1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чистење на својата душа

Дискусија во 'Религија' започната од KittyAgnes, 12 март 2021.

  1. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Прво мислев во Психологија да ја ставам темава но поради религиозниот аспект тука ја сместив...

    Читам една книга...не се согласувам со се што е напишано, но има одредени работи што ме натераа да подразмислам.. Ја споделив со блиските за мислење, ќе ја сподлеам и тука, ме интересира што ќе кажете.... Има мнг точки за оваа *теорија* но стварно ќе се обидам на кратко да објаснам

    Лошите работи во нашиот живот се случуваат бидејќи ни ја чистат душата и ние доколку со внатрешно смирение ја прифаќаме ситуацијата и не дозволиме омраза, гнев, презир да се всади длабоко во нас, ќе можеме да продолжиме со нашиот живот мнг помудро и постабилно. (прифаќање на ситуација не значи пасивно однесување од наша страна, да се разбереме)

    Сега како личност на која и се имаат случено незамисливо тешки работи (исто како и на мнг други во светов), малку ми е големо апчево за голтање, но како реалигиозна особа можам да ја видам и оваа страна.

    Да пробам наједноставно да го објаснам...

    Цитати од Библијата- Сакај го Бог над татко и мајка, над син.....
    Исус рекол- Дојдов да ги разделам мажот и жената, таткото и синот...

    ....Се со цел Бог да го ставиме прв во нашите животи...Но нашата природа е слаба така да ние мнг лесно се приврзуваме кон земски работи, и ги ставаме над Бога...На пример семејството, домот, облеката, работата, судбината, уметноста итн.... И тогаш (освен на лошите луѓе) на *добрите* луѓе им се случуваат ужасни работи како механизам за чистење на нивните души.. Поточно на добрите луѓе им се случувата мнг побрзо и мнг повеќе лоши работи, бидејки Бог е построг кон нив... (барем јас така го разбирам ова)
    Како присилна карма, лекцијата се научи побрзо и врската помеѓи Бог и тој човек да остане силна.

    Ако нашата душа не е постојано насочена кон Бога и не бара нови патишта на спознавање и совршенство, таа незабележливо почнува да се лепи на Земјата и тогаш се вклучуваат присилните механизми на чистење. На почетокот тие се најблаги- убоди, навреди или непријатности од луѓето. Ако човекот не сфаќа дека луѓето немаат врска со тоа, дека Божественото ги лекува, се вклучува присилен механизам. Ако духовните страдања не се прифатат, тогаш се вклучуваат физичите страдања...Опасноста од агресијата не е во нејзината сила, туку колку длабоко ќе продре во душата....

    Како ќе знаеме дали сме се залепиле за земјава?...По нашава агресија и работи што не вознемируваат во секојдневието и ако сето тоа го трупаме внатре (тогаш имаме секакви болести, од депресија до губење на желбата за живот, едноставно програма за самоуништување).. Еден од начините да се оздрави душата е елминирање на критизирањето на било која ситуација, ништо не анализирајте, не мислете на минатото, прифатете се како од Бога дадено... Молитва, каење...и љубов... Вистинската љубов не зависи од ништо земно и му припаѓа на Бога...

    Ете од прилика вака... Што мислите?...

    Јас стварно уште како дете, не ми било јасно зошто мнг од другите деца се однесуваа зајадливо и едноставно лошо кон мене... Многу се лутев и очајно сакав да припаѓам во светов... Можеби на крај на денот тоа било за мое добро, бидејќи Бог ме штител од гордост, надуеност и самољубие... Можеби тешкиот период во мојот брак било за наше добро, да не ми биде мажот центарот на мојот свет и обратно.... исто и работава... и таа еден период ја ставив на прво место па почнаа лоши работи да се случуваат... Има и муабет дека овој вид на *карма* може да се наследи генерациски, дека емотивниот товар од нашите родители ако не го исчистиле ние го носиме и дека треба да се среди...

    Генерално- Треба Бог да го ставиме на прво место и се што правиме да биде во негово име, и за негова цел. Ако работата наша почнува да исполнува само наши задоволства и не ја користиме толку мнг за семејството или за некоја поголема смисла отколку нашата себичност тогаш мора да ни се случат непријатности за да не освестат...

    Се надевам дека ви се гледа муабетов интересен, мене ете мерак ми е да споделам и ме интересира што мислите :inlove:
    пс- стварно не знаев што наслов да ставам ако имате подобар предлог пишете
     
    На No name 123, edna_malecka, Зоранчо и 2 други им се допаѓа ова.
  2. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Убава тема. :)
    Според што сум читала од некои духовни книги, смирението и трпението се две главни работи за спасение на душата. Отфрлање на егото, кога некој лош бран ќе ја здрма нашата душа, да останеме приземни, всушност да не ја изгубиме контролата над себеси (што во некои моменти е многу тешко), но со духовно вежбање, иако паднеме да научиме да се покаеме да станеме и да се приклониме кон Бог што е можно побрзо, да не оставиме очајот да преовлада од нашиот пад.

    Еве на пример Свети Старец Пајсиј Светогорец (светител од наше време роден 1924-1994 се упокои во Христа) Се молел на Бога да му дари болест за спасение на душата. И тоа и се случи :
    C9286E9A-F203-405F-89D9-C182CABD6F32.jpeg
    Има и неколку книги во неколку дела се незнам дали си ги прочитала, топло ти ги препорачувам.

    На нас мирјаните ни е потешко да сме со сите помисли насочени кон Бог бидејќи сме во светот. Но сепак треба да се трудиме колку што е можно повеќе.

    Ќе го споделам и видеово каде што на почетоткот се зборува за Животот на Свети Антониј и како бил искушуван во пустината, кога носел вода како 7 пати му паднала а тој останал смирен. Значи се тестира дали тој после толку обиди ќе остане сталожен и смирен во молитвата.


    Да научиш да си добар некогаш е потребно да се посвети целиот живот. Не е лесно.
     
    На edna_malecka, IRBBB, Dashing:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Убаво кажано :)

    Книги од Свети Старец Пајсиј? Не, не сум ги читала баш ќе проверам, фала за препораката.
    Интересна приказна за Животот на Свети Антониј, ќе го гледам видеово. Обожавам во видео формат да ми се пренесе порака, приказна итн...

    Фала за споделувањето:f:
     
    На edna_malecka и BY<3 им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Бидејќи воведот е долг и читајќи го ми се создаваат разни мисли, морам да го расцепкам цитирајќи го за подобро да го изнесам моето мислење.

    Чувствата како омраза, гнев, презир, итн. се нормални чувства за човекот, кои да, не треба да дозволиме да не совладаат и контролираат. Но истовремено не треба да се плашиме од нив, во моментот кога ќе ги почуствуваме, треба да препознаеме дека ги чуствуваме, да се соочиме со нив дека се присутни и самоуверено ние нив да ги исконтролираме. Кога ги контролираш негативните емоции поголеми се шансите дека ќе го зачуваш сопствениот спокој и дека нема некому да му наштетиш. Значи, сите имаат корист кога не дозволуваме негативните емоции да не' совладуваат и контролираат. Негативните емоции се само емоции, сосема е природно да се појавуваат, поентата е да не дозволуваш да те контролираат.

    Агресијата и тагата се исто така нормални природни емоции. Депресијата е болест која тој кој боледува од неа треба да ја лечи со помош на стручни лица, личноста која пати од неа не е виновна затоа што пати од таа болест, никој не сака да боледува. Ако си хуман добар човек ќе го разбереш тоа, ќе покажеш сочуство и доколку не можеш да му помогнеш, барем ќе се потрудиш да не ми наштетиш на било каков начин. Сигурно нема да го осудуваш мислејќи дека таа личност се наоѓа на патот на самоуништување. Воедно, сметам дека човек треба да биде самосвесен дека добил ретка прилика да живее и треба да ја прифати таа прилика што не секој ја има. Сметам дека не треба да се отфрла животот мразејќи ја сопствената сегашност, животот го живееш сега во моментот и секој ден е прилика да ги промениш нештата кои не ти се допаѓаат во твојот живот. Сметам дека човек треба да биде самосвесен дека минатото е неменливо и е надвор од наша контрола, што се случувало - се случувало и сето тоа постои само во нашата меморија. Иднината е само концепт на замислување и до одреден степен нема логика, па затоа повторно се враќам на тоа дека животот е сегашноста и треба да бидеме фокусирани на неа.Како некој кој порано се будеше и заспивање со самоомразувачки мисли и негативен пристап кон се' во животот, можам да го раскажам мојот начин на "оздравување на душата", а тоа преку сфаќање дека:
    1. (колку и да е клише) животот е краток,
    2. се' што имам е сегашноста,
    3. не треба да имам очекувања, не во песимистичка смисла на зборот, туку едноставно очекувањата се претпоставки, а претпоставките немаат логика,
    4. никој ништо не ти должи, затоа што секој живее свој живот и има право да избере што ќе прави со сопствениот живот,
    5. не треба да осудувам, затоа што комбинирано од број 4 и број 7 и број 8,
    6. благодарноста е важна, бидејќи има толку многу нешта за кои сум благодарна, а често ги заборавам,
    7. туѓиот живот за мене е небитен, но не во себична смисла на зборот, едноставно важно е она што мене ми се случува, она што јас го доживувам,
    8. туѓото мислење е небитно, затоа што тоа е само нивна перцепција, нивна вистина, и не мора да значи дека е реалноста, и посекако ништо не ти менува,
    9. треба да се грижам за себе преку повеќе нешта како медитација, физичка активност, квалитетна исхрана, читање книги, избегнување екрани што е можно повеќе, а поминување време надвор што е можно повеќе, спиење доволно часови, избегнување на токсични средини и личности, итн,
    10. самосакањето, заедно со самопочитувањето и самодовербата се важни за имање здрава психа и цврст карактер, и тие те прават подобра похумана личност.
    Јас ја оздравев мојата душа на тој начин, а не преку молитва. Да, имав многу каења, се соочив со многу мои постапки. Си простив на себе си и им простив на другите. ги прифатив нештата кои не можам да ги променам и се фокусирав на тоа што можам сега да го направам. Продолжив понатаму со животот. Мојата цел е да го задржам сопствениот спокој и да не го нарушувам туѓиот. Мојата цел е да го сакам животот, да се сакам себе си и најмногу од се', да ги сакам тие кои најмногу ми значат. Мојата цел е никогаш да не мразам никого и да ги оставам луѓето да бидат такви какви што сакаат да бидат, да не се трудам да ги менувам, но истовремено доколку имам потреба, да се заштитам себе си и својот спокој. Кажувајќи го сето тоа, не можам никако да се сложам со:

    Всушност, сетоа ова е одвратно. Гадно, бљак, фуј. Сето ова води кај луѓето, а поготово најблиските, да не се сакаат и да не се почитуваат. Сетоа ова е води кон уназадување на хуманоста, а не унапредување. Сакаш да кажеш дека ако мојата фамилија ја ставам прва во животот, ќе ми се случуваат ужасни работи?! Зарем треба да најдеме тука некаква логика, поента, убавина, привлечност, да се согласиме со тоа? Доколку навистина постои бог, па нели токму он ни ја има дадено приликата да се размножуваме и да создаваме фамилии? Нели токму он ни ја дал способноста да создаваме комплексни мисли и чувства? Да љубиме? Да цениме и создаваме уметност? Да, материјалните нешта не се битни, секој поразумен човек кој еволуирал малку повеќе ќе го каже истото.
    Сметам дека најважни се врските помеѓу нас луѓето. Сите ние треба да стремиме да се сакаме и почитуваме, да се подржуваме, да се бодриме, заедно да напредуваме во секое поле. Само така животот е вреден за живеење и човекот ќе еволуира во позитивна насока.


    Ако гледаме така на нештата, тогаш го носиме товарот и ја доживуваме негативната карма уште од првиот човек кој се појавил на планетава. Како домино ефект, првиот згрешил и се пренело на наредниот. Па на наредниот, па на наредниот, итн. Ете нека биде од Исус наваму, не мора од првиот човек. Тоа значи дека сега јас и ти треба да се искупиме за стотици пред нас, а тоа е нелогично, нефер и невозможно. Сечиј живот е еден единствен и уникатен, сопствен за живеење.


    Не, бог и религиите се минлива работа. На сегашните религии ќе им помине постоењето и еден ден луѓето кога ќе гледаат наназад што се случувало сега и во последните 2000 години, ќе раскажуваат од историски/антрополошки/етнолошки аспект што луѓето правеле и во што верувале, исто како што сега ние тоа го правиме со старите народи од Египет, Месопотамија, античка Грција, итн. Исто така, животот е минлив, сме имале среќа да се развие живот тука на планетава, ние луѓето да се создадеме како живи битија и да си поживееме кој колку може. Затоа важно е да се трудиме да еволуираме во позитивен аспект, да се сакаме и почитуваме помеѓу затоа што на крајот на денот сите ние сме од истиот род - луѓе. Еден ден нема да постоиме воопшто како род, затоа што се' има крај, се узумрува кога тогаш, но затоа пак нешто ново се раѓа и нешто друго постои во моментот. Универзумот е преголем и глупаво е да се ограничуваме само на она што се случува исклучиво на планетава, затоа што ние сме дел од тој универзум, дел сме од нешто многу поголемо, и не е фер да го запоставуваме тој факт, не е коректно да го отфрламе нашето учество во заедничкиот универзум. Всушност ако постои еден создадител (ете нека се вика бог), тој го создал целиот универзум, а ако се фокусираме само на нашата планета, тогаш го негираме неговото (целосно) дело. Затоа, немој да сте толку сигурни дека сте праведни од тој аспект. Не тврдам дека јас сум во право, само сакам да кажам да не се ограничувате, да го држите умот отворен, да ги проширите видиците.

    П.С. Интересна тема.
     
    На Sofice, tina2018, edna_malecka и 6 други им се допаѓа ова.
  5. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Glad you like:) Чуствувам бура од емоции додека го читам твојот пост.. Сето кажано твое го признавам и го разбирам. Единствено што можам е да се прокоментирам себеси преку твоето искуство, за да ја видиш и мојата перспектива и што функционирало за мене... :f:

    Јас успеав до сега само со молитва, понизност и трпение. Порано читав мнг self help книги и знаев мнг методи и техники за справување и држење под контрола...Но приметував дека сето тоа беше мнг површно и само надворешно делував смирена..... На пример кога заспивав и кога немав контрола на мојата свест и тело, тогаш таа агресија, гнев итн се враќаше мнг засилено во вид на кошмари и неквалитетен сон... Погоре зборам за агресија која пуштила корења во несвесното.. Фала богу се корисни емоции, не го негирам тоа воопшто...

    Те молам полека, пишаново- програма за самоуништување, не значи дека осудувам туку дека сите тие негативни работи во човекот водат кон негово самоуништување, гаснење на духот..

    Искрено ме радува што твојот начин на оздравување ви помогнало и thank you што го сподели.

    Не сакам тоа да кажам. Во книгава се потенцира дека за се што земјено сме се залепиле, ќе мора да се одлепиме.. Се што сме ставиле пред Бога, ќе не напушти... На крајот од денот, смрта е секогаш присустна и разделбата со семејството и блиските е неизбежна... Тоа е за мене доволно...ужасна работа :(

    горе доле баш на тоа гледиште наидувам..Дека сите сме грешни, и баш поради тоа мора да се стремиме повеќе да наликуваме на Исус.....

    Кога само би знаела на колку нивоа те разбирам...Некаде во некоја од темиве можеш да прочиташ како мислев дека Христијаните се затворени во мислењето и живеењето.... и дека бог и религија се стварно минлина работа... Искрено денес не се сложувам со кажаново, бог и религија не се минлива работа само нашиот живот тука :) Тоа е моето скромно мислење... :l: Пишаново твое го почитувам!
     
    Последна измена: 12 март 2021
    На Зоранчо, Elenpelen, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    И јас сум верник и сметам секој има сопствен начин да си ја исчисти својата душа. Дали било преку "тренинг" на умот со одредени техники, шетање, вежбање, молитва итн. Кога бев во еден мошне лош период си помогнав самата себе со горенаведеното. Односно, верувам во Бог но исто така верувам дека Бог нема магично да ми ги реши моите проблеми. Бог е во мене, ми помага(л) да најдам смиреност кога сум била исполнета со гнев и тага. Гневот и тагата се нормални емоции но како што пишува членката погоре поразително е да дозволиме таквите негативни чувства да бидат главни двигатели. Поразително за самите нас потоа за други луѓе. И секако не треба да се срамиме да побараме помош и да пружиме помош на оние кои што ја бараат од нас. Јас лично кога бев во еден мрачен период решив самата да се извлечам. Постепено, бидејќи лечењето на душата е процес. Читав многу книги, слушав музика, поминував време во природа, вежбав. Исто така слушав мотивирачки (за мене) youtube видеа, дури и одредени youtub-ери ми помогнаа, во смисла со комична содржина или сторитајмс и слично. Едно кратко видео ми беше буквално мантра, се будев и заспивав со тој смирувачки глас а во позадина звук на бранови, природа. 1,2 минутно видео кое едноставно ми беше како масажа за умот. Освен овие техники разговарав и со најблиските. Мојот брат ми беше најголема поддршка (до ден денес ми е). Научив да се сакам себеси на начин на кој што не сум знаела порано. Како што нагласив тоа е еден комплексен процес кој ме извлече од дното. Верувам дека со сета таа позитивна енергија која ја креирав во мене привлеков исто таков вајб. Запознав личност кога бев најзадоволна од себе, го запознав мојот најдобар пријател и животен сопатник кој ми стана сопруг. Секако ова е мое толкување на случувањата. Не сметам дека сум била наградена, едноставно сметам дека во вистински момент ми се случиле неизбежни работи. Пред да си дозволам да бидам со некого прифатив дека сум сингл и среќна со самата себе, но не исклучувајќи ја можноста за запознавање на некоја личност некогаш. Како што впрочем и се случи. Ги намалив очекувањата и живеев во сегашноста, ете токму така осознав среќа. Сепак нормално е да имаме турбулентен период, исполнет со тага, гнев, но зависи од многу фактори како ќе се справиме и соочиме со таквата реалност. Не секој умее да се справи со негативни ситуации, не секој умее да изнајде конструктивно решение, не секој има поддршка од блиските, затоа не треба да осудуваме и да мудруваме за туѓите животи. Доколку сме во можност треба да помогнеме на некој што го познаваме, некој во таква состојба, макар со разговор или прегратка. Затоа што и ние сме биле во тој темен корнер во кој што е лесно секој да западне. Но тешко е да се извлече. Материјалното може само да помогне но не да излечи душа која страда. Понекогаш забораваме да се третираме себе си на добар начин, да се сакаме како што посакуваме да бидеме сакани. Само така вистински можеме да си помогнеме. Со љубов кон себе, љубов кон ближните. IMG_20210312_132921.jpg
     
    На edna_malecka, Snowflake97, MissChievous и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    @KittyAgnes ако може насловот на книгата ?
     
    На Bojana890 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Дијагностика на кармата - Лазарев
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Сакав и јас дел по дел да цитирам и реплицирам, ама решив вака ќе пишам само мој пост и што јас мислам и како гледам на нештата.

    Најпрво да кажам дека сум религиозна и верувам во Бог, ценам и почитувам се што ми дарил, па дури и лошото, секако за лошото да го прифатам ми требало време и молитва за издржување, но со негова милост раните се залечија.

    Е сега со овој дел не се согласувам од причина што јас не сметам дека Бог е строг кон добрите личности и не прави да ни се случуваат лоши работи, затоа што Бог е добар и милостив, некогаш ни задава тешки ситуации ама никогаш не ни задава болка или ситуација поголема од колку што ние можеме да издржиме и носиме на нашиот грб.
    Се согласувам со тоа дека Бог треба да ни биде на прво место во животот, и пред семејството и пред се друго и не е себично ниту гадно како што спомна @MissChievous затоа што ако човекот има способност да љуби толку силно и да го стави Бог коишто го нема видено на прво место, дали можеш да замислиш колку поголема ќе биде после тоа љубовта спрема семејството, мајка, татко, деца. Ама сепак таква чиста и безусловна љубов има само Бог спрема човекот.

    Животот на човекот во глобала јас го гледам како борба помеѓу доброто и злото, исто како во цртаните што од едната страна имаш ангелче од другата ѓаволче.
    И тие "управуваат" со тебе, бидејќи сме луѓе од грешна природа нели поради гревот во минатото на Ева и Адам, ете така низ животот имаме искушување од ѓаволот, да посегнеш по забранетото, да направиш нешто против божјата воља се со цел да те оддалечи од Бог, ама преку молитва, проштевање и покајание ние ја чистиме сопствената душа, бидејќи колку и да сакаме да се трудиме безгрешни не можеме да бидеме.
     
    На IRBBB, Зоранчо, BY<3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Искрено, со моево објаснување мислам дека I did not do justice to the book како што викаат Американциве :D Во книгава Бог не се прикажува како...строг туку како праведен судија и дека искривеното сака да го поправи што побрзо и обично ја избира најбезболната варијанта (не одма со ужасни работи како што пишав....) а наше е дали можеме да го препознаеме неговото влијание и да се покаеме... ко што е пишано во книгава- сето тоа е механизам на чистење... И да, се потенцира во книгава дека Бог е добар и милостив и никогаш не би ни дал нешто што неможеме да го издржиме...

    Мислам дека најдобро да и дадете шанса на книгава па сами да си пресудите, јас пробав некако да пренесам но гледам дека можам да и направам штета на самата книга.....
     
    На Зоранчо и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  11. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Не ви требат ни вери ни библии отидете нараните куче, помогните на послабите и не осудувајте и не мислите лошо за никој, така ке ја исчистите душата само.
     
    На Konfetka, edna_malecka и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  12. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Добрите дела се секогаш добредојдени :) Има мнг луѓе на кои им треба верата и библијата и сето тоа им дава структура и насока во нивниот живот... како и духовно исполнување и лечење на раните :sun: Секогаш ќе има луѓе кои ќе бидат за и кои ќе бидат против...

    Тука повеќе се збори за личен однос кон Бог и придржување кон неговите морални правила како начин на чистење...
    Мислев дека треба дообјаснување, доколку не е така, извинете и секое добро :l:
     
    На Зоранчо му/ѝ се допаѓа ова.
  13. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    857
    Пол:
    Женски
    samo ovoj del .. znaci ako ne mislam, ne analiiram i prifatam e od " Bog" dadeno.. sto ke bidam jas? ..samo telo "predmet" sto bi rekle ko 'muva bez glava" ..ova mn me potsetuva na prikaznata za Adam i Eva ziveeja ko vo raj imaa se no ne smeeja da izedat zabranetto ovosje , bla bla bla .. ete go izele i duri togas STANAA SVESNI deka se goli itn ..duri togas osetile i emocii (sram sto se goli pr) itn .so bea dotogas? "tela, predmeti" zivi no ne svesni ..sto ubavo gledate vo toa? kakov e toj bog . sto stvoril? nesvesni storenja, igracki, da ne mu bide dosadno? , ..vo ova pogore sto citirav ova go gledam

    jas ne sum religiozna ,ne veruvam deka imame bilo kakva dusa ,iame samo telo i svest koja stom umre teloto umira i taa
    ne se slozuvam voopsto.. smetam deka tokmu emociite ne pravat ona sto sme .. duri i losite emociji gnev, agesivnost itn ako gi usmerime pravilno moze da se smetaat pozitivni i obratno ko ljubovta , ako ja usmeime loso moze da bide negativna i za na i za dr lice /a
    koi losi raboti za "procistuvanje" ? losi raboti na sekoj mu se slucuvaat ..ne postoi licnost koja e non stop srekna , osven ako nema SVEST normalno.. i ne veruvam deka toa nekoj si bog taka pravi za da prociti nekoja si "dusa"
     
  14. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Ако тоа го гледаш ок, пишаното е само мал извадок од книгата и очигледно треба да се види во кој поширок контекст го препорачува пишаново авторот за да не ви се создаваат бурни реакции.

    Погоре пишав дека можно е да и направив штета на самата книгата па проветете сами и проценете.

    Лоши работи за прочистување верувам дека се мисли за внатрешната длабока агресија, кога не навредуваат работи, нашата гордост, надуеност, залепеност за пари, среќа, кога ги презираме другите, кога љубомориме, мразиме... итн..

    Делот што сте го пишале..несвесни створења итн стварно ме растажува..Не мислам дека сум компетента да ви одговорам и искрено не сакам да проповедам..Кога некој вика !!!јас не верувам!!! тогаш не гледам простор тука да го искажам моето гледиште и не сакам никој да убедувам.....ете препорачувам да ја проверите книгата :sun:
     
    На Elenpelen и Зоранчо им се допаѓа ова.
  15. Зоранчо

    Зоранчо Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2020
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Машки
    Многу е едноставна работата со погоренапишаното , точно е се“, колку си поблизу до Бог (колку си почист во душата) толку повеќе страдања треба да се претрпи , тоа има смисла бидејќи така си најблиску до Бог, така се станува едно со Бог , или како што го вика црквата ОБОЖЕНИЕ , учествуваш во христовите страдања , за да учествуваш и во воскресението и добиваш вечен живот.
    Или во суштина , ако веруваш дека се“ што ти се случува е волја божја , ги примаш сите страданија мирно бидејки веруваш дека така сака Господ , според некоја повисока промисла , која немаш капацитет да ја разбереш, не се гневиш на луѓето што те гонат , те напаѓаат , те навредуваат , те крадат , те тепаат и сакаат да те убијат , немаш гнев за нив туку сожалување , бидејки знаеш дека тоа е патот на смртта , а патот на животот е смирението кон се“ што господ ни дава во овој свет , преку страданија да се науциме да живееме во некој свет , во кој ке влезат само кротките , Ете , јас мислам дека рајот е овде , тука и сега ако сите поверуваат дека им е многу подобро да претрпат навреда отколку да навредат , да претрпат насилство отколку да се насилни , да допуштат да бидат ограбени отколку да се ограбувачи...
     
    На Snowflake97, Elenpelen, BY<3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ова не е никаков пример на некакво си будење, туку класично исперен мозок.
    Жал ми е..
     
  17. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Ве молам не жалете ме. Ви посакувам секое добро... верувам во вашата добрина и покрај пишаниве зборови:f:
     
    На Elenpelen и Зоранчо им се допаѓа ова.
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Не му мислете на никој лошо, правете добро, однесувајте се добро.
    Не си ставајте сѐ при срце.
    Знајте дека за сѐ има решение.
     
    На Elf, supergirlmb, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Малку ми е бесмислена темава. Нема потреба никој да се напрега да биде добар, тоа одвнатре им доаѓа на тие на кои им доаѓа. И во Библијата пишува нешто во контекст “тебе ти е дадено од горе“, значи на некој не му е дадено. И ќе ве молам доста глорифицирате страдање кое обично носи гнев и омраза.
    Поздрав.
     
    Последна измена: 19 март 2021
  20. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Сите се повикани во тело, нема “ние” или “тие”. Или нас ни е дадено, а па на другите не. Ако ти пример си го спознала Бог сега, незначи дека некој што не верува сега нема да поверува понатаму во животот. Некој го спознава Бог на 20 години, некој на 50, некој пред да умре.
    А за страдањето, без напор не добиваш ништо. Без чистење на душата, нема награда. Христос пострадал за сите нас бидеќи не љубел за нашето спасение, за да се водиме по неговиот пример, а не да сее гнев и омраза.
     
    На Зоранчо му/ѝ се допаѓа ова.