1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чистење на својата душа

Дискусија во 'Религија' започната од KittyAgnes, 12 март 2021.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Како тогаш во Библијата пишува за оние кои се од светот и оние кои се од Бог ако нема поделби?
    Не реков ништо такво, не си разбрала. Но возрасен човек најмалку ќе поверува зашто некои личности му проповедаат религија или сопствени верувања.

    Не можеш луѓе и нивна истрајност да споредуваш со Бог. Секој страдал и воедно никој не сака да страда, сите сакаат убаво да го поминат животот што нема врска со тоа дали е човекот добар или не е, т.е. зависи која е дефиницијата за убаво според секој поединечно.
     
  2. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Како нема потреба некој да се напрега да биде добар? И зошто баш овој збор *напрега*? Значи човек за се мора да се труди во овој живот. И како таму пишува на тебе ти е дадено, а тоа значи на некој не му е? Со сета почит ама заклучокот дека се глорифица страдање ми е малку off... Гледам твојот заклучок во врска со оваа тема ти е оформена ама помисли на сите примери во твојот живот, каде човек кој свесно се трудел да прави добри дела го сменил своето срце и својата судбина :l: и да потенцирам никој на ништо не сили
     
    На Зоранчо и BY<3 им се допаѓа ова.
  3. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Напрегање е сето она кое го правиш со сила, без да можеш или без да сакаш. Штом сте христијани треба да знаете дека таму си има пророштво, не сите ќе се спасат и тоа е. Некој би рекол Божја промисла.
    Не знам такви примери. Но познавам луѓе кои прават добри дела, наизменично прават и лошо.
    :shake: Не за се, не секогаш и не баш.
     
  4. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Една од најважните заповеди во библијата вели “сакај го ближниот свој како и себе си”. Значи ближен не значи само тие дома да ги сакаме, или тие што се верници или припаѓаат само на христијанството. Христос вели :
    Лука 6:32-34 “И ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква ви е благодарноста? И грешниците ги љубат оние, кои ги љубат нив.
    И ако им правите добро на оние, кои вам ви прават добро, каква ви е благодарноста? И грешниците го прават истото.
    И ако им позајмувате на оние, од кои се надевате дека ќе добиете, каква ви е благодарноста? И грешниците им позајмуваат на грешниците, за да примат исто толку.”

    Мислам дека за човек да ги има овие карактеристики треба многу напор, труд и работа на себеси, не е баш така лесно но се се постигнува ако сакаме да се преобразиме.
     
  5. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Среќа не можеме да ја предвидиме иднината :D Се надевам во иднина ќе бидеш сведок на таков човек, во мојот живот јас сум си најголем доказ за ова ама сум доказ само за себе :)
    ( и никој не негира дека тие што прават добро не прават и од време на време и лошо, сите сме луѓе) Секое добро :l:
     
  6. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    А ти сигурна си дека ќе се спасиш?
     
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Секако дека не и насетував дека ова ќе ме прашаш.
    Уште помалку сум сигурна за оние кои ме цитираат, а и од каде би била?
     
  8. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Прости, ако звучев дрско. Само изнесов свое мислење дека треба труд да си добар, и да се преобразиш не е лесно. И сепак на некој начин би дошло како страдање. Да страдаш да си подобар од вчера.
    Јас не сум сигурна, најмалце за себеси. Но имам верба дека Бог е милостив, само тој е судијата.
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Сите се луѓе, но не сите луѓе се исти. Некој живее од лошото кое го прави со сласт.
    Треба бајаги труд да бидеш добар доколку си лош. Исто за некого напор бара и да стане лош, ни тоа не е лесно.
     
    На KittyAgnes му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Светителите се сметале за најгрешни од сите луѓе, и затоа и не учат, пред да го судиме братот да погледнеме во себеси.

    Исто како приказната за митарот и фарисејот :
    Два човека влегоа во храм да се помолат; едниот фарисеј, а другиот митник.Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе: »Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе: разбојници, несправедливи, прељубодејци, или како овој митник. Постам двапати во седмицата, давам десеток од сè што придобивам.« А митникот стоеше оддалеку; не смееше дури (н)и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: »Боже, биди милостив спрема мене грешниот!« Ви велам: дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој што се воздига, ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат.” (Лк. 18, 9, 14)

    Еве баш прочитав убаво објаснение на нет за оваа беседа, ќе постирам еден дел тука:

    “Едниот, фарисејот, е побожен, го исполнува законот и е праведник, а другиот – митарот, е грешник, го прекршува законот и не е редовен во црква.



    Едниот влегува и се моли вака и се фали: ваков сум, таков сум, постам толку, давам олку, не сум гешник како другите и обземен од својата суета и самодоволност не ни забележува дека суди, потценува, понижува и на крајот осудува конкретна личност велејки: „и што не сум како овој митар тука“.



    А другиот влегува во храмот и сметајќи се недостоен, застанува на крајот од храмот и не ја поддигнува ни главата кон небото, туку се удира во градите и вели: прости ми, Господи, биди милостив спрема мене, грешниот. Просветлен заради своето смирение спознава дека само Бог е единствен добар и милостив, а ние грешни и треба да се смируваме и бараме милост од Него.



    Кој, од нив, пооправдан излегува од храмот. Одговорот е вториот.



    Вториот се оправдал затоа што си ја увидел грешката, дошол во црква да се исповеда, се покајал и си го сменил животот, поставувајки здрава покајничка основа. Митарот не гледал високо за себе, иако можеби бил, здрав, прав, убав, богат, паметен.., но сметал дека неговите дела се мрски пред Бога.



    Првиот пак, вистина бил побожен. Грешката кај него е тоа што сите тие добродетели што тој ги правел си ги препишува на себе, а не на Бог, Кој рекол дека без Него не можеме да направиме ништо и уште, секој совршен дар доаѓа од Отецот на небесата. Ние немаме ништо наше на земјата. Се што е наше е Божјо, а Бог сака да ни го даде. Ако ние немаме помош и благослов од Бог, ништо не можеме да направиме. Затоа треба да благодариме, но не и да се фалиме.” - Преземено од mpcaus.org
     
    На Зоранчо и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Што врска има содржината на твојов пост со цитираното? Или, поголем верник си од мене и ќе ме преобразуваш.
    Нејсе.
    Во ова време и да забележиш/перцепираш нешто, го доживувате како осуда.
    Изгледа предалеку сте отишле со “политичката коректност“.
    Патем, Библијата изобилува со осуди или “нарекување на нештата по име“, како и да е, па малку контрадикторно кога христијанската религија на тоа се противи.
     
  12. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски

    Досадувам знам :DМорам пак да потенцирам - Никој на ништо не сили, не преобразува, едноставно така решила да се изрази и да сподели инспирација... Вашето мислење го почитувам и јасно го кажавте.. Никој не ве осудува (а тие што ве осудуваат ќе им биде исто така судено ) и ви посакувам секое добро :inlove:
     
    На Зоранчо и BY<3 им се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Хаха, немој бе.
    Има во подфорумов соодветни теми за препишани поуки, ама не, мора моите мислења да се вадат од контекст, демек јас сум фарисејот од приказната и треба да се препознаам. Што инспирација ќе бев, копи-пејст:rofl:
    Во право се атеистите на форумов, само човек треба да осети на своја кожа да биде цитиран за да увиди. Очигледно некои тука имаат месијански синдром, мислат дека од Господ се пратени да ги спасуваат другите, да не можеш од нив да напишеш мислење. Hе сфаќаат дека нивното однесување дава единствено контраефект, особено кај атеист.

    Зашто мнозина се повикани, но малку се избрани!”
    (Матеј 22:14)

    Јас ова не го измислив и не реков дека ми одговара за од мене да се бараат објаснувања. Така стои запишано во Библија и на повеќе места се спомнуваат избраните.

    Савле пред да стане Павле не се занимавал со чистење на душата, самото му се покажало како треба да продолжи, како не треба.

    Луѓево во МК се научија, прави лошо, истовремено со пост, со верба, со демагогии, ќе ти се прости. И сега ќе се убедуваме дека сите луѓе се исти и таквиот е добар човек.
     
  14. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Извини, воопшто не сакав да се навредите.. Вашето мислење е слушнато и мнг ми е жал за вознемиреноста!
     
  15. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се вознемирив, напротив, се насмеав. :) Залудно продолжуваш со провокации.
     
  16. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    1.144
    Пол:
    Женски
    Ех не се провокации искрено пишав....ама океј...
     
  17. BY<3

    BY<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.218
    Немав намера да те навредам, прости. Позз