Zdarvo, Delimano nudat parocistac za podovi. Me interesira vase iskustvo, posebno so lakiran parket i akril kilimi. Vi blagodaram
Дали некој го користел овој на Виледа? Во техномаркет го гледав,продавачката рече напродаван бил,наводно од ровусот се жалеле луѓе,така кажа. Се мислев помеѓу тие два јас,незнам дали ме излажа продавачката само за да земам од кај нив
Ме интересира за чистење теписи, како ги чисти и нешто околу тоа дали користите плус средства за чистење теписи. На пример влегување и газење со чевли, се прљаат теписите, дали може со чистачот тоа да се исчисти и отстрани. или ?
За тоа неможам да ти кажам затоа што имам само еден многу мал тепих,го поминав колку да го освежам. Средства во апаратов не се користат
Дали некој ја има правосмукалката ROWENTA RY 8561 W, 1700W, 0.4L.. Пишува правосмукалка и чистач на пареа..јас барам нешто такво 2 во 1, но дали навистина е добра за чистење на плочки, ламинати.. искуства, препораки?
Жени дајте препорака за чистач на пареа кој е со пристапна цена. И ако препорачате некој ве молам пишете зошто го препорачувате што ви се допаднало најмногу или зошто Не го препорачувате.
Кој од овие може да се користи и за поминување на гарнитури од материјал, од кој сте задоволни, не сакам само за подови да биде. Лежајот ми е од плиш, и се окапувам рачно стругајки, крпата мокрам и со средство стругам додека раце не ми паднат. Постојано мислам дека има секаде бактерии по теписи, па барам нешто што ќе ми ја ублажи психата
Сега викате karcher да се зема а? Многу пари е некако ама па доста ми е од чкарт роба шо се расипува за година две. Вие што имате karcher, уште сте задпволни? Хаха
Уште. Веќе втора година тераме, фала Богу, добар е. Секако примарни производи на Карчер му се парочистачи, профи и за домашна употреба.
И јас имам карчер цела година и сум задоволна. Под како под, сите исто чистат ама плочки како чисте алал нека му е мислам дека го вади и тоа нечистото од мајсторот кога ги лепел.