Не сум чистела рерна да бидам искрена. Претежно за плочки, прозори и санитарија го користам. Може ќе го пробам и за рерна.
Го вади. Имам шпорет на плин и го имам чистено неколку пати со таа ептен малата четкичка, и плочките до шпоретот ми фаќаат маснотии и со него ги чистам. Исто и респираторот. Инаку јас го имам sc3. Ме интересира гледам по youtube чистат со него и каучи па ако некој пробал да ми каже искуство?
Јас го имав она зеленото Х2О од топ шоп на времето купено, добро беше, ама многу вода оставаше, како влажно. Се расипа, затоа ново сакам, ама нешто сакам поквалитетно, затоа во карчер се загледав.
Истото го имав, не да оставаше влажно, ужас. Ова на Карчер не остава толку, по некоја капка, да, ама вирови нема. И мене ми се расипа тој, почна да прегрева моторот и да мириса ужасно.
порачав карчер, чекам да стигни за ден два. SC2 deluxe модел. па ќе кажам искуства. Фала ти многу на ривјуто
@Ladybug98 и @Annath стигна и моето пробав од радозналост во купатило, чисти, убаво е пушта малку вода на почеток со првиот притисок, ама не е страшно.
Да те служи долго време и со песна да си чистиш Јас со помалата четка и крпа ги чистам и ормарите и вратите низ станот, потоа само минам со сува крпа.
Јас видов дека крпите од џогерот се лепат на ова, јееее фри крпиииии, и плус на папучата пробав домашни крпи да си врзувам, фукнкционира... јееее уште фри крпи, ахахаха
Со здравје да си го користиш. Сега песна ќе ти биде чистењето. За прозори да не правам муабет. Мене само на првото пуштање ми течеше повеќе вода, после тоа не.
@jacqueline.s ќе го користиш ли за паркет чистење? Ако да, те молам пиши искуство. И јас долго време се мислам за овие од Клинтек, многу ќе ми значи ако е безопасен (да не остава вирови) и применлив за паркет.
Не се осмелувам на паркет, особено на мојот кој е цел со пукнатини измеѓу, катастрофа е на плочки и имам линолеум во салонот, таму ќе го користам, на паркетот џогерче, тоа е.
Овој го имам јас Sc2 easy моделот. Прозорците ги бришам со малата четка и на неа соодветната крпа со ластик. Ама ставам и обични крпи направени од стари маици, оти се валкаат од надворешната страна на прозорите. После само пребришувам со сува крпа ако има потреба, а најчесто нема. Флеки од капки нема, оти користам дестилирана вода. Многу ми помага оти имам високи прозори, и вака ми се лесно достапни.
Баш ќе пробам и јас деновиве, го имам веќе 2 години ама прозорците ги бришам на рака затоа што мислев ќе остава вода и двапати работа ќе ми испадне.
Девојки не ми се смејте ама морам да прашам.Овие моделите на карчер што ги имате и зборите само се користат како парочистачи или и како правосмукалки?
Како го чистите стаклото од туш кабината? Со делот со крпа или? Кај мене не излегува бигорот од стаклото.