Морам да те цитирам и да ти се заблагодарам вака јавно Будалче сум била до сега што не сум пробала, пробав и имав чисти прозорци за 15 минути! Ама буквално 15, а целиот стан ни е со огромни прозорци што стално ги одбегнував од бришење - а сега песна ми е
Го нарачав Карчер SC2 Delux, сеа пред да направам утка, да прашам, сте го пробале на таркет/паркет @Annath @Ladybug98? Имав стик парочистач од топшоп на Шарк, без проблем чисти паркет, ама не знам дали Карчерот нема да е многу појак На јутуб русинкиве се чистат со него
На паркет не, немам паркет. На ламинат да. Ама искрено повеќе за прозори и купатило го користам, за плочки секаде каде што имам, полесно ми е.
Од кај го земавте и која му е цена на чудово? Дали ќе го бива и за долу плочки чистење или пак е помалечко, како рачно за ѕидни и прозори само? Барам решение за куќа цела плочки и прозори високи насекаде
Јас овој го купив околу 100€. Има понови модели 3,4,5 мојот е 2ка, доволно ми беа тие додатоци Имаш мали четчиња за мали работи и голем џогер тој за под. Јас сум презадоволна
Јас по многу исчитани страни и изгледани видеа го нарачав од тука: https://klintek.com.mk/product-category/home-garden/парни-чистачи/ Само нарачав и плус додаток за прозорци. Имаш различни величини јас го нарачав делукс СЦ2. Имавме од топшоп оној што идеше со Шарк ама е само стик нема додатоци за плотни, плочки, прозорци. Екстра ми беше тој, усисувам, после поминувам паркет со него, без средства, џогери итн. За овој ќе кажам импресии понатака.
Dali nekoja od vas ima iskustvo so vakov cistac na parea? I uste nesto ,dali mozi so niv da se cistat venecijankite?
Продавам чистач на пареа Iskra JC 220-S, некористен, добиен на поклон, со валидна гаранција. Повеќе инфо во порака.
На Карчер наназад постовите побарај ги, нивните чистачи имаат додаток со кој можеш да поминуваш мебел за дезинфекција и освежување.
Размислувам да купам рачен чистач на пареа па би ве замолила доколку некоја од вас има купено да сподели искуство
Здраво девојки,купив чистач на пареа и ме интересира нешто. Кога го чистам тепихот и ламинатот ми остава вода, претподтавувам треба веднас да е суво. Грешам јас некаде или? Поздрав
Да не знае некој каде можам да најдам крпи за Искра чистачот на пареа? Во нептун ,каде што го купив, нема. Онлајн да не знае некој,каде можам да нарачам?
Aj ve molam preporaka za dobar cistac na parea za plocki? Imam cela kuka na plocki (najgolema greska sto nekogas e imam praeno) i stvarno veke ne se trpit