Последно мое откритие се влажните марамчина на Глосс за прозорци.Се препорачуваат и за прозори во кола.Воопшто не оставаат трага,посебно ги употребувам за витрината и за ѕидно огледало кое претходно требаше повеќе пати да го пребришам а со марамчинава со еден потег и нема трага.пс.Бонус еден трик,во врска со сите влажни марамчина ,свртете ги наопаку и така чувајте ги за да не ви се суви пред употреба.
Јас прозорите, од страната на терасата бидејќи се ужас валкани прво кога мијам тераса убаво ги прскам со вода со цревото, да паднат сите крокодили, мутанти и се што ти не, ако е премногу валкано (бидејќи сме до пат) со малку вода и сјај и со обично сунгерче, пак ги прскам со вода и на крај со чистач за прозори оној со гумичка што е како на семафорите што бришат, а другите кои не ми се толку валкани бодејќи не се до пат толку, прво ги поминувам со влажна крпа ѓубрето да испадне па со било кое средство за стакло сега моментално на ајакс плаво и со крпа (од стари маици кои не ми пуштаат влакненца) ги светнувам. Рамките ги поминував (беа пожолтени од лепак и сонце) со сунгерчето на фармаси, и со млака вода а многу ретко им ставав и цифт или некое друго абразивно средство за да излезе појака дамка, каде што мајсторите оставиле црни флеки мрсни кога монтирале, ги средував исто со сјај најобичен и сунгерче и со обична крпа. Инаку мој совет кој го практикувам за да немам баш замачкани прозорци ( тоа ми е совет од мајка на другарка која работи во фирма каде бришат прозори по институции) е да брипам прозори кога е облачно а не кога има јако сонце бидејќи средството било кое (за стакло) поспоро се суши на облачно време кога нема јако сонце и не остава траги, а ако е сончево побрзо се суши средството и остава траги, тоа го практикувам со години и до сега ми успевало да не замачкам ниту еден прозор. А летно време кога сум на одмор станувам ептен рано и се фаќам за работа додека пукне јако сонце сите прозори ми се средени... Мислам дека малку од малку ви помогнав со советов
со Арис де Грас за масни дамки тој што е? Како го разредуваш? Збориме за рамки од пвц на прозор, така?
Два-три пати годишно и пред некој празник. Заедно со завесите кога ќе ги исперам ги бришам и стаклата од прозорците да блеснат.
Обожавам да бришам огледала и прозори. Бришам 2-3 пати годишно прозори, зависи. Некогаш и почесто ако се кал
Последно ги бришев со влажни за стакла од ДМ и досега највеќе ми се погодија. Не оставаат трага и убаво бришат. Досега што и да пробав, прашината пага ама не ми беа скрос чисти, како замачкани беа. Само што некако јас многу ги трошам за еден спрат потрошив неколку пакетчиња, не се исплатливи баш..