А до што најлесно да избришам ролетни и прозори, ама многу гнасни, со многу прашина. Од едно поминување, крпата црна
Кај мене се бели ролетни , ги мразам скрос е поради тоа што преку два дена се цели со прашина и се се познава на нив па со годините и ќе пожолтат Јас во едно вангле со топла вода ставам малку Ајакс и со магична крпа си ги пребришувам , од после ако има потреба и со Циф или Арф ќе протријам и светат като нови Само што треба редовно одржавање А за прозоритр исто првен со влажна крпа да ја тргниш прашината после со весник и средство за стакло , или некоја убава крпа . Ама јас увек си бришам со билтените од Мозарт најефикасно ми е и без замачкување.
Јас користам крпа како на сликата подолу и задоволна сум. Ја имам купено од Кам по цена од 60-70 ден. но не знам дали се уште ја има во продажба. Спојлер: крпа за стакло http://blista-proizvodnja.hr/fotogr..._3859889369664-krpa-za-staklo-perforirana.jpg
Јас со чистат за стакла.од дм со рачка убав е на профисимо мислам и со средство за стакло ако некаде останат линии пребришувам со весник кружно..
како ги чистите рамките на пвц прозори? Нови се но мајсторите при монтирањето ги извалкаа со нешто црно мрсно и нејќе ао ништо да се исчисти...
Само со Арис. Сум пробала на секаков начин и само тоа успеа да ги исчисти. Сега светат. После тоа редовно ги чистам со средство за стакло.
Јас од прозорците го исчистив со лимес пастата. Мн лесно излезе протрив со пастата на сунѓерче и излезе без проблем.
Јас ги исчистив со едно чисто бело сунгерче што е специјално за дамки. Не сум во мк ама провери може негде ќе го најдеш значи буквално се чисти натопено со малку топла вода.
Јас прозорци бришам само со вода и малку сапун и сода бикарбона и ги бришам со оние што се за во коли оние гумени едни и на крај поминувам со некаква хартија (весник,новина,стара хартија и слично)и никакви траги не остануваат на прозорците. А ролетни бришам само со вода и обична крпа.