https://klintek.com.mk/product/sc-2-deluxe-easyfix/
Вчера ни стигна Ровусот и го пробав за прв пат и прв впечаток ми е дека сум задоволна. Посебно во собата каде што ни седи песокот од мачката, плочките таму беа тешки за чистење ( кој има мачка ќе знае ) со ова се што беше тврдокорно навлезено на плочките излезе супер. И добро е што има неколку крпи и во секоја соба ќе поминувам со различна, посебно во неговата. Знам дека не се става средство ништо, хемикалии, парфеми, ама една другарка става само неколку капки есенцијално масло за да остави мирис добар, па следно ќе пробам и така.
Не е истиот, мојот нема делукс во името Сличен е, секако, верувам дека е доста ефикасен. Мене ми се допаѓа што не остава многу влага, т.е нема толку течност после пареата како што беше случај со претходниот од ТопШоп што го имав, псоле него морав вода да собирам. А со овој не е така.
И јас го земав и го пробав, од еднаш сум презадоволна. И баш се мислев и јас што би ставала за да мириса убаво. Ми даде идеа Ќе реновираме дома, па за тогаш го чувам за повеќе впечатоци.
Дали некој го користи парочистачот за стаклена површина,кој,и дали сте задоволни?Значи баш највеќе ми треба за таа намена.Имам еден цел огромен ѕид само со стакло и ми е смачено цело време да ги бришам.Читав искуства некои викаа супер некои викаат дека им шмрља.
Девојки, дали имате некој предлог за парочистач, кој покрај основните функцуи, плочки санитатии, би можеле да се чистат гарнитури, душеци и теписони? Од друга страна што мислите колку се безбедни за паркет, слушам спротивставени мидлења, едни дека се супер, други дека фаќа мувла, се крева паркетот и сл.
https://www.krusel.mk/aparati-za-do.../solac-lv1301-steam-jet-2-1-chistach-na-parea Да не го има некој овој чистач на пареа? Или дајте некој предлог кој сте задоволни. За под имам ваков некој ми треба.
Дсли некој го има овој модел на чистач на пареа ISKRA JC-208C, и ако го има колку сте задоволни од него?
Покрај сите разгледани понуди, се одлучив за парочистач Karcher SC 2 deluxe easyfix premuim. Доаѓа со џогер и две крпи за него, Прскалка за пареа, две кружни четки (малечка и поголема) и уште една поголема четка со додаток крпа за мебел и теписони. Презадоволна сум.
Здраво девојки Ми треба мислење https://m.tehnomarket.com.mk/product/29288738/colossus-css4100c-chistach-so-parea За фирмата не сум слушнала ама ми се допаѓаат перформансите дали некој го користел или користел производ од Colossus па да ми кажете мислење? Благодарам , убај ден.
Не си ги давајте парите за вакви ноу нејм работи Ако веќе давате пари купете на karcher или некои од тој ранг