Не видов ваква тема а ме интересира некоја крема или домашна маска за пегите кои ги имам изразито по носот и јаболчниците кога е лето многу ги има повеќе и грозно изгледаат некаква помош...
Жалам што не знам ни еден начин за ублажување/отстранување на пегите, но сметам дека девојките со пеги се многу слатки.
Јас сум со многу пеги и порано многу се мразев заради тоа, пробував триста креми и чуда, па дури ми рекоа и јајце од страчка. Сега имам пеги, ама немам веќе проблем со нив. Едноставно се дел од мене, ген, и тоа е тоа. Мислам дека единствено решение ти е пудра.
Пробај со крема против пеги, само немој од Леа таа не помага, Ова чудото мене ми помогна и ми ги исчисти. Пробај во аптеки да го најдеш сигурно го има
Мене исто штом почне пролета ми се појавуваат преги, а преку зима ги снемува. Јас користев крема од фармаси, еден период ставав редовно и скоро ми се исчистија ама не продолжив да ја ставам редовно. Редовно ако се става сигурно ќе ги избели скроз.
Кога бев помала , кога ми се појавија на носот и образите , си ги мразев! Се живо пробав , до скоро со Лала последен обид и кренав раце.. Мислам дека нема трајно решение . Преку зима скоро и ги снемува ,лето ете ти ги пак Некако си се навикнав на нив ,преку лето па кога се по интензивни дури и интересни ми се Ми се појавуваат и на чело по некоја , баш ми се слатки. Засакајте си ги , друго чаре нема мислам ... Башка сите латиноамериканки се пегави , па за мене се најубавите жени на свет , Не само на лице , по цело тело имаат
Менеее ми претставуваат голем проблем, на зима колку толку исчезнуваат, ама баш налето кога треба да носиш летни алишта, маички шорцеви тогаш испаѓаат, и ми испаѓаат и на рацете ситни, планирам да ги купам овие апчиња, скапи е 1691 се, ама ќе пробам. Исто планирам да ги земам овие од дм - за лицето.